МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(11 – 17 октомври: Бог во мојот живот)
„Затоа изворот се вика Кладенец на Животворниот Сè видечки Бог.“ (Битие 16:14; Библија)
Бог е буден стражар Кој ја забележува секоја постапка на човечките синови. Ништо не може да се случи ниту на небото ниту на земјата, а Творецот за тоа да не знае, или Тој тоа да не го дозволил.
Над оние од коишто можеби зависи судбината на цели царства неуморно бдее Оној, Кој им дава спасение на царевите и Кому што еден ден ќе Му положат сметка сите земски властодршци. Но Тој и над најголемиот сиромав бдее исто така нежно како и над царот којшто седи на престолот.
Бог непрекинато работи на делото за доброто на Своите созданија. Тој неброено пати интервенирал за да ги спаси од сигурна смрт луѓето, жените и децата кои сатаната имал намера засекогаш да ги уништи.
Овој свет ужива големи Божји благослови. Човечките суштества примаат безброј докази на Божјата милост. Бог во Своето провидение будно бдее над нив и ги чува од силите на злото, опсипувајќи ги со изобилство на небесни дарови.
Бог нѐ знае секој од нас по име. Нему Му е совршено позната секоја постапка во нашиот живот.
Бог ја познава секоја наша мисла, секоја намера, секој план и секоја побуда. Како што уметникот верно ги пренесува цртите на лицето на платно, така и цртите на карактерот на секој поединец верно се пренесуваат во небесните книги. Бог има совршено преснимен карактер на секој поединец.
Бог сака да нѐ израдува со Своето божествено присуство. Неговата милост носи мир во срцето, радост и утеха, и сенките на смртта ги заменува со благословени зраци на сонцето.
Духот полн со почит и вистинска понизност сфаќа дека срцето мора да ѝ се потчини на Божјата сила. Божјите ангели, како службени духови коишто се пратени да им служат на оние коишто ќе го наследат спасението, ги отвараат очите на нашиот ум и срце да ја увидиме убавината на Божјиот Закон во светот на природата и во вечните вистини кои ни ги открива Светиот Дух.