МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(19 – 25 aприл: Користење на примените таленти)

„Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!“ (Матеј 25:21; Библија)

Бог ни дал таленти за да ги употребиме во Неговата служба. Тој некому му дал пет таленти, некому два, а некому само еден. Нека оној што примил само еден не мисли дека својот талент може да го сокрие од Бога. Господ знае каде го сокрил. Тој знае дека таквиот не направил ништо за Него. Кога ќе дојде повторно, Тој своите слуги ќе ги запраша: Што направивте со талентите што ви ги доверив? И кога оние коишто примиле по пет и по два одговорат дека тргувајќи двојно ги зголемиле талентите, Тој на секому од нив ќе им рече: „Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!“

Тој исто така би го пофалил и оној кој што примил еден доколку овој правилно го искористил.

На оној којшто примил еден талент јас би му рекла: Дали знаеш дека еден талент со правилна употреба може да донесе сто таленти? Како? – Ќе се запрашате. Употребете го својот дар во залгање за обратување на еден разумен човек којшто ќе увиди што значи Бог за него и што тој треба да направи за Бога. Кога тој ќе помине на Господовата страна, пренесувајќи ја примената светлина на другите, а тие на некои трети, ќе допринесе да се зголеми бројот на оние коишто ќе приведуваат души кон Спасителот.

Така, со правилната употреба на еден талент можат сто души да ја примат вистината. Пофалбата: „Добро, добар и верен слуго,“ на крајот нема да им припадне на оние што примиле најголем број таленти, туку на оние кои искрено и верно ги употребиле своите дарови.

Треба да се изврши големо дело за светот, и ние сме одговорни за секој зрак на светлина којшто ја осветлува нашата патека. Пренесувајќи им ја примената светлина на другите, ќе примиме уште поголема светлина. Оние коишто своите таленти правилно ќе ги употребат ќе примат голем благослов.

Pin It on Pinterest