УМ, КАРАКТЕР И ЛИЧНОСТ

Вистинските­ наче­ла на психологијата се­ наоѓаат во Све­тото Писмо. Чове­кот малку­ знае­ за својата вистинска вре­дност. Тој постапу­ва во склад со својот не­пре­породе­н каракте­р, затоа што не­ гле­да на Ису­са како на Заче­тник и Свршите­л на својата ве­ра. Ме­ѓу­тоа, оној кој доаѓа кај Христа, ве­ру­вајќи во Не­го и го зе­ма Не­го за свој Приме­р, го сфаќа значе­ње­то на зборовите­: „Ним Тој им даде­ власт да станат синови Божји.“ Оние­, кои поминале­ низ иску­ството на вистинско обраќање­ ќе­ ја сфатат со оштрина својата одговорност пре­д Бога свое­то спасе­ние­ да го градат со страв и тре­пе­т, како и одговорноста потполно да се­ очистат од гу­бата на гре­вот. Таквото иску­ство ги наве­ду­ва лу­ѓе­то да се­ понизат и со целосна дове­рба да се­ потпираат на Бога.

Бог ги зе­ма лу­ѓе­то такви какви што се­ и доколку­ сакаат да Му­ се­ пре­дадат ги воспиту­ва за Својата слу­жба. Божјиот Ду­х, приме­н во ду­шата, ги оживу­ва сите­ способности. Под водството на Све­тиот Ду­х, Умот што бе­зре­зе­рвно му­ е­ посве­те­н на Бога се­ развива складно и е­ засиле­н да ги разбе­ре­ и исполни Божјите­ барања. Слабиот и не­одлу­че­н каракте­р се­ ме­ну­ва во цврст и постојан. Постојаното посветување­ воспоставу­ва толку­ близок однос поме­ѓу­ Ису­са и Не­говите­ у­че­ници што христијанинот во својот каракте­р стану­ва сличе­н на својот Учите­л. Тој има појасни и пошироки погле­ди. Не­говата проникливост е­ поостра, неговиот су­д поу­рамноте­же­н. На тој начин е­ зајакнат со животодавната сила на Сонце­то на праве­дноста и е­ оспособе­н да доне­су­ва богат род на Божја слава.

И доде­ка Христос му­ го отвора не­бото на чове­кот, животот што тој ни го дава го отвора срце­то на чове­кот за не­бото. Гре­вот не­ само што нè одвоју­ва од Бога, ту­ку­ во ду­шата на чове­кот ги у­ништу­ва и же­лбата и моќта да го запознае­ Не­го. Христова це­л е­ да го оневозможи се­то тоа влијание­ на злото. Тој има моќ да ги оживе­е­ и обнови способностите­ на ду­шата парализирани од гре­вот, да ги оживе­е­ и обнови поте­мне­тиот у­м и изопаче­ната волја. Тој ни ги отвора богатствата на все­ле­ната и благодаре­ние­ на Не­го, добиваме­ способност да ги пре­познае­ме­ и ползу­ваме­.

Толку­ ду­хове­н е­ каракте­рот на Божје­то де­ло врз чове­чкото срце­ кое­ го прима така што секого го прави ново создание­, бе­з притоа да се­ у­нижи или ослабне­ било која способност што Бог му­ ја дал на чове­кот. Тоа ја чисти се­која особина погодна за врска со божествената природа. Она што е­ роде­но од Духот е­ ду­х, а кога чове­кот ќе­ се­ роди одозгора, не­бе­се­н мир ја напоју­ва ду­шата.


Следува содржината на книгата „УМ, КАРАКТЕР И ЛИЧНОСТ“

Отсек Еден
ПРОУЧУВАЊЕ НА УМОТ
1. Важноста на проучувањето на умот
2. Христијанинот и психологијата
3. Опасности во психологијата
4. Духовните влијанија и умот
5. Фанатичен ум
6. Здрава нормалност

Отсек Два
ОСНОВНИ ОДНОСИ
7. Болести што започнуваат во умот
8. Религијата и умот
9. Умот како тврдина
10. Разбирање

Отсек Три
РАЗВОЈ НА УМОТ
11. Проучувањето на Библијата и умот
12. Трудољубивост
13. Храна за умот
14. Физичка активност
15. Емоционални фактори

Отсек Четири
РАЗВОЈ НА ЛИЧНОСТА
16. Пренатално влијание
17. Наследство и опкружување
18. Сигу­рност во домот
19. Родите­лски влијанија
20. Атмосфера во домот
21. Христос се бави со умовите
22. Училиштето и учителот

Отсек Пет
ЖИВОТНАТА ПРИДВИЖУВАЧКА СИЛА
23. Љубовта, божествен, вечен принцип
24. Љубов во домот
25. Љубов и сексуалност во човечкото искуство
26. Братска љубов
27. Божја љубов

Отсек Шест
СЕБИЧНОСТ И САМОПОЧИТУВАЊЕ
28. Самопочитување
29. Зависност и независност
30. Себичност и егоцентричност

Отсек Седум
АДОЛЕСЦЕНЦИЈАТА И МЛАДИТЕ
31. Проблемите на младите
32. Опседнатост и слепа љубов
33. Опасности со кои се соочуваат младите
34. Совеста

Отсек Осум
ВОДЕЧКИ НАЧЕЛА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
35. Влијанието на запазувањето
36. Принципи на мотивацијата
37. Принципи на проучување и образование
38. Рамнотежа во образованието

Отсек Девет
МЕЃУСЕБЕН ОДНОС НА ТЕЛОТО И УМОТ
39. Неопходност од усогласено дејствување на целата личност
40. Влијание на телото врз умот
41. Исхраната и умот
42. Умот и здравјето
43. Умот и духовното здравје

Отсек Десет
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
44. Закони кои управуваат со умот
45. Индивидуалност
46. Меѓучовечки односи
47. Ментална хигиена

Отсек Единаесет
ЕМОЦИОНАЛНИ ПРОБЛЕМИ
48. Вина
49. Жалост
50. Немир и загриженост
51. Страв
52. Депресија
53. Судир – позитивно и негативно
54. Прекумерно проучување
55. Болка
56. Гнев
57. Омраза и одмазда
58. Вера

Отсек Дванаесет
ПРОБЛЕМИ ВО ПРИЛАГОДУВАЊЕТО
59. Формирање на карактерот
60. Спротиставување и поистоветување
61. Витална функција на Божјите закони
62. Комуникација

Отсек Тринаесет
ЛИЧНОСТ
63. Имагинација
64. Навики
65. Мрзливост
66. Емоционални потреби
67. Диспозиција
68. Општествени односи
69. Отфрлање
70. Критика
71. Среќа

Отсек Четиринаесет
МИСЛИТЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ
72. Навики на размислување
73. Правилно размислување
74. Сомнежи
75. Имагинацијата и болеста
76. Одлучноста и волјата

Отсек Петнаесет
ЛАЖЕН СИСТЕМ НА ТЕРАПИЈА
77. Лажна наука
78. Контрола на умот над умот
79. Хипнотизмот и неговите опасности
80. Сатанската наука на самоиздигнување

Отсек Шеснаесет
НАЧЕЛАТА И НИВНАТА ПРИМЕНА
81. Безбедна терапија на умот
82. Занимавање со наука
83. Геријатрија

Отсек Седумнаесет
ПРАКТИЧНА ПСИХОЛОГИЈА
84. Занимавање со емоции
85. Советување
86. Делење на довербата
87. Психологијата и теологијата
88. Негативни влијанија врз умот
89. Позитивни влијанија врз умот

СОДРЖИНА

Pin It on Pinterest