Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.6 Лекции за верата (шести дел) – 24 јануари 1899.

Знаењето за тоа што Библијата сака да каже кога ни укажува на неопходноста да гаиме вера, е многу посуштинско од секое друго знаење кое можеме да го стекнеме.

Вера е очекување дека Божјиот збор ќе го направи тоа што го кажува и потпирање само на тој збор дека ќе го направи тоа што го кажува.

Авраам е татко на сите оние кои се од верата. Според тоа, извештајот за Авраам дава упатства за верата – што е таа и што таа прави за оној кој ја има.

„Што тогаш ќе кажеме дека добил Авраам нашиот татко (по вера)? Впрочем што вели писмото?“

Кога Аврам имал повеќе од осумдесет години, и неговата жена Сара била стара, а тој немал деца, Бог „го изведе надвор и му рече: ‘Погледни на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш.’ И му рече: ‘Толкаво ќе биде потомството твое.’“

„И Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност.“ (Битие 15:5,6). Аврам го прифатил Божјиот збор и очекувал дека ќе се исполни тоа што било кажано со тој збор. И во тоа бил во право.

Меѓутоа Сара во своето очекување не се потпрела само на Божјиот збор. Прибегнала кон свој план за да го обезбеди тоа семе. Таа му рекла на Авраам: „Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не раѓам; туку влези кај слугинката моја, можеби ќе добијам деца од неа.” (Битие 16:2)

Аврам за момент одстапил од својата совршена вера. Наместо цврсто да се држи до своето очекување и да се потпира само на Божјиот збор, тој „ги послуша Сарините зборови“.

Соодветно на тоа, се родило дете, но целата работа се покажала толку незадоволувачка за Сара, што таа се одрекла од својот сопствен план. И Бог го покажал своето отфрлување преку целосно занемарување на фактот дека некое дете се родило. Тој го променил името на Аврам во Авраам и продолжил да зборува дека ќе го направи татко на народите преку ветеното семе, па склучил сојуз со Авраам и семето кое било ветено. Тој исто така го променил и името на Сара во Сáра, бидејќи таа ќе биде „мајка на многу народи“ преку ветеното семе.

Авраам го забележал потполното игнорирање на детето кое се родило, па за да би му го свртил вниманието на Господ, рекол: „Нека поживее Исмаил пред Тебе!”

19 А Бог рече: „Сепак твојата жена Сáра ќе ти роди син; дај му име Исак. Својот Завет ќе го склучам со него; вечен Завет со него и со неговото потомство после него. 20 Те послушав и за Исмаила. Еве го благословувам: ќе го направам плоден и ќе го размножам многу; дванаесет кнезови ќе произлезат од него и голем народ ќе направам од него. 21 Но ќе го држам Својот Завет со Исак, кого ќе ти го роди Сaра, догодина во ова време.” (Битие 17:19-21)

Во сето ова и Авраам и Сара  се научиле дека, во спроведувањето на ветувањето и исполнувањето на Божјиот збор, ништо друго не доаѓа во предвид освен потпирање само на зборот. Сара научила дека нејзиниот план донел само неволја и немир и го одложил исполнувањето на ветувањето. Авраам научил дека наслушувајќи го гласот на Сара, пропуштил да го послуша Божјиот збор и дека сега мора да го напушти целиот овој план и повторно да се сврти само кон Божјиот збор.

Меѓутоа сега Авраам имал деведесет и девет години, а Сара осумдесет и девет години. Па исполнувањето на тој збор сега изгледало подалечно отколку порано и било потребно поголемо потпирање на Божјиот збор – поголема вера од порано.

Сега било потполно јасно дека нема никаква можност да се потпрат на било што друго освен само на зборот. Сега, за остварување на тоа што овој збор го изрекол биле потполно зависни од него самиот. Сите дела, изуми, планови и напори од нивна страна биле исклучени. Им останала само верата – само тој збор и целосно потпирање на тој збор, да би се остварило тоа што било изречено со тој збор.

И бидејќи сега бил отворен патот за „само зборот“ да делува, тој збор успешно делувал и ветеното „семе“ се родило. Па така, „преку вера“ – иако беспомошна, потполно потпирајќи се на зборот „самата Сара – иако беше неплодна, доби сила да зачне и, покрај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил.“ (Евреите 11:11)

„И така од еден, и тоа остарен, се родија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег.“ (Евреите 11:12)

Така се исполнил зборот кој Бог го кажал на Аврам, кога „го изведе надвор и му рече: ‘Погледни на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш.’ И му рече: ‘Толкаво ќе биде потомството твое.’“ (Битие 15:5)

Ова е божествена лекција за верата и тоа е она што Светото Писмо сака да каже кога ни укажува на неопходноста да гаиме вера. Затоа што тоа му било засметано (припишано) на Аврам за праведност, самата Божја праведност, која е од верата.

„Но не е напишано само за него ‘дека му се засмета’ туку и за нас на кои ќе ни се засмета, затоа што веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, нашиот Господ. Кој беше предаден за нашите гревови и беше воскреснат за наше оправдание.“ (Рим 4:23-25)

И сите „што веруваат, се благословени заедно со верниот Авраам“ (Гал 3:9) Сите оние кои ги исклучуваат –  отфрлуваат – сите дела, планови, изуми и напори од своја страна и потполно беспомошно зависат од Божјиот збор, дека ќе го оствари тоа што го кажува – тоа се оние кои се од вера и кои со верниот Авраам се благословени со Божјата праведност.

Да разбереме како да покажеме вера е науката на евангелието. А науката на евангелието е наука над науките. Кој не би го напрегнал секој нерв за да ја разбере?

(продолжува)

Pin It on Pinterest