МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(18 – 24 јануари: Библијата во мојот живот)

„Новородени… од нераспадливото живо и вечно Божјо слово.“ (1 Петрово 1:23; Библија)

Во Библијата го наоѓаме откровението на Божјата волја. Вистините запишани во светото Божјо слово – Библијата претставуваат изразени мисли на Севишниот. Оној којшто тие вистини ќе ги направи составен дел на својот живот во секоја смисла, станува ново создание. Со тоа нему не му се даваат некои нови способности, но исчезнува темнината којашто покрај незнаењето и гревот го помрачила неговото разбирање. Зборовите „ќе ви дадам ново срце“, значат: „Ќе ви дадам нов ум – ново разбирање.“ Таквата промена на срцето секогаш е проследена со јасно осведочување за христијанската должност, и со разбирање на вистината. Оној којшто на Светото Писмо му пристапува внимателно и во духот на побожност и молитва ќе стекне појасно сфаќање и здрав суд, како обраќајќи Му се на Бога да се воздигнал на повисоко ниво на интелигенција.

Библијата содржи начела кои претставуваат темел на секоја вистинска величина, на секој вистински просперитет, било во прашање да е поединец или цела нација. Нацијата којашто ќе овозможи слободно ширење на Светите списи со тоа на своите сонародници им го отвара патот за развој и експанзија на умствената култура.

Читањето на Светото Писмо – Библијата овозможува светлината да заблеска во длабоката темнина на заблудата. Со претражувањето на Божјото слово се наоѓаат живототворни вистини. Во животот на оние коишто ѝ се покоруваат на нејзините учења постои една скриена среќа која претставува вистински благослов за сите оние со кои тие доаѓаат во допир.

Илјадници жедни се напојувале на тие неисцрпни извори на живот, но нивната изобилност со тоа не е намалена. На илјадници на тој начин им бил прикажан Христос, и тие, набљудувајќи Го постојано, се преобразиле во Неговиот лик. Нивното срце горело додека зборувале за Неговиот карактер, сведочејќи за тоа што значи Христос за нив и што се тие за Христа.  

Илјадници и илјадници верни можат потполно да се ангажираат во истражување на сето она што за нас сѐ уште претставуваат тајните на спасението… Секое ново истражување ќе открие нешто ново во длабокото интересирање за она што сѐ уште е неоткриено.

Pin It on Pinterest