ПРОРОЦИ И ЦАРЕВИ

„Силата на народите и на поединците не се крие во можно­стите и средствата, кои навидум ги прават непобедливи; таа не се наоѓа ниту во нивното вообразено величие. Само Божјата сила и намера може да ги направи големи и силни. Самите тие, преку својот однос кон таа намера, одлучуваат за нивната судбина. Луѓето пишувале многу истории, но тие зборуваат за човечките достигнувања, за нивните победи во битките и за успесите во искачувањето по скалилата на световното величие. Божјата историја го опишува човекот таков каков што е во Божјите очи.”

Оваа книга Пророци и цареви – почнува со извештајот за Соломоновото славно владеење над Израел и над обединетото царство, за Господовиот Храм како средиште на вистинското богослужение. Опишани се подемите и падовите на издвоениот избран народ, кој бил растргнат меѓу верноста кон Бога и служењето на боговите на народите што живееле во Палестина.

И тука, во текот на овој толку значаен период од историјата на овој свет, јасно се гледаат драматичните докази дека меѓу Христа и сатаната се води жестока борба за срцето и преданоста на луѓето.

Книгата изобилува со извонредни описи на различни карактери – мудриот Соломон, кого мудроста не го спречувала да греши; Јеровоам, себичен политичар чиешто владеење оставило разорни последици; моќниот и храбар Илија; Елисеј, пророк на мирот и исцелувањето; Ахаз, суров и расипан човек; Езекија, верен и добро намерен владетел; Даниел, возљубен Божји човек; Еремија, пророк на тагата; Агеј, Захарија и Малахија, пророци на обновувањето. Сите нив ги надминува славата на Царот што доаѓа, Божјето Јагне, единородниот Син, во кого сите симболи ќе најдат свое исполнување.


Следува содржината на книгата „ПРОРОЦИ И ЦАРЕВИ“

ПРЕДГОВОР
ВОВЕД – ГОСПОДОВОТО ЛОЗЈЕ

I ДЕЛ – ОД КРЕПОСТ КОН СЛАБОСТ
1. СОЛОМОН
2. ХРАМОТ И НЕГОВОТО ОСВЕТУВАЊЕ
3. ГОРДОСТ ПОРАДИ УСПЕХОТ
4. ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕСТАПОТ
5. ПОКАЈАНИЕТО НА СОЛОМОН
6. ПОДЕЛБА НА ЦАРСТВОТО
7. ЈЕРОВОАМ
8. ОТПАДНИШТВОТО НА НАРОДОТ

II ДЕЛ – ПРОРОЦИ ОД СЕВЕРНОТО ЦАРСТВО
9. ИЛИЈА ТЕСВИEЦОТ
10. ГЛАС НА OСТАР УКОР
11. НА ГОРАТА КАРМИЛ
12. ОД ЕЗРАЕЛ ДО ХОРИВ
13. „ШТО БАРАШ ТУКА, ИЛИЈА?”
14. „ВО ДУХОТ И СИЛАТА НА ИЛИЈА“
15. ЈОСАФАТ
16. ПАДОТ НА АХАВОВИОТ ДОМ
17. ПОВИКОТ НА ЕЛИСЕЈA
18. „И ВОДАТА СТАНА ЗДРАВА“
19. ПРОРОК НА МИРОТ
20. НАМАН
21. КРАЈОТ НА ЕЛИСЕЕВАТА СЛУЖБА
22. „ОДИ ВО НИНЕВИЈА, ГОЛЕМИОТ ГРАД…“
23. АСИРСКОТО РОПСТВО
24. „ИЗГИНА МОЈОТ НАРОД, ЗАШТО Е ВО НЕЗНАЕЊЕ“

III ДЕЛ – ПРОПОВЕДНИК НА ПРАВДАТА
25. ПОВИКОТ НА ИСАИЈА
26. „ЕВЕ ГО ВАШИОТ БОГ!“
27. ЦАРОТ АХАЗ
28. ЦАРОТ ЕЗЕКИЈА
29. ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВАВИЛОН
30. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД АСИРИЈА
31. НАДЕЖ ЗА НЕЗНАБОШЦИТЕ

IV ДЕЛ – НА ЈУДЕЈА Ѝ ПРЕТСТОИ КАЗНА
32. МАНАСИЈА И ЈОСИЈА
33. КНИГАТА НА ЗАКОНОТ
34. ЕРЕМИЈА
35. ПРОПАСТА НАБЛИЖУВА
36. ПОСЛЕДНИОТ ЈУДЕЈСКИ ЦАР
37. ОДВЕДЕНИ ВО ЗАРОБЕНИШТВО ВО ВАВИЛОН
38. СВЕТЛИНА ВО ТЕМНИНА

V ДЕЛ – ВО ЗЕМЈАТА НА НЕЗНАБОШЦИТЕ
39. НА ВАВИЛОНСКИОТ ДВОР
40. СОНОТ НА ЦАРОТ НАВУХОДОНОСОР
41. ВО ОГНЕНАТА ПЕЧКА
42. ВИСТИНСКА ГОЛЕМИНА
43. НЕВИДЛИВИОТ СТРАЖАР
44. ДАНИЕЛ ВО ЛАВОВСКАТА ЈАМА

VI ДЕЛ – ПО ВАВИЛОНСКОТО РОПСТВО
45. ВРАЌАЊЕТО НА ИЗГНАНИЦИТЕ
46. „И СО НИВ БОЖЈИТЕ ПРОРОЦИ КОИ ГИ ПОДДРЖУВАА”
47. ИСУС И АНГЕЛОТ
48. „НЕ СО СИЛА, НЕ СО СНАГА“
49. ВО ВРЕМЕТО НА ЦАРИЦАТА ЕСТИРА
50. ЕЗДРА – СВЕШТЕНИК И КНИЖЕВНИК
51. ДУХОВНО ОЖИВУВАЊЕ
52. ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ ПРОПУШТИЛ МОЖНОСТ
53. ГРАДЕЊЕ НА ЕРУСАЛИМСКИТЕ ЅИДИШТА
54. УКОР ПРОТИВ ИЗНУДУВАЊЕТО И ГЛОБЕЊЕТО
55. СПЛЕТКИТЕ НА НЕЗНАБОШЦИТЕ
56. ПОУЧЕНИ НА БОЖИОТ ЗАКОН
57. РЕФОРМА

VII ДЕЛ – СВЕТЛИНА ВО ПРЕДВЕЧЕРИЕТО
58. ДОАЃАЊЕТО НА ОСЛОБОДИТЕЛОТ
59. „ДОМЕ ИЗРАЕЛЕВ“
60. ВИДЕНИЈА ЗА ИДНАТА СЛАВА

ПОПИС НА БИБЛИСКИТЕ СТИХОВИ
ИНДЕКС
СОДРЖИНА

Pin It on Pinterest