МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(8 – 14 март: Раководење според начелата, а не според склоностите)

„Како би можел да направам толку големо зло и да згрешам против Бога!“ (Битие 39:9; Библија)

Јосифовата благородност и верност го придобиле срцето на господарот, и тој повеќе го сметал за син отколку за роб. Но Јосифовата вера и чесност морале да бидат проверени во огнот на искушенијата. Жената на неговиот господар се обидувала да го наведе да го прекрши Божјиот Закон. До тој момент тој останал неизвалкан од расипаноста којашто во таа незнабожечка земја можела да се сретне на секој чекор; но како да му се спротивстави на ова искушение, толку одненадеж, толку силно, толку заводливо? На едната страна се наоѓале прикривањето, одобрувањето и наградите, а на другата – срамотата, занданата, а можеби дури и смртта. Целиот негов иден живот зависел од таа моментална одлука. Дали ќе триумфира начелото? Дали Јосиф и понатаму ќе Му остане верен на Бога? Ангелите со неопишана загриженост и страв го следеле овој настан.

Јосифовиот одговор покажува колкава сила имаат основните верски начела. Тој не сакал да ја изневери довербата ниту на својот земски господар, и без оглед на тоа какви ќе бидат последиците, одлучил да му остане верен на својот небесен Господар. Јосиф страдал поради својата чесност затоа што заводницата, не успевајќи во својата намера да го заведе, страшно му се осветила обвинувајќи го за гнасно дело, поради што бил фрлен во зандана. Доколку Петрефие ѝ верувал на обвинувањата на својата жена, младиот Евреин веднаш би бил погубен. Но чесноста и искреноста коишто еднакво во сите околности го краселе неговиот живот, претставувале доказ за неговата невиност; но сепак, за да се „спаси угледот“ на куќата на господарот, Јосиф бил немилосрдно деградиран, осрамотен и фрлен во зандана.

Но Јосифовиот вистински карактер блескал дури и во темнината на занданата. Тој останал истраен во својата вера и своето трпение. За долгите години на верна служба добил најстрашна награда; но тоа не го направило мрзоволен ниту пак затоа ја изгубил верата. Го имал оној мир кој доаѓа од свеста за сопствената невиност, и поради тоа случајот во потполност Му го препуштил на Бога.

Pin It on Pinterest