МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(16 – 22 август: Како да бидам добар ближен)

„Но тој, сакајќи да се оправда, Го праша Исуса: А кој е мојот ближен?“ (Лука 10:29; Библија)

Меѓу Евреите, прашањето: „Кој е мојот ближен?“, било повод за бескрајни расправии. Во поглед на самите назнабошци и Самарјаните немало никаква дилема. Но како да се утврди границата на разликување помеѓу припадниците на сопствениот народ, поделен на различни општествени класи?

На ова прашање Христос дал одговор преку параболата за милостивиот Самарјанин. Тој овде јасно покажал дека за свои ближни не треба да ги сметаме само оние што ѝ припаѓаат на истата заедница или вера на која и ние ѝ припаѓаме. Поимот за ближен не зависи од расната припадност, бојата на кожата или општествената класа.

Секој човек на кого ќе му затреба нашата помош, е наш ближен. Наш ближен е секоја душа којашто е ранета, или пак загрозена од сатаната. Наш ближен е секоја душа којашто според создавањето и според откупувањето претставува Божја своина.

Секој заталкан Адамов потомец кого што непријателот на душите го измамил и го оковал во ланците на лошите навики кои ја уништуваат, од Бога дадената мажественост, е наш ближен.

Наши ближни не се само оние со кои сме врзани со посебно пријателство, не само оние кои ѝ припаѓаат на нашата црква, и коишто мислат како и ние. Наши ближни се сите припадници на човековиот род. Треба да им правиме добро на сите луѓе, а посебно на оние кои се со нас во верата. Ние на светот со пример треба да му покажеме што значи држење на Божјиот Закон, љубејќи Го Бога над сѐ, а ближните како самите себе.

Денес Бог на луѓето им нуди можност да покажат дали навистина ги сакаат своите ближни. Бога и ближните вистински ги сака оној што покажува милост кон оскудните, страдалниците, ранетите и кон оние што се близу да пропаднат. Бог го повикува секој поединец да го изврши својот удел во настојувањето, моралниот лик на Творецот да се обнови кај припадниците на човековиот род.

Pin It on Pinterest