МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(15 – 21 февруари: Плодови на Светиот Дух)

„Зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и долготрпение со радост.“ (Колосјаните 1:11; Библија)

Љубовта е закон на Христовото Царство. Господ го повикува секој поединец да го достигне тој критериум. Припадниците на Неговиот народ во својот живот треба да изразуваат љубов, кротост и долготрпение. Долготрпение значи да се поднесува нешто или некој, па дури и многу од тоа, а сепак да не се тежнее кон освета, ниту со збор, ниту со дело.

„Долготрпение“ е стрпливо поднесување на навредите. Ако ја поседувате оваа добродетел на долготрпение, вие, претпоставките или вистинското знаење за грешките на своите браќа, нема никогаш да ги пренесувате на другите. Напротив, вие ќе тежнеете кон тоа да му помогнете и да го спасите заблудениот, затоа што и тој е откупен со Христовата крв. „Оди и укори го насамо. Ако те послуша, си го придобил брата си.“ (Матеј 18:15; Библија)

„​Браќа, ако и да падне некој во некаков грев, вие, кои сте духовни, поправајте го таквиот во духот на кротоста, но чувај се себеси и ти да не бидеш искушан.“ (Галатјаните 6:1; Библија)

Да се има добродетелта – долготрпение не значи да се биде намуртен и невесел, мрзоволен и со тврдо срце, туку токму спротивното од тоа.

Трудете се да живеете во мир со сите и атмосферата која постојано ја опкружува вашата душа нека биде пријатна како сладок мил мирис. Господ го слуша секој немудар и брзоплето изговорен збор. Ако во борбата против сопственото „јас“ и себичноста на човечката природа извојувате победа, вие и понатаму храбро ќе продолжите да ги победувате сите наследени или стекнати склоности кон злото.

Со стрпливост, долготрпение и издржливост може многу да се постигне. Имајте на ум дека другите не можат никогаш да ве понижат со своите немудри и увредливи зборови, но кога на таквите немудри зборови одговарате со иста мерка, вие ја губете можноста за победа која сте можеле да ја извојувате. Бидете многу внимателни во зборувањето.

Воздржување и несебичност ги одбележуваат и красат сите постапки на оние коишто се наново родени и коишто живеат со нов живот во Исуса Христа.

Pin It on Pinterest