МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 и 2 мај: Совршено здравје)

„И Бог рече: ‘Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност.’“ (Битие 1:26; Библија)

Човекот бил завршен и врвен чин на Божјото создавање, создаден по Божји лик, со цел во сè да биде верна слика на својот Творец. Човекот на Бога му бил многу драг, затоа што го создал по Сопствениот лик.

Кога излегол од рацете на својот Творец, Адам бил со благородна висина и со совршени размери. Тој бил повеќе од двојно повисок од луѓето кои денес живеат на земјата, а бил и развиен сразмерно на таквата висина.

Цртите на неговото лице биле совршени и прекрасни. Лицето не му било темно и бледо, туку озарено со бујно руменило на здравје и сила. Ева не била толку висока како Адам. Со главата била нешто повисока од неговите рамења. Таа исто така била со благородна висина, совршено сразмерна и многу убава.

Човекот од Божјите раце излегол потполно совршен во секој поглед. Сите негови способности, и на умот, и на телото, биле беспрекорно функционални и совршено здрави.

Бог, човекот го обдарил со така голема животна сила што тој веќе скоро шест илјади години ѝ се спротивставува на вистинската поплава на болести, кои, како последица на изопачените навики го напаѓаат човечкиот род.

Ако Адам при создавањето не бил обдарен со животна сила што била дваесет пати поголема од оваа којашто луѓето денес ја поседуваат, човечкиот род уште одамна би изумрел со своите сегашни навики во кршењето на природните закони.

Создадени да бидат „слика и слава Божја“, Адам и Ева примиле дарови достојни на своите високи достигања.

Привлечни и сразмерно градени, со правилни и убави црти на лицето, појава којашто дишела здравје и зрачела со светлина на радост и надеж, тие по својата надворешност Му биле многу слични на својот Творец.

Pin It on Pinterest