МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(1 – 5 декември: Припрема за вечниот живот)
„Блажени се оние кои ги пазат Неговите заповеди, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите.“ (Откровение 22:14, Библија)
Пред нас е голема борба. Сигурноста за да опстанеме се наоѓа само во тоа ако останеме едно со Христа во Бога. За да влеземе низ тесната врата, мораме да се напрегаме и да вложуваме одлучни напори. Но таа врата не се отвара така лесно. На оние кои што се сомневаат и кои што се несигурни нема да им биде дозволено да влезат низ таа врата. За вечниот живот треба да се бориме со интензитет кој што е сразмерен со вредноста и важноста на целта која што е пред нас. Она што ќе ја отвори рајската врата пред нас не се парите, овоземското богатство или положбата, туку карактер сличен на Христовиот. Круната на бесмртноста нема да ја добиеме благодарејќи на некакво си свое достоинство или на умните достигнувања. Само кротките и смирените, оние кои што во сѐ се чувствуваат потполно зависни од Бога, ќе ги примат овие дарови.
Повторното создавање на душата, претварањето на темнината во светлина, непријателството во љубов и нечистотијата во светост, го може само Семоќниот. Делото на Бесконечниот, со согласност и одобрување на човечкото суштество, да го направи животот потполен во Христа, да го усоврши карактерот е наука која што ќе се проучува низ целата вечност.
Што е тоа што на Христа му причинува посебна чест? Без примена на било каква принуда или сила, Тој човечката волја ја соединува со Божјата волја. Тоа е наука над сите науки, благодарение на која што доаѓа до чудни промени во умот и во карактерот, промени кои што мораат да се случат во животот на секој поединец кој што сака да влезе низ вратата на Божјиот Град.
Тогаш оние кои што ги извршувале Божјите заповеди ќе уживаат под дрвото на животот и ќе имаат сила на бесмртност; и низ бескрајните времиња на вечноста, жителите на безгрешните светови ќе уживаат во таа градина на задоволства и уживања, набљубувајќи го примерот на совршеното дело на Божјото создавање, недопрено со проклетството на гревот – пример на она што можела целата земја да биде ако човекот одговореше на величествениот план на својот Небесен Татко.