Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.1 Лекции за верата (први дел) – 6 декември 1898.

За да би можеле да знаеме што Библијата сака да каже кога од нас бара да гаиме вера, суштински е пред сè да знаеме што е вера.

Јасно е дека не би имало смисла да се бара од некого да гаи вера, ако таа личност не разбира што е вера. Жална вистина е дека, иако Господ тоа совршено јасно го објаснил во Светото писмо, сепак многу верници не знаат што е вера. Дури може да се случи тие да знаат што е дефиниција за вера; но сепак да не знаат што е верата. Не ја сфаќаат мислата која се наоѓа во дефиницијата.

Од таа причина, сега нема да се занимаваме со дефинициата, туку попрво ќе наведеме и проучиме еден пример на вера, случај кој така јасно се истакнува, да сите можат сами да видат што е вера.

Верата доаѓа „од Божјото слово“. Според тоа мораме да ја побараме во Божјото слово.

Еден ден некој капетан дошол кај Исус и му рекол:

6„Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.” 7 Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.” 8 А стотникот одговори и рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави; 9 зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ,Оди!‘ и тој оди; на другиот: ,Дојди!‘ и тој доаѓа; и на слугата: ,Направи тоа!‘ и тој прави.” 10 Кога го чу тоа, Исус се восхити и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ни во Израел не најдов толку голема вера.
(Матеј 8:6-10 ; Библија)

Тоа е токму она што Исус го прогласува за вера. Кога ќе сфатиме што е тоа, тогаш сме нашле вера. Да се знае што е тоа, значи да се знае што е вера. Во тоа неможе да се има сомнеж, бидејќи Христос е „Зачетникот… на верата“ и Тој вели дека она што тој стотник го покажал било „вера“ – да, дури „толку голема вера“.

Каде, тогаш, е верата во ова? Стотникот сакал нешто да се направи. Сакал Господ да го направи тоа. Но, кога Господ рекол „Ќе дојдам“ и ќе го направам тоа, стотникот го сопрел говорејќи: „кажи само збор“ и тоа ќе се случи.

Што очекувал стотникот дека ќе го изврши ова дело? „САМО збор“. На што се потпрел дека ќе го исцели неговиот слуга? На „САМО збор“.

И Господ Исус вели дека тоа е вера.

Тогаш, брате и сестро, што е вера?

(продолжува)

Pin It on Pinterest