СОВЕТИ ЗА ЖИВОТОТ И ИСХРАНАТА

Кога Елена Вајт во 1863 година почнала да зборува и пишува за правилната исхрана и за начинот на живеење според природните закони, просечниот животен век во Соединетите Држави бил 32 години. Оброците биле сервирани три, четири или пет пати на ден; биле многу зачинети, составени од месо, богати со сосови, пржена храна и голема лепеза на колачи и торти со многу шеќер и маст. Млекото честопати било од слабо згрижени, а понекогаш и туберкулозни крави. Анализата била непозната, а пастеризацијата, децении во иднината. Освен за засолувањето и сушењето, науката за зачувување на храната била сè уште иднина.

Во такво поднебје Елена Вајт, со перо натопено во мудроста и знаењето на Дизајнерот на човекот и Автор на природните закони, повикувала кон начин на исхрана која била едноставна, здрава, хранлива и вкусна.

Кон таа цел, цели 50 години таа ги изразувала своите погледи во списанија, книги и преку личен контакт. Нутриционистите денес се свесни за спротивставувањето на луѓето, кога е во прашање промената во нивната исхраната. Сепак, нејзините совети ги промениле навиките во исхраната на милиони, кои корисно ги следеле овие совети, денес добро поддржани од научите истражувања.

Децении пред физиолозите да почнат да се занимаваат и да ја проучуваат блиската врска, која постои помеѓу исхраната и здравјето, Елена Вајт во своите списи јасно ја истакнува врската помеѓу храната што ја јадеме и нашето физичко и духовно здравје. Во своите предавања и списи, таа често пишувала за важноста на храната и адекватната исхрана. Овие совети, онака како што се сочувани во разни брошури, книги, по страниците на црковните списанија, како и во нејзините лични сведоштва, извршиле силно, преобразувачко влијание на диететските навики кај адвентистите на седмиот ден, како и на општите животни навики кај пошироката јавност.

Нам ни е подарен само еден животен век и прашањето што секој треба да си го постави гласи: „Како да ги вложам своите сили така, за тие да донесат најголема полза? Како можам најмногу да придонесам за Божјата слава и за користа на своите ближни?“ Животот е вреден само тогаш, кога се употребува за достигнување на овие цели. Личното напредување е нашата прва должност кон Бога и ближните. Секоја способност, со којашто Создателот нè обдарил, треба да се негува до највисоко совршенство, како би биле во можност, според своите способности, да сториме најмногу добро. Заради тоа, времето што се користи за утврдување и чување на телесното и умното здравје, е добро потрошено време. Не можеме да дозволиме да се спречи во развојот или онеспособи, која и да е телесна или умна активност. Доколку пак тоа го чиниме, мораме да ги сносиме последиците.


Следува содржината на книгата „СОВЕТИ ЗА ЖИВОТОТ И ИСХРАНАТА“

ПРЕДГОВОР

Како настана оваа книга
Уникатна компилација
Опасности на вадење делови од целината
Сите се повикани да проучуваат
Опасности од крајности
Употреби здрави начела во проучувањето
Препорака за здравствена реформа

Отсек I
ПРИЧИНИ ЗА РЕФОРМА
Заради Божја слава
Избор на живот или смрт
Барање на совршенство
Прашање на послушноста
Казна заради незнаење
Не секогаш во незнаење
Одговорност за светлината
Жртва без мана
Бедна жртва
Зошто светлина за Здравствената Реформа?
Значењето на здравствените начела
Во првите редови на реформаторите
Здравствената реформа и молитвата за болните
Поука од неуспехот на Израел
Христијанската трка
Примерот на Даниел
Божјото одобрение придобиено
Неподготвени за Гласниот Вик
Подготовка за Освежувањето
Повик до колебливите
Сите ќе бидеме испробани
Вистинската реформа е реформа на срцето
Прашање од основна важност
Да бидеме соединети
Сопнување за благословот
Размислување за судот

Отсек II
ИСХРАНАТА И ДУХОВНОСТА
Неумереноста е грев
Кога посветувањето е невозможно
Намерната неинформираност го зголемува гревот
Непослушноста на телесниот закон влијае врз умот
Влијание кон вреднувањето на вистината
Влијанието врз проникливоста и одлучувањето
Ефектите врз влијанието и корисноста
Посебни одговорности и искушенија на проповедниците
„Сето тоа правете го за Божја слава“
Односот кон победоносниот живот
ОДНОСОТ ПОМЕЃУ ИСХРАНАТА И МОРАЛОТ
Моралната нечистотија во старо време
Расипаноста преовладува – резултат на нескротливиот апетит
Влијанието на едноставната исхрана
Умереноста – помош во зачувувањето на моралот

Отсек III
ЗДРАВСТВЕНАТА РЕФОРМА И ВЕСТА НА ТРЕТИОТ АНГЕЛ
Како рака за телото
Да го подготви народот
Адамовиот пораз – Христова победа
Помош во распознавање на вистината
Посветени или казнети
Делото на Илија и Јован како пример
Видлива спротивност
Дај му го на здравственото дело неговото место
Потреба од владеење со себеси
Проповедниците и верниците треба да делуваат во согласност
Дел од Веста, меѓутоа не цела Вест
Нејзината врска со медицинските установи
Продорен клин
Отстранети предрасуди – зголемено влијание

Отсек IV
ПРАВИЛНА ИСХРАНА
ДЕЛ 1 – ПРВОБИТНАТА ХРАНА
Одбрана од Создателот
Повик за враќање
ДЕЛ 2 – ЕДНОСТАВНА ХРАНА
Помош за бистрина на умот
Ослободува од многу страдања
Поттик за едноставен живот
Награда за истрајноста
Да напредуваме
Исхрана за време на состаноците под шатори
Ручек на излет
Едноставност во гостопримството
Подготвени за неочекуван гостин
Мислете помалку за поминливата храна
Обновувачко влијание на едноставниот живот
ДЕЛ 3 – СООДВЕТНА ИСХРАНА
Да не бидеме рамнодушни
Божјото изобилно снабдување
Осиромашената храна го руши угледот на Здравствената Реформа
Прилагодување на ихраната според индивидуалните потреби
ДЕЛ 4 – ИСХРАНАТА ВО РАЗНИ ЗЕМЈИ
Храна приспособена според годишното време и поднебје
Хранлива храна може да се најде во секоја земја
Сугестија за тропските предели
Потребен е такт во поучувањето на здравстената реформа

Отсек V
ФИЗИОЛОГИЈА НА ВАРЕЊЕТО
Награда за почитување на природните закони
Физички влијанија од прејадувањето
Пречки во варењето
Варењето потпомогнато со умерени вежби
Помогнато од чистиот воздух
Попречено преку течна исхрана
Храната да биде топла, меѓутоа не жешка
Животната сила намалена со студена храна
Предупредување до зафатените луѓе
Јадете полека, џвакајте доволно
Поука која треба да се повторува
Избегнувајте претерана загриженост
Комбинирање на храната
Војна во желудникот
Мирен стомак – мирно расположение
Овошје и зеленчук
Богати десерти и зеленчук
Шеќер и млеко
Богати и сложени состави

Отсек VI
НЕПРАВИЛНОТО ЈАДЕЊЕ, ПРИЧИНА ЗА БОЛЕСТА
Наследена дегенерација
Свесно незнаење на законите на животот
Општествени последици од неконтролираниот апетит
Прекршени закони – природни и духовни
Страдања што самите си ги нанесуваме
Попуштањето на апетитот донесува болест
Подготвување на патот за пијанството
Заболен црн дроб заради погрешна исхрана
Богата храна и треска
Фрлање вина врз Провидението
Цената на „добриот оброк“
Влијанието на неправилното јадење врз расположението
Повици за реформа

Отсек VII
НЕУМЕРЕНОСТ ВО ЈАДЕЊЕТО
Општ, меѓутоа сериозен грев
Попречување на човечкиот организам
Лакомоста – главен престап
Начинот на изнесување на храна поттикнува прејадување
Причина за телесната и умна ослабеност
Поспаност за време на богослужението
Совети до проповедниците и оние што работат седејќи
Отежнато варење и одборски седници
Никаква препорака за здравствената реформа
Копање на гробови со сопствените заби

Отсек VIII
ВЛАДЕЕЊЕ СО АПЕТИТОТ
Недостаток на владеење над самите себе – Првиот грев
Ноевото време и нашето
Содом и Гомор
Исав беше победен од апетитот
Израеловата похот за месо
Сите тие се примери
Светот денес
Служба на олтарот на изопачениот апетит
Христовата победа во наша полза
Поглед кон Спасителот
Даниеловиот пример во победувањето
Наша христијанска должност
Робови на апетитот
Воспитување на апетитот
Влијанието на попуштањето – телесно, умно и морално
Идниот ден на покајание
Неприродниот апетит да биде скротен
Корисноста на Божјите работници зависи од владеењето со апетитот
Повик кон еден соработник
Воздржливоста ја зголемува силата
Односот помеѓу навиките и посветувањето
Потребна одлучност на карактерот
Бескорисен обид за постепено да се спроведе реформата
Петровиот повик
Преку силата Божјата на волја и благодат
Прашањето за моралната храброст
Победа преку Христа

Отсек IX
РЕДОВНОСТ ВО ЈАДЕЊЕТО
ДЕЛ 1 – БРОЈ НА ОБРОЦИ
На желудникот му е потребен одмор
Јадете солиден појадок
Доцни вечери
Причина и лечење на ваквата истоштеност
План за два оброка
Лек против раздразливоста
Никој не треба да се присили да го остави третиот оброк
Да не биде Тест
Лоши резултати од воведувањето два оброка
во нашите училишта
ДЕЛ II – ЈАДЕЊЕ ПОМЕЃУ ОБРОЦИТЕ
Значењето на редовноста

Отсек X
Постење
Христовата победа преку откажувањето од апетитот
Како подготовка за проучување на Библијата
Кога е потребна посебна божествена помош
Вистинскиот пост
Како лек за болести
Заштита против воздржуње која води кон слабост
Совет до еден постар проповедник

Отсек XI
Крајности во исхраната
Вредноста на доследниот став
Погрешни идеи за реформата
Наметнување на лични ставови
Избегнување на осиромашена исхрана
Нека варира менито
Размислување за индивидуалните потреби
Да не биде причина за времето на неволјите
Кога здравствената реформа станува здравствена изопаченост
Храната треба вкусно да се приготви
Штетното влијание на оние кои одат во крајности
Наметнување на лични мислења и лични мерила
Грешка во спротивставување на крајностите
Да се избегнуваат двете крајности

Отсек XII
ИСХРАНА ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА
Влијанија пред раѓањето
„Нека се чува!“
Да не му се предаде на апетитот
Последици од претерана работа и слаба исхрана

Отсек XIII
ИСХРАНАТА ВО ДЕТСТВОТО
Совет заснован врз божествено упатство
Вистински почеток на реформата
Доенчето
Редовност во јадењето
Рано воспитување на апетитот
Попуштање и изопаченост
Проучувајте ја едноставноста
Поттикнување на неумереноста
Подучувајте одвратност кон надразнувачките средства
Храна што е посебно штетна за децата
Спречување на злите тенденции
Суровата љубезност на попуштањето
Запазувања за време на патувањата
Причина за раздразливост и нервоза
Односот помеѓу исхраната и моралниот развој
Изопаченост помеѓу децата
Сè можело да биде поинаку
Поучувајте ги децата како да му се спротивстават на искушението

Отсек XIV
ГОТВЕЊЕ ЗДРАВА ХРАНА
Лошото готвење претставува грев
Знаењето за готвењето вредно десет таланти
Почитување кон готвачката
Должност на секоја жена е да стане вешта готвачка
Нека мажите и жените учат да готват
Проучувајте ги здравствените списанија
Поттикнување на развојот на индивидуални способности
Повик за училишта за готвење
Здравствената реформа и доброто готвење
Промена и напуштање на месната храна
Лошо готвење, причина за болест
Одговарачки надгробен натпис
Души изгубени заради лошо готвење
Не е пониска наука
Проучувајте го штедењето
Животи пожртвувани на модерните начини на јадење
Важен е изборот и подготовката на храната
Едноличен доручек
Проучување и спроведување на дело
Важна гранка од воспитувањето
Охрабрете ги оние кои учат
Поуките од готвењето поважни од музиката
Поучувајте ги тајните на готвењето

Отсек XV
ЗДРАВА ИСХРАНА И РЕСТОРАНИ ЗА ЗДРАВА ХРАНА
Од небесниот Дарител
Да биде како Маната
Знаењето дадено од Бога
Едноставно, лесно приготвена – здраво
Поедноставно и поефтино
Заради тоа што гладот се зголемува, храната мора да се поедностави
Христовите поуки за штедењето
Храна од домашни продукти во различни земји
Здравата храна треба да овозможи развој и напредок на здравствената реформа
Зрнестите плодови треба умерено да се користат
Сладок кекс
Службата на рестораните за здрава храна на нашите состаноци под шаторите
Нашите ресторани треба да се залагаат за начелата
Избегнувајте сложени состави
Задачата на рестораните засновани врз здравствената реформа
Конечна цел на делото на здравата исхрана

Отсек XVI
ИСХРАНА ВО САНАТОРИУМИТЕ
Разумна грижа и добра храна
Одговорност на лекарот, диететичарот и болничарките
Овозможете удобност и добра волја на пациентот
Барајте само неопходни промени во навиките и обичаите
Правете постепени промени во исхраната
Воспитувањето да ја следи реформата
Две крајности
Менувајте го менито
Избегнувајте крајности
Влијанието на слабите оброци или невкусната храна
Месната храна не е дел од исхраната во санаториумот
Да не се препорачува месната исхрана
Претпазливост во непропишувањето на месото
„Нека не се појавува“
Служење чај, кафе и месна храна во болнички простории
Не треба да се пропишува чај, кафе и месо
Алкохолни пијалоци не треба да се служат
Јадења кои создаваат апетит
Храна за болни
Воспитување за болничката трпеза
Да се препорачува здравствената реформа
Трпезата на помошниците
Готвачката, здравствен – мисионер

Отсек XVII
ИСХРАНАТА – РАЗУМЕН ЛЕК
Лековити средства од природата
Нешто што можеме да направиме за себе
Вера и правилното јадење и пиење
Разумни лекови во санаториумите
Исхраната како лек
Строгата умереност – лек за болеста
Потребна е најдобра храна

Отсек XVIII
ОВОШЈЕ, ЖИТАРКИ И ЗЕЛЕНЧУК
ДЕЛ 1 – ОВОШЈЕ
Благослов во свежото овошје
Дел кој одговара на исхраната
Привремена овошна исхрана
Замена за штетните намирници
Конзервирање и сушење
Свежо од овоштарник и градина
ДЕЛ 2 – ЖИТАРКИ
Храна по избор на Создателот
Дел кој одговара на исхраната
Богато снабдување
Правилна подготовка
Каша
Грахам – каша
Да го заземе местото на месната исхрана
ДЕЛ 3 – ЛЕБ
Поддршка на животот
Религија во добра векна
Употреба на сода во лебот
Употреба на млеко во лебот со квасец
Топол леб со квасец
Двопек
Стариот леб е попожелен од свежиот
Зла од киселиот леб
Предноста од употребата на лебот и другата цврста храна
Топли бисквити
Разновидно печиво
Црниот леб е подобар од белиот
Житарките во лебот треба да бидат разновидни
Слатки лебови
ДЕЛ 4 – ЗЕЛЕНЧУК
Свеж зеленчук, едноставно подготвен
Дел од комплетната исхрана
Изобилство зеленчук
Некој не може да употребува зеленчук
Компир
Грав – здраво јадење
Одгледување и чување зеленчук
Зеленчукот и доматот во исхраната на Е. Г. Вајт

Отсек XIX
СЛАТКИ
ДЕЛ 1 – ШЕЌЕР
Продавање на местото за состаноци под шатор
Шеќерот во исхраната на сестра Вајт
ДЕЛ 2 – МЛЕКО И ШЕЌЕР
ДЕЛ 3 – ПИТИ, ТОРТИ, КОЛАЧИ, ПУДИНЗИ
Попуштање на искушението
Не преставува дел од здравата и корисна храна
Едноставните десерти не се забранети
За бистар ум и силно тело

Отсек ХХ
ЗАЧИНИ И СЛИЧНО
ДЕЛ 1 – ЗАЧИНИ
Зачините го надразнуваат желудникот и предизвикуваат неприроден апетит
Нивната употреба предизвикува слабост
ДЕЛ 2 – СОДА БИКАРБОНА И ПРАШОК ЗА ПЕЧИВО
ДЕЛ 3 – СОЛ
ДЕЛ 4 – ТУРШИЈА И ОЦЕТ
Оцет

Отсек XXI
МАСТИ
ДЕЛ 1 – ПУТЕР
Прогресивна реформа
Замена со маслинки, павлака, зрнести плодови и здрава храна
Не е најдобро за децата
Слободната употреба го попречува варењето на храната
Кога нема да може да се добие најчист путер
Да не се става во иста група со месото
Оставете им ги на другите нивните убедувања
Чувајте се од крајности
Бог ќе нè води
ДЕЛ 2 – САЛО И ЖИВОТИНСКА МАСТ
ДЕЛ 3 – МЛЕКО И ПАВЛАКА
Дел од хранлива и вкусна диета
Опасноста од нездравото млеко
Стерилизација на млекото
Замена за путерот
Најстрогата исхрана не е најдобра
Бог ќе се погрижи
ДЕЛ 4 – МАСЛИНКИ И МАСЛИНОВО МАСЛО

Отсек XXII
ПРОТЕИНИ
ДЕЛ 1 – ЗРНЕСТИ ПЛОДОВИ И ХРАНА ОД НИВ
Дел од добрата исхрана
Зрнестата храна треба да биде внимателно подготвена и ефтина
Сооднос на зрнестите плодови со другите продукти
ДЕЛ 2 – ЈАЈЦА
Употребата на јајца ќе станува сè поопасна
Да не се ставаат во иста категорија со месото
Возбудливо за децата
Состојките во јајцето се лековити; чувајте се од крајности
Во санаториумската исхрана
Неуспех во замената на некои производи во исхраната
ДЕЛ 3 – СИРЕЊЕ (ПРЕВРИЕНО ИЛИ ЗРЕЛО)
Неподобно за исхрана
Обичајот на сестра Вајт

Отсек XXIII
МЕСНА ХРАНА
Месната исхрана – последица од гревот
Претпотопната расипаност
Неуспехот и духовната загуба на Израел
Безмесната изхрана го менува карактерот
Побуна и казната за неа
Божјата цел за Израел
Пример за нас
Назад кон првичната исхрана
Подготовка за преобразување
Усовршување на светоста
Страдањата на животните и последиците од тоа
Физичките последици од јадењето месо ја намалуваат отпорноста кон заболувањата и ненадејната смрт
Заболена крв
Карцином, туберкулоза, тумори
Намалена живост на умот
Ги засилува ниските страсти
Најсигурниот пат
Непрепознаената причина
Свинското посебно осудено
Животински маснотии и крв
Рибите често се загадени
Препознавање на итните услови
Исхраната без месо е соодветна
Зошто да јадеме храна од втора рака?
Месото е типично стимулативно средство
Погрижете се за замена
Нелогични изговори
Искрени повици на реформа
Постот и молитвата ни даваат сила да се спротивставиме
Кога молитвата за исцелување е недоследна
Водачи во реформата
Содржина
Прогресивна реформа во исхраната
Повици за безмесна исхрана во нашите рани здравствени институции (1884)
Непосреден пристап кон проблемот
Второ писмо за пристап кон проблемот
Остануваме верни на нашите принципи

Отсек XXIV
ПИЈАЛОЦИ
ДЕЛ 1 – ПИЕЊЕ ВОДА
Чистата вода е благослов
Употреба на водата за време на болест
Во случај на треска
Правилна и погрешна употреба на водата
ДЕЛ 2 – ЧАЈ И КАФЕ
Надразнувачките ефекти на чајот и кафето
Штетните последици им се припишуваат на други причинители
Последици по умот и моралот
Ги надразнуваат нервите, а не даваат сила
Немаат хранлива вредност
Отапена духовна свест
Желбите го попречуваат служењето на Бога
Зашеметениот престапник не е без вина
Изгубена битка со апетитот
Единствен сигурен пат
Судирот помеѓу вистината и попуштањето на себеси
Корените на неумереноста
Издржете и природата ќе закрепне
Влијанието на сатаната
ДЕЛ 3 – ЖИТАРКИТЕ КАКО ЗАМЕНА ЗА ЧАЈОТ И КАФЕТО
Неумерена употреба на топлите и штетни напитоци
ДЕЛ 4 – ЛИКЕР (ЈАБОЛКОВИНА)
Умереното пиење – Широк пат кој води кон пијанство
Нашиот пример треба да биде на страната на реформата
Под микроскоп
Благ сок од грозје
Благотворно за здравјето

Отсек XXV
ПОУчУВАњЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРИНЦИПИ
ДЕЛ 1 – ДАВАЊЕ ПОУКИ НА ЗДРАВСТВЕНИ ТЕМИ
Потреба од здравствено воспитување
Многумина ќе бидат просветелени
Пионерски напори во подучувањето на принципите на здравствената реформа
За време на собири и од куќа до куќа
Здравствен шатор на просторот на кој се одржува соборот
Со пример и збор
Во нашите санаториуми
Учете ги болните на домашна нега
Давајте совети за умереноста
Потребна е сеопфатна реформа
Лисја од дрвото на животот
Подготовка за молитва за оздравување
Лекарите треба да ги просветлуваат своите пациенти
Свечена должност
На реформаторите во исхраната им е потребна морална храброст
Соработка на санаториумите и училиштата
Евангелската работа и градските мисии
Проповедниците треба да ги проповедаат принципите на реформата
Повик до проповедниците и претседателите на области и другите водачи
Неспроведувањето на здравствената реформа онеспособува за проповедничка служба
Здравствено воспитување во домот
Божјото дело попречено со себично попуштање
Секој верник треба да ја објавува вистината
Формирајте нови центри
Воспитувачи, одете напред
ДЕЛ 2 – КАКО ДА СЕ ИЗНЕСУВААТ ПРИНЦИПИТЕ
НА ЗДРАВСТВЕНАТА РЕФОРМА
Имајте ја предвид големата цел на реформата
Следете ги методите на Спасителот
Покажете тактичност и љубезност
Реформата на исхраната треба да биде постепена
Влијанието на нашите здравствени публикации
Трактати за здравствената реформа
Мудро постапување со прашањето на месната исхрана
Време за молчење
Погрешен метод на работа
Поучувајте со пример
Прикажете ја умереноста во нејзината најпривлечна форма
Да ги пресретнеме луѓето онаму каде што тие се наоѓаат
Средба со крајности – историска изјава
Трпение, предострожност и истрајност се потребни во реформаторското движење
ДЕЛ 3 – УЧИЛИШТА ЗА ГОТВЕЊЕ
Дело со најголемо значење
Во секоја црква, верско училиште и мисионско поле
Нивното вистинско место
Средство за реформа
Поучување од куќа до куќа
Поуките од здравствената реформа на празничните собири и на посебни општествени состаноци
Предимствата и опасностите на нашите ресторани
Од воспитувачите се бара разбирање и разумност
Часови по готвење во сите наши училишта
Верност во секојдневните обврски

ДОДАТОК

ДОДАТОК I
Лично искуство на сестра Вајт како поддржувач на здравствената реформа
Прва визија за здравствената реформа
Откриена како напредно дело
Лично прифаќање на веста
По година дена борба следуваа благослови
Борба за победа
Делување во склад со начелото
Борба против употребата на оцет
Штедлива но и соодветна исхрана
Добро снабдена трпеза
Во вагон
Справување со тешкотиите и компромисот што резултираше
Проблеми заради недостиг на добра готвачка – 1892.
Конечно определување за трезвена, безмесна храна
Една година по напредниот чекор
Две години по напредниот чекор
Умерена употреба на зрнести плодови
Добра исхрана – но без месо
Чајот и кафето
Едноставна храна
Година 1903, во склад со светлината што ми беше дадена порано
Семејството не е врзано со строги правила
На оние кои поставуваат прашања за начелата на исхрана на сестра Вајт
Општи начела на реформата
Трпеливост спрема другите
„Бев верен поддржувач на здравствената реформа“

ДОДАТОК II
Изјава на братот Вајт која се однесува на учењето на здравствената реформа

СОДРЖИНА

 

Pin It on Pinterest