МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(14 – 20 јуни: Приодите до среќата секогаш достапни)
„Влезете: со благодарници во Неговата врата; со песни во Неговите дворови; фалете Го, славете Му го името!“ (Псалм 100:4; Библија)
Ако сакаме доброволно својот ум и срце да Mу ги посветиме на Бога, одејќи по Христовите траги, и правејќи го она што Тој од нас со право го очекува, нашето срце ќе стане света харфа, чиј секој тон и секој акорд ќе одѕвонува складно на слава и фала на Јагнето, коешто Бог го испрати за да ги земе на себе гревовите на светот.
Христос сака сите наши мисли да бидат насочени кон Него, Kој е живо олицетворение на секој благослов, секое ветување, и живот на сето она што е драгоцено и вредно за Божјите деца.
Господ Исус е нашата сила и нашата среќа – голема ризница од којашто, во секоја прилика, можеме да добиеме сѐ што е за наше добро. Размислувајќи за Него и зборувајќи за Него, ние сѐ повеќе се оспособуваме да можеме и да гледаме во Него; и додека само се користиме со Неговата милост и ги примаме благословите коишто ни ги нуди Тој, ние примаме нешто со што можеме да им помогнеме и на другите. Изразувајќи Му благодарност на Бога, благословите коишто сме ги примиле, така дарежливо, им ги пренесуваме и на другите. Така, примајќи и давајќи, ние растеме во благодатта, а богатите изливи на фала и благодарност не престануваат да течат од нашите усни. Христовиот благ дух поттикнува благодарност во нашето срце и нашата душа се воздига кон Бога во чувството на сигурност. Беспрекорната и неисцрпна Христовата правда со вера станува и наша правда.
Свежите благослови секој нов ден треба да разбудат чувство на благодарност во нашето срце за тие очевидни докази на Неговата Татковска грижа. Кога наутро ќе ги отворите своите очи, најпрво заблагодарете Му се на Господа што ве зачувал во текот на таа ноќ. Заблагодарете Му се за Неговиот мир којшто го чувствувате во срцето. Нека изразите на вашата благодарност наутро, навечер и напладне се воздигнуваат кон небото како сладок мил мирис. Илјада илјади ангели се повикани да нѐ штитат од злото, и да ги одбиваат силите на темнината коишто сакаат да нѐ уништат. Зарем, имајќи го во предвид сето ова, немаме причина да бидеме благодарни секој момент, благодарни дури и тогаш кога на нашиот животен пат ќе се испречат животни тешкотии?