ХРИСТОВИТЕ ПАРАБОЛИ
За да ни помогне да се запознаеме со неговиот карактер и со неговиот живот, Исус зел наша човечка природа и живеел меѓу нас. Божественото се открило во човечкото – невидливата слава во видлива човечка лика. За непознатото луѓето можеле да учат од познатото; небесното се откривало преку земното; Бог се претставил во човечка лика. Таков бил Исусовиот начин на поучување; непознатото било насликано со познатото, божествените вистини со земни поими со кои луѓето биле добро запознати.
Писмото кажува: „Сето ова Исус му го кажа на народот во параболи (споредби) и без параболи ништо не говореше, за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: ,Ќе им зборувам во параболи; ќе го објавам скриеното од настанувањето на светот’” (Матеј 13, 34.35). Земното е прикажувано со духовното; појавите во природата и животните искуства на неговите слушатели се поврзувани со вистините на пишаната Реч. Водејќи ги така од земното кон духовното царство, Христовите параболи, земени од обичниот живот, станувале алки во синџирот на вистината што го поврзува човекот со Бога, земјата со небото.
Во оваа книга неговите параболи се поделени, разработени и илустрирани тематски. Книгата е полна со вистински скапоцености и на многу читатели ќе им помогне посестрано да ја запознаат вредноста и важноста на она со што се опкружени во својот секојдневен живот.
Следува содржината на книгата „ХРИСТОВИТЕ ПАРАБОЛИ“
ПРЕДГОВОР
ПАРАБОЛИТЕ ОД ЖИВОТОТ – БОГАТ ИЗВОР НА ПОУКИ
“ИЗЛЕЗЕ СЕЈАЧ ДА СЕЕ”
НАЈПРВО СТЕБЛЕНЦЕ, ПОТОА КЛАС”
КАКОЛ
“ПРИЛЕГА НА СИНАПОВО ЗРНО
ДРУГИ ПОУКИ ОД СЕЕЊЕТО НА СЕМЕТО
“НЕБЕСНОТО ЦАРСТВО Е СЛИЧНО НА КВАСЕЦ”
СКРИЕНО БОГАТСТВО
СКАПОЦЕН БИСЕР
МРЕЖА
НОВО И СТАРО
ДА БАРАМЕ ЗА ДА ДАВАМЕ
ДВАЈЦА МОЛИТЕЛИ
БОГ ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ СВОИТЕ ИЗБРАНИЦИ
“ОВОЈ ПРИМА ГРЕШНИЦИ”
ЗАГУБЕН И НАЈДЕН
“ОСТАВИ ЈА УШТЕ ОВАА ГОДИНА”
“ИЗЛЕЗИ ПО ПАТИШТАТА И МЕЃУ ОГРАДИТЕ”
МЕРКА НА ПРОШТАВАЊЕТО
ДОБИВКА ШТО ПРЕТСТАВУВА ЗАГУБА
НЕПРЕМОСТЛИВАТА БЕЗДНА ПРЕМОСТЕНА
ЗБОРОВИ И ДЕЛА
ГОСПОДОВО ЛОЗЈЕ
БЕЗ СВАДБЕНА ОБЛЕКА
ТАЛАНТИ
“СОЗДАДЕТЕ СИ ПРИЈАТЕЛИ ПРЕКУ НЕПРАВЕДНО БОГАТСТВО!”
“КОЈ Е МОЈ БЛИЖЕН?”
НАГРАДА НА МИЛОСТА
ВО ПРЕСРЕТ НА МЛАДОЖЕНЕЦОТ
СОДРЖИНА