МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(6 – 12 септември: Примери на посветен живот)

„А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.“ (1 Јованово 2:17; Библија)     

Јован заедно со останатите ученици одел на училиште каде што учител бил самиот Христос. Јован секоја поука ја сметал за драгоцена и постојано настојувал својот живот да го доведе во склад со божествениот пример. Христовите поуки за кротост, понизност и љубов, како услови за напредување во благодатта и како припрема за својата идна работа, Јован ги сметал за најважни.    

Впечатливата спротивност помеѓу Јовановиот и Јудиниот карактер може исто така да послужи како поука.

Јован претставувал жива илустрација на посветеност. Од друга страна, Јуда имал само обличје на побожност, додека карактерот му бил повеќе сатански отколку божествен. За себе тврдел дека е Христов ученик, а всушност се одрекувал од Него и со своите зборови и со своите дела.    

Јуда ги имал истите драгоцени предности како и Јован да го проучува Христовиот пример и да се угледа на Него. Тој ги слушал Христовите поуки и благодарејќи и на божествената милост и неговиот карактер можел да се менува.    

Меѓутоа, додека Јован најискрено се борел против своите слабости и маани, тежнеејќи да стане сличен на Христа, Јуда – гушејќи го постојано гласот на совеста и попуштајќи им на искушенијата, се втурнал во навиката на нечесност, што го променил во сатанско обличје.     

Овие двајца ученици го претставуваат христијанскиот свет. Сите тврдат дека се Христови следбеници, меѓутоа, додека едните одат во понизност и кротост, учејќи се од Исуса, другите со својот живот покажуваат дека не се творци на зборовите, туку само „слушатели“, како што тоа го вели апостолот. Едните се посветуваат со вистината, додека другите за преобразувачката сила на божествената сила немаат никаков поим. Едните секојдневно умираат за своето „јас“ и го победуваат гревот. Другите, попуштајќи ѝ на похотта и на телесните желби, стануваат сатански слуги.

Pin It on Pinterest