СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНО ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

Домот е место каде што треба да започне воспитувањето на детето и тој претставува негова прва школа. Крај своите родители како инструктори, детето треба да ги научи лекциите кои ќе го водат низ целиот негов живот – лекции за почит, послушност, стравопочит и самоконтрола. Воспитните влијанија во домот претставуваат сила која ќе го води детето да се определи за добро или за зло. Во мноry случаи тие влијанија дејствуваат тивко и постепено, но доколку се добро насочени, тие стануваат далекусежна сила за вистината и праведноста. Доколку детето во домот не е правилно насочено, сатаната ќе го воспита преку средства кои самиот тој ќе ги одбере. Колку е тогаш важно домашното воспитување!

Врз сите родители почива обврската на своето дете да му дадат поуки во телесен, интелектуален и духовен поглед. Основна цел на секој родител треба да биде на своето дете да му обезбеди развој на добро урамнотежен, хармоничен карактер. Ова е задача која има голема важност – работа, која бара сесрдно размислување и молитва, како и трпеливо и истрајно вложување на неуморни напори. Мора да се постави добар и здрав темел, да се подигне силен и цврст скелет; и тогаш од ден на ден да се продолжи со делото на изградување, дотерување и усовршување на градбата.

Родители, запаметете дека вашиот дом е воспитна школа во која вашите деца треба да се подготват за небесниот дом. Попрво лишете ги од сè друго, само не од воспитувањето што тие треба да го примат од најмали нозе. Не упатувајте им ниту еден раздразлив збор. Учете ги вашите деца да бидат љубезни и трпеливи. Учете ги да имаат обѕир кон другите. На тој начин вие ги подготвувате за повозвишена служба во нештата поврзани со верата. Домот треба да биде подготвителна школа каде што децата и младите ќе се подготват да му служат на Учителот, приготвувалиште за повозвишената школа во Божјето царство.

Домашното воспитување не треба да се смета за нешто што е од второстепена важност. Тоа го зазема првото место во секое вистинско образование. На татковците и мајките им е доверено обликувањето на умот на своите деца. Колку е потресна поговорката: „Каде е свиткано гранчето, кон таму е наклонето и дрвото.” Истата треба да биде употребена во воспитувањето на нашите деца. Родители, дали ќе запаметите дека вам ви е доверена света обврска вашите деца да ги воспитувате уште од нивните најрани години? За да можат да бидат пресадени во Господовата градина, тие млади дрвја треба да бидат нежно воспитани. Домашното воспитување во никој случај не треба да биде занемарено. Оние, што го прават тоа, занемаруваат една религиозна должност.


Следува содржината на книгата „СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНО ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕТЕТО“

СОДРЖИНА

Отсек I
ДОМОТ, ПРВАТА ШКОЛА ЗА ДЕТЕТО
1. Важноста на домот како воспитна школа
2. Првите учители
3. Кога да се почне со воспитувањето на детето

Отсек II
МЕТОДИ И УЧЕБНИЦИ
4. Методи на поучување
5. Библијата како учебник
6. Природата како учебник
7. Практични поуки од книгата на природата

Отсек III
СООДВЕТНО ОБУЧЕНИ УЧИТЕЛИ
8. Потребна е подготовка
9. Повик за личен напредок

Отсек IV
ПОСЛУШНОСТА, НАЈВАЖНА ЛЕКЦИЈА
10. Клуч за среќен и успешен живот
11. Да се поучат уште од најраното детство
12. Послушноста мора да стане навика

Отсек V
ДРУГИ ОСНОВНИ ЛЕКЦИИ
13. Самоконтрола
14. Тивкост, почитување и стравопочит
15. Ракување со туѓа сопственост
16. Здравствени начела
17. Чистота на телото
18. Уредност, ред и редовност
19. Морална чистота

Отсек VI
ПОУКИ ЗА ПРАКТИЧНИТЕ ДОБЛЕСТИ
20. Корисност
21. Работливост
22. Вредност и истрајност
23. Самоодрекување, несебичност и промисленост
24. Економија и штедливост

Отсек VII
РАЗВИВАЊЕ НА ХРИСТИЈАНСКИТЕ КВАЛИТЕТИ
25. Едноставност
26. Учтивост и резервираност
27. Бодрост и благодарност
28. Вистинитост
29. Искреност и чесност
30. Самостојност и чувство за чесност

Отсек VIII
НАЈВОЗВИШЕНАТА ЗАДАЧА – РАЗВИВАЊЕ НА KAPAКTEPOT
31. Важноста на карактерот
32. Како се обликува карактерот
33. Родителската одговорност во формирањето на карактерот
34. Начини на кои карактерот се упропастува
35. Како родителите можат да градат силни карактери

Отсек IХ
ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ИЗГРАДУВАЊЕ НА КАРАКТЕРОТ
36. Предноста на раните години
37. Силата на навиката
38. Проучувајте ги годините, наклонетостите и темпераментот
39. Волјата – фактор во успехот
40. Објаснете ги со пример христијанските начела

Отсек Х
ДИСЦИПЛИНАТА И НЕЈЗИНОТО СПРОВЕДУВАЊЕ
41. Предмети на дисциплината
42. Време да се започне со дисциплина
43. Дисциплината во домот
44. Спроведување на исправна дисциплина
45. Со љубов и цврстина

Отсек ХI
ПОГРЕШНА ДИСЦИПЛИНА
46. Злото кое произлеryва од попуштањето
47. Лабавата дисциплина и нејзините плодови
48. Реакции на детето
49. Односот на роднините

Отсек ХII
РАЗВИТОК НА УМСТВЕНИТЕ СИЛИ
50. Од што се состои вистинското образование?
51. Подготовка за училиште
52. Одбирање на училиште
53. Одговорноста на црквата
54. Учителите и родителите во партнерство
55. Единство во дисциплината
56. Воспитувањето во средно училиште и на факуптет

Отсек ХIII
ОСНОВНАТА ВАЖНОСТ НА ТЕЛЕСНИОТ РАЗВОЈ
57. Физичката активност и здравјето
58. Обучување за практичен живот
59. Учење на корисни занимања
60. Познавање и послушност кон законите на животот

Отсек XIV
ОДРЖУВАЊЕ НА ФИЗИЧКА КОНДИЦИЈА
61. Домаќинката во кујната
62. Јадење за живеење
63. Умереност во сите нешта
64. Домот и делото на умереност

Отсек XV
СООДВЕТНА ОБЛЕКА
65. Благословите од прописното облекување
66. Поучување на основните начела на облекување
67. Фасцинантната сила на модата

Отсек XVI
ЗАЧУВУВАЊЕ НА МОРАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ
68. Расnространетост на расипничните пороци
69. Последици од штетните навики
70. Предупредувања и совети
71. Родителска будност и помош
72. Борба за реформа

Отсек XVII
БУДЕЊЕ НА ДУХОВНАТА СИЛА
73. Одговорност за вечните интереси
74. Секој дом треба да биде црква
75. Водењето на малите деца кон Христа
76. Подготовка за членство во црквата

Отсек XVIII
ОДРЖУВАЊЕ НА ВЕРСКОТО ИСКУСТВО
77. Библијата во домот
78. Силата на молитвата
79. Саботата – ден на задоволство
80. Стравопочит кон она што е свето
81. Координација во домот и црквата

Отсек ХIХ
ДЕНОТ НА СУДОТ
82. Доцна е часот
83. Наградите

 

Pin It on Pinterest