МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(1 – 5 септември: Посветување)
„Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде сам Себеси за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водно капење во словото, и да ја претстави пред Себе славната Црква, која нема дамка ниту брчка, или нешто слично, за да биде света и непорочна.“ (Ефесјаните 5:25-27; Библија)
Овде станува збор за библиско посветување, а не само за надворешен изглед на побожност. Тоа е посветеност којашто се прима со посредство на вистината. Тоа е всушност прифаќање на вистината во срцето и нејзина практична примена во животот.
Посматран како човек, Христос бил во сè совршен, а сепак требало да напредува во добродетите. „А Исус напредуваше во мудроста, во растењето и во благодатта пред Бога и пред луѓето.“ (Лука 2:52; Библија) Дури и најсовршениот христијанин може постојано да напредува во стекнувањето на знаење и во љубовта кон Бога.
„Туку растете во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и во денот на вечноста. Амин!“ (2-ро Петрово 3:18; Библија)
Посветувањето не е дело на еден момент, час или ден. Тоа е постојано напредување во благодатта. Ние ниту во еден ден не знаеме каква борба нè очекува. Сатаната живее и е многу активен и затоа секој ден мораме најискрено да се молиме на Бога за помош и сила, за да му се спротивствиме на непријателот. Сè додека владее сатаната ќе мораме да се бориме против сопственото „јас“ и против разните искушенија коишто нè сплеткуваат, во ова нема застој, нема точка во којашто можеме да кажеме дека сме постигнале сè.
Христијанскиот живот претставува постојано напредување. Христос постојано ги облагородува и усовршува припадниците на Својот народ; и дури тогаш кога Неговиот лик совршено ќе се огледа во нив, тие ќе бидат совршени, и свети, и подготвени за вознесение.
Вистинскиот христијанин секој ден напредува во побожноста. И додека напредува кон совршенството, тој секој ден доживува обратување во Бога; и тоа обратување нема да биде потполно сè додека не го достигне совршенството на христијанскиот карактер – потполната припрема за бесмртност.