КОПНЕЖОТ НА ВЕКОВИТЕ
Сатаната со своето лукавство и со измама го изменил овој копнеж на човечкото срце. Луѓето ги навел да веруваат дека нивниот порив може да се уталожи со сетилни задоволства, со богатство, со удобност, со слава и моќ . Но милијарди луѓе, што ги завел тој, увидуваат дека сето тоа ја губи својата привлечност и во душата остава огромно незадоволство и подлабока празнина од онаа што ја чувствувале порано. Бог замислил овој порив, овој копнеж на човечкото срце, да се насочи кон Оној кој единствено може да го задоволи, кон Исуса Христа, во кого можат да се исполнат сите наши копнежи.
Целта на оваа книга не е да ја прикаже хармонијата на Евангелијата или да даде механички, емпириски хронолошки редослед на важните настани и поуки од Исусовиот живот. Таа прикажува како од Божјето срце блика љубов која се открила во неговиот Син Божја несебична, насфатлива, чудесна, милна, копнежлива љубов која ги прегрнува сите луѓе на оваа планета.
На нејзините страници е прикажана божествената убавина на Христовиот живот ¬ привлечна, посакувана убавина која плени сечие срце. Исус ги привлекувал учениците, и луѓето околу себе, со добрината на својот карактер, со својот допир полн со сочувство и со несебичноста на својата пожртвуваност; ги преобразувал нивните карактери постојано дружејќи се со нив, и од себични, создавал самопрегорни луѓе; од грешни праведни, од тесногради и прости, полни со предрасуди, луѓе со најшироки сознанија и со длабока љубов кон сите народи и раси. Затоа, желба на оваа книга е да го прикаже милостивиот Избавител на начин кој ќе создаде копнеж кај читателот да дојде кај него, лично, лице в лице, своето срце да го соедини со неговото и во него да го најде, како и апостолите во свое време, силниот Исус, „кој може да ги спаси за вечни векови оние кои преку него доаѓаат кај Бога“.
Тешко е да се опише животот на Исуса Христа. Тоа е слично на обидот да се наслика на платно живо виножито, или со црно-бели знаци да се запише најмилната музика.
Сепак, на страниците на ова високо вредно духовно дело, нивниот автор, Елена Вајт, вдахновена личност со длабоко и долго искуство, инспирирано открила и опишала нови убавини од Исусовиот живот. Истакнала многу нови скапоцености од таа ризница на драгоцености. Ги направила достапни богатствата за кои не може ни да се сонува. Од многу познати библиски текстови, чијашто длабина читателот уште порано само ја насетувал, блескоти нова и величествена светлина. Најконцизно кажано, Исус Христос е откриен како полнота на Божеството, бескрајно милостив Спасител на грешниците, Сонце на правдата, милостив Првосвештеник, Исцелител на сите човечки болести, нежен Пријател полн со сочувство, постојан, доследен Другар кој секогаш е готов да помогне, Кнез на Давидовиот дом, Засолниште на својот народ, Кнез на мирот, Цар кој ќе дојде, вечен Отец, врв и исполнување на копнежите и надежите на сите векови.
Следува содржината на книгата „КОПНЕЖОТ НА ВЕКОВИТЕ“
ПРЕДГОВОР
1. „БОГ Е СО НАС“
2. ОДБРАН НАРОД
3. „КОГА СЕ ИСПОЛНИ ВРЕМЕТО“
4. „ДЕНЕСКА ВИ СЕ РОДИ СПАСИТЕЛОТ“
5. ПОСВЕТУВАЊЕ
6. „ЈА ВИДОВМЕ НЕГОВАТА ЅВЕЗДА“
7. КАКО ДЕТЕ
8. ПОСЕТА НА ЕРУСАЛИМ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИКОТ ПАСХА
9. ДЕНОВИ НА БОРБА
10. ГЛАС ВО ПУСТИНА
11. ИСУС СЕ КРШТАВА
12. ИСКУШЕНИЕТО
13. ПОБЕДА
14. „НИЕ ГО НАЈДОВМЕ МЕСИЈА“
15. НА СВАДБЕНА СВЕЧЕНОСТ
16. ВО СВОЈОТ ХРАМ
17. НИКОДИМ
18. „ТОЈ ТРЕБА ДА РАСТЕ“
19. НА БУНАРОТ НА ЈАКОВА
20. „АКО НЕ ВИДИТЕ ЗНАЦИ И ЧУДА“
21. ВИТЕЗДА И СИНЕДРИОНОТ
22. ЗАТВОРАЊЕТО И СМРТТА НА ЈОВАНА
23. „СЕ ПРИБЛИЖИ ЦАРСТВОТО БОЖЈЕ“
24. „НЕ Е ЛИ ОВОЈ СИНОТ НА ДРВОДЕЛЕЦОТ?“
25. ПОВИК УПАТЕН КРАЈ БРЕГОТ НА ЕЗЕРОТО
26. ВО КАПЕРНАУМ
27. „АКО САКАШ, МОЖЕШ ДА МЕ ИСЧИСТИШ“
28. ЛЕВИЈ – МАТЕЈ
29. САБОТА
30. „И ПОСТАВИ ДВАНАЕСЕТМИНА“
31. БЕСЕДАТА НА ГОРАТА
32. РИМСКИОТ КАПЕТАН
33. КОИ СЕ МОИ БРАЌА?
34. ПОВИК
35. „СТИВНИ, МОЛКНИ!“
36. ДОПИР СО ВЕРА
37. ПРВИТЕ ЕВАНГЕЛИСТИ
38. „ДОЈДЕТЕ… И ПОЧИНЕТЕ СИ МАЛКУ“
39. „ДАЈТЕ ИМ ВИЕ ДА ЈАДАТ“
40. НОЌ НА ЕЗЕРОТО
41. ПРЕСВРТНИЦА ВО ГАЛИЛЕЈА
42. ЗА ПРЕДАНИЈАТА
43. УРНАТИ ОГРАДИ
44. ВИСТИНСКИ ЗНАК
45. ВО СЕНКАТА НА КРСТОТ
46. ИСУСОВОТО ПРЕОБРАЗЕНИЕ
47. ВО СЛУЖБА НА ДРУГИТЕ
48. КОЈ Е НАЈГОЛЕМ?
49. НА ПРАЗНИКОТ СЕНИЦИ
50. МЕЃУ СТАПИЦИ
51. „СВЕТЛИНА НА ЖИВОТОТ“
52. БОЖЕСТВЕН ПАСТИР
53. ПОСЛЕДНО ПАТУВАЊЕ ОД ГАЛИЛЕЈА
54. МИЛОСТИВИОТ САМАРЈАНЕЦ
55. ЦАРСТВОТО БОЖЈЕ НЕМА ДА ДОЈДЕ ВИДЛИВО
56. ИСУС ГИ БЛАГОСЛОВУВА ДЕЦАТА
57. „ЕДНО ТИ НЕДОСТИГА“
58. „ЛАЗАРЕ, ИЗЛЕЗИ НАДВОР!“
59. ЗАГОВОР НА СВЕШТЕНИЦИТЕ
60. ЗАКОН НА НОВОТО ЦАРСТВО
61. ЗАХЕЈ
62. ГОЗБА ВО ДОМОТ НА СИМОНА
63. „ИДЕ ТВОЈОТ ЦАР“
64. ОСУДЕН НАРОД
65. ПОВТОРНО ЧИСТЕЊЕ НА ХРАМОТ
66. СУДИР
67. ИСУС ГИ КОРИ ФАРИСЕИТЕ
68. ВО ПРЕДВОРЈЕТО НА ХРАМОТ
69. НА МАСЛИНСКАТА ГОРА
70. „НА ЕДЕН ОД ОВИЕ МОИ НАЈМАЛИ БРАЌА“
71. СЛУГА НА СЛУГИТЕ
72. „ЗА МОЈ СПОМЕН“
73. „ДА НЕ СЕ ВОЗНЕМИРУВА ВАШЕТО СРЦЕ!“
74. ГЕТСИМАНИЈА
75. ПРЕД АНА И КАЈАФА
76. ЈУДА
77. ВО СУДНИЦАТА НА ПИЛАТА
78. ГОЛГОТА
79. „СЕ СВРШИ!“
80. НА ГРОБОТ НА ЈОСИФА
81. „ГОСПОД СТАНА“
82. „ЗОШТО ПЛАЧЕШ?“
83. НА ПАТОТ КОН ЕМАУС
84. „МИР ВАМ“
85. УШТЕ ЕДНАШ КРАЈ МОРЕТО
86. „ОДЕТЕ И СИТЕ НАРОДИ СТОРЕТЕ ГИ МОИ УЧЕНИЦИ“
87. „КАЈ МОЈОТ ОТЕЦ И КАЈ ВАШИОТ ОТЕЦ“
ПОПИС НА БИБЛИСКИТЕ СТИХОВИ
ИНДЕКС
СОДРЖИНА