ПОСЛЕДНИТЕ НАСТАНИ

Сегашното време привлекува особено внимание на сите живи. Управителите и државниците, луѓе на доверливи и влијателни функции, разумни мажи и жени од сите општествени слоеви со големо внимание ги следат настаните што се случуваат околу нас. Особено ги преокупираат меѓународните односи. Тие гледаат дека некаква напнатост ги опфатила сите елементи на Земјата и сфаќаат дека се подготвува нешто големо и одлучувачко – дека светот се наоѓа на самиот раб на една многу сериозна криза.

Катастрофите на Земјата и во морето, несредената состојба во општеството, гласовите за војни, сето тоа навестува зло и најавува дека се наближуваме кон случувања од најголеми размери. Силите на злото ги зацврстуваат своите сили и ги збиваат своите редови, подготвувајќи се за последната голема криза. Наскоро во нашиот свет ќе се случат големи промени, а завршните настани бргу ќе се сменуваат.

Времето на неволји, кое ќе станува сè потешко како што ќе се приближуваме  кон  крајот, е многу блиску, пред вратата. Ние немаме време за губење. Светот е вдахновен со воинствен занос. Пророштвата од единаесеттата глава од Книгата на пророкот Даниел наскоро ќе го доживеат своето конечно исполнување.

Време на неволји – какво што немало откако е век, па до тоа време (Даниел 12,1) – е токму пред нас, а ние се однесуваме како заспаните девојки. Мораме да се разбудиме и да Го замолиме Господ Исус да нè земе во Своите вечни раце и да нè поведе низ времето на искушенија кое е пред нас.

Во светот владее сè пострашно беззаконие. Наскоро ќе настанат големи судири помеѓу народите – неволји кои нема да престанат сè до Христовото доаѓање. Ние се наоѓаме на самиот раб на времето на неволјите и нè очекуваат стравотии какви не сме ни сонувале.

Ние стоиме на прагот на кризата на столетието. Божјите судови ќе се излеваат еден по друг, меѓусебно пристигнувајќи сè – оган, поплави, земјотреси, војни и крвопролевања. Пред нас се бурни времиња, но не смееме да изговориме ниту еден единствен збор на неверување и обесхрабреност.

Бог секогаш ги предупредувал луѓето за судовите што ќе дојдат. Оние кои верувале во Неговата вест за нивното време и кои својата вера ја изразиле слушајќи ги Неговите заповеди, ги избегнале осудите што ги стасале непослушните и неверните.


Следува содржината на книгата „ПОСЛЕДНИТЕ НАСТАНИ“

СОДРЖИНА

  1. Последната криза на земјата
  2. Знаците на Христовото второ доаѓање
  3. Кога ќе биде тоа?
  4. Богослужбениот живот на остатокот
  5. Големите градови
  6. Неделни закони
  7. Измамите на сатаната во последните денови
  8. Божјиот печат и жигот на ѕверот
  9. Крај на времето на милоста
  10. Седумте последни зла и безбожниците
  11. Седумте последни зла и праведниците
  12. Христовото доаѓање
  13. Наследството на светите

Pin It on Pinterest