МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(10 – 16 мај: Основни услови за духовно здравје)
„Мила е светлината и пријатно е да се види со очите сонцето.“ (Проповедник 11:7; Библија)
Малкумина се оние коишто сфаќаат дека за добро здравје и пријатно расположение е неопходно изобилство на сончева светлина, чист воздух и што е можно повеќе движење. Ние со право ги сожалуваме малите деца кои постарите ги држат постојано во затворени простории и тогаш кога надвор сонцето најубаво сјае со своите блескави и животодавни зраци. Облекувајте ги своите момчиња и девојчиња удобно и правилно, а потоа пуштете ги слободно да се движат на чист воздух и да уживаат во здравјето и среќата.
Бледата и слаба билка, којашто во рана пролет едвај се пробива низ кората на ладната земја, само за неколку дена, под влијание на животодавните сончеви зраци, добива природно здрава темно-зелена боја. Излегувајте често на светлината и топлината на величественото сонце, и заедно со растењето на растителниот свет уживајте во неговите животодавни зраци. Ниедна просторија во куќата не треба да ја сметаме за удобна и здрава доколку не е просветлена со зраците на сончевата светлина којашто небесниот Творец им ја дава на сите бесплатно.
Кога Бог ја создал нашата планета што била обвиткана во темнина, Тој рекол: „Нека биде светлина“, и блеснала светлината. И Бог видел дека светлината е добра. Дали тогаш ние треба да ги затвориме своите станови и куќи пред блескавите зраци на светлината, којашто Сам Бог ја прогласил за добра?
Ако сакате вашите станови да бидат здрави, направете ги така, да бидат достапни за воздух и сончева светлина. Драгоцените зраци на сонцето можеби ќе допринесат да побледат вашите завеси и ќилими, но затоа пак ќе им дадат здрава боја на образите на вашите деца. Ако во своето срце имате Божја и искрена љубов, вашиот скромен дом озарен со изобилство на воздух и сончеви зраци, уште на оваа земја за вас ќе претставува небеса во мало.
Движењето и што е можно подолгото задржување на воздух и сонце ги обновува животот и силата.
_________________