МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 5 септември: Посветување)

„А самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!“ (1 Солунјаните 5:23; Библија)

Посветувањето истакнато во Светите списи се однесува на целото суштество – духот, душата и телото. Тука се истакнува вистинската претстава за потполната посветеност. Павле се молел за припадниците на црквата во Солун за да го уживаат овој голем благослов. „А самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!“ (1 Солунјаните 5:23; Библија)

Вистинската посветеност е потполно потчинување на Божјата волја. Бунтовните мисли и чувства се победени, а Христовиот глас обземајки го целото суштество буди во него нов живот. Оние кои вистински се посветени не го воздигнуваат своето сопствено мислење како мерило за тоа: што е исправно, а што е погрешно. Тие не се занесуваат со самоправедноста, туку напротив тие се недоверливи спрема себе, секогаш стравувајќи дека исполнувањето на ветувањето може и да изостане доколку не ги исполнат условите под коишто е дадено ветувањето.

Библиското посветување не се состои во силата на емоциите. Овде мнозина паѓаат во заблуда. За нив чувствата претставуваат некакво мерило на светост. Кога чувствуваат занес или среќа, тие тврдат дека се посветени. Чувството на среќа или пак отсуството на таквиот занес не претставува никаков доказ за тоа дали сме или не сме посветени. Моментална посветеност воопшто не постои. Вистинското посветување е секојдневно дело и продолжува сѐ додека човекот е жив. Оние кои борејќи се со своите искушенија секојдневно ги победуваат своите грешни склоности и тежнеат кон светост на срцето и животот, никогаш нема фаленички да тврдат за себе дека ја достигнале светоста. Тие секогаш се гладни и жедни за правда. Тие гревот секогаш го гледаат во сета негова одвратност.

Вистинската светост не е ништо помалку од секојдневно умирање на сопственото „јас“ и секојдневно потчинување на Божјата волја.

Pin It on Pinterest