МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(8 – 14 ноември: Победа во судир со злото)

„Затоа, мои возљубени браќа, бидете цврсти, непоколебливи, секогаш пребогати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господа не е напразен.“ (1 Коринтјаните 15:58; Библија)

Оние коишто настојуваат чистотата на вистината да ја одржат по секоја цена и да ја одбранат честа на Божјето име, ќе бидат изложени на многу искушенија, како што бил и нашиот Спасител во пустината. Попуштајќи им на искушенијата, затоа што немаат сила да го осудат злото, и молчејќи тогаш кога би требало да станат во одбрана на правдата во секој поглед, луѓето можат да избегнат многу непријатности, но можат да изгубат и богата награда, ако не и самата своја душа.

Оние коишто благодарејќи на постојаната заедница со Бога и на верата во Него примаат сила за да му се спротивстават на злото, и застануваат во одбрана на правдата, секогаш ќе доаѓаат во остри судири и често ќе остануваат потполно осамени. Но чувствувајќи се зависни од Бога и од Неговата милост, тие ќе извојуваат драгоцени победи. Нивните морални сетила ќе бидат остри, јасни и приемливи. Нивните морални сили ќе бидат во состојба да им се спротивстават на злите влијанија. Во својата чесност тие, како и Мојсеј во своето време, ќе бидат беспрекорни.

За во Божјето дело да се стои без страв, потребно е да се има морална храброст. Кај оние коишто се такви нема место за самољубие, себични побуди, славољубие, љубов кон лагодностите ниту желба да се избегне крстот. Сакате ли да го послушате Неговиот глас или пак, слушајќи го ласкавото дошепнување на непријателот, ќе се улулкувате во судбоносно дремење во самото предвечерје на вечноста?

Нашиот Спасител посебно сака да ги спаси младите. Тој желно очекува на нивните глави да го стави венецот на животот и да слушне како и нивните гласови среќно се придружуваат во оддавање на слава и величество на Бога и на Јагенто во победоносна песна која бескрајно ќе одѕвонува низ небесните пространства.

Pin It on Pinterest