МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(14 – 20 јуни: Приодите до среќата секогаш достапни)

„Побожноста и е голема печалба кога е здружена со чувство на задоволство.“  (1 Тимотеј 6:6; Библија)

Во нашите семејства се внесуваат премногу грижи и товар од секојдневниот живот, додека премалку се негуваат природната едноставност, мир, среќа и задоволство. Треба помалку да се грижиме за тоа што ќе рече надворешниот свет, а повеќе внимание да им се укаже на членовите на семејниот круг. Нека помеѓу членовите на семејството има помалку раскош, извештаченост и светско прилагодување, а многу повеќе нежност и љубов, ведрина и христијанска учтивост. Мнозина допрва треба да се учат како својот дом да го направат привлечен – место на вистинско задоволство и уживање. Благодарното срце и нежното внимание вредат далеку повеќе отколку богатството, раскошот и уживањата; задоволството со едноставните нешта ќе го направат домот да биде среќен, доколку во него владее љубов.

Христос, нашиот Искупител, иако во своето однесување, додека бил на оваа земја, искажувал достоинство на цар, сепак бил кроток и со понизно срце. За секој дом, во којшто влегувал, Тој бил светлина и вистински благослов, затоа што со Себе внесувал ведрина, надеж и храброст.

О, кога би се задоволиле помалку да се трудиме и помалку да сакаме расипнички скапи нешта за украсување на нашиот дом, а повеќе да го цениме украсот на тивкиот и понизен дух, којшто пред Бога е подрагоцен од златото и бисерите! Благодатите на едноставноста, кротоста и вистинската наклоност би направиле рај и од најскромниот дом. Подобро е да се поднесуваат неволјите и секоја нелагодност, отколку да се лишите од мирот и вистинското задоволство.

Вистискиот христијанин секогаш тежнее да биде корисен во својот живот и своите животни навики да ги усклади со Христовиот пример. Овде се наоѓа тајната на задоволството, мирот и среќата. Вистинската среќа за таквиот претставува вистинска награда што на другите им прави добро. Таквиот се воздигнува над робувањето на извештаченоста на овој свет во слободата и благодатта на едноставноста слична на Христовата.

Pin It on Pinterest