МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(15 – 21 март: Да се вежбаме во самосовладувањето)

„Господи, постави стража на мојата уста, и стражари на вратата на моите усни!“ (Псалм 141:3; Библија)

Во користењето на јазикот можеби и не би се грешело толку многу кога и старите и младите би биле подготвени да ги совладуваат своите чувства. Тие мислат дека е доволен изговорот што најчесто го користат во такви ситуации: „Не стражарев будно над својот јазик, и всушност немав намера да го кажам тоа.“ Но Божјата слово не преминува така лесно преку тоа.

Најтешките немири и неспокојства во животот, најболните удари коишто допираат до срцето, и најмачните предизвици, доаѓаат од неконтолираниот темперамент. Со жестокиот и непромислен збор, изговорен во излив на страст, може да се направи зло кое не може да се поправи ниту со каење цел живот. О, колку срца се скршени, колку пријатели се оттуѓени и доживеале бродолом во животот поради груб и преостар збор од страна на оние кои можеле да им донесат мир и исцелување! Човекот не е во состојба да владее со својот дух со сопствена сила. Но со Христова помош, тој може да стекне сила на самосовладување.

Доследна цврстина и контрола, без било каква жестина, се неопходни во секое семејство. Кажете го мирно она што имате намера да го кажете, бидете разложени во своите постапки, и она што сте го кажале спроведете го без отстапки. Нека вашето тело и лице никогаш не оддаваат намуртен изглед, и нека од вашите усни никогаш не излезе груб збор. Сите такви зборови Бог ги запишува во Својот записник.

Прекумерната работа често доведува до губење на самоконтролата. Но Господ никогаш не нѐ присилува на тешки и комплицирани потфати. Мнозина се изложуваат на товари кои нашиот небесен Татко во Својата милост никогаш не би ги ставил на нив. Треба да сфатиме дека Неговото име не се прославува кога на себе превземаме такви товари што покрај премореноста ни донесуваат уште и раздразливост, мрзоволност и склоност само да ги критикуваме другите. Надевајќи се во Господа да ги првземеме само оние одговорности кои Тој ги наменил за нас, така своето срце ќе го зачуваме во чистота, мир и љубов.     

Pin It on Pinterest