ДЕЛАТА НА АПОСТОЛИТЕ
Со својата содржина оваа книга комплетно ги покрива активностите на ранохристијанската, апостолската црква која, под водство на Светиот Дух, што го примила на Духовден, постигнала силен подем и сјајни резултати при ширењето на Христовото евангелие со кое била проникната, уривајќи ги при тоа тврдините на паганството и христијанизирајќи ги многубожечките народи. Со евангелието како „Божја сила“ во срцето и на усните, црквата успешно ги премавнувала сите бариери и ѕидишта што ги подигал сатаната пред неа и ги совладувала многубројните внатрешни и надворешни проблеми и тешкотии со кои се соочувала незапирливо напредувајќи и освојувајќи безброј нови срца за Христовото царство.
На страниците на оваа книга се поместени извонредни извештаи за животот и работата на Христовите ученици, наречени апостоли кои, гонети од невидена љубов во срцето и од огнен дух во градите, ја исполнувале заповедта на својот сакан Учител и Господ, Исус Христос, што им ја дал по своето воскресение, пред да замине на небото: „Одете по целиот свет и проповедајте му го евангелието на секое создание!“ (Марко16,15).
Во неа се среќаваме со неуморниот апостол Павле, со неговата бесмртна, пламена ревност за Христа, со тој ненадминат колерик кој во ореова лушпа би го препловил и Пацификот само да го однесе евангелието во најдалечните краишта на земјата. Да, со Павле кој знамето на Христовото евангелие го подигнал дури и во домот на римскиот цезар, во паганскиот Рим, кој во тоа време управувал со светот со железна тупаница.
Со очите насочени кон небото, обземен од неискажливите вечни рајски убавини, што пред тоа бил почестен од Бога да ги види и што ќе има можност да ги ужива заедно со спасените, Павле и не го забележал мечот на џелатот над себе, ниту почувствувал кога главата му се стркалала на губилиштето.
Го посматраме и импулсивниот Христов ученик и апостол, Петар, кој со факелот на евангелието осветлил многу срца во многу краишта на светот и кој од сува дреновина, сушена девет години на черен, ќе исцеди чаша вода само да ги напои жедните за праведност, за вечен мир, радост и спокојство, што ќе ги уживаат во Христовото царство. Со таква надеж и вера во срцето заспал во Господа и овој апостол, распнат на крст со главата удолу.
Тука е и омилениот Христов ученик, апостол Јован, наречен апостол на љубовта, кој заради својата преданост кон својот сакан Учител и кон задачата што била поставена пред него како апостол, бил изложен на неверојатни тешкотии и грубости, фрлен во котел со вриено масло во Рим и протеран како изгнаник на пустиот остров Патмос, во Егејско Море, каде што го добива од Христа Откровението или Апокалипсата.
Авторот во книгата нè запознава со севкупното дело на Божјите пратеници, апостолите, опишано и во нивните посланија, кои се феноменален извор на информации и сознанија за развитокот на Христовата црква во првиот век, кога се поставувале темелите на изворното библиско христијанство, чиишто потомци треба да бидеме и ние денеска, се разбира, ако сакаме, заедно со апостолите, со милиони верни и предани христијани од сите векови и од сите народи, со нивниот и нашиот Учител и Спасител Исус Христос, да ја делиме вечноста во неговото царство.
Следува содржината на книгата „ДЕЛАТА НА АПОСТОЛИТЕ“
ПРЕДГОВОР
1. БОГ ИМА ЦЕЛ ЗА СВОЈАТА ЦРКВА
2. ИСУС ГИ ОБУЧУВА ДВАНАЕСЕТТЕМИНА УЧЕНИЦИ
3. ГОЛЕМ НАЛОГ
4. ПЕДЕСЕТНИЦА
5. ДАР – СВЕТИОТ ДУХ
6. ПРЕД ЦРКОВНАТА ПОРТА
7. ОПОМЕНА ПРОТИВ ЛИЦЕМЕРСТВОТО
8. ПРЕД СИНЕДРИОНОТ
9. СЕДУМ ЃАКОНИ
10. ПРВИОТ ХРИСТИЈАНСКИ МАЧЕНИК
11. ЕВАНГЕЛИЕТО ВО САМАРИЈА
12. ОД ПРОГОНУВАЧ ДО УЧЕНИК
13. ДЕНОВИ НА ПОДГОТОВКА
14. ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА БАРАЛ ВИСТИНАТА
15. ИЗБАВЕН ОД ЗАТВОР
16. ЕВАНГЕЛСКАТА ПОРАКА ВО АНТИОХИЈА
17. ВЕСНИЦИ НА ЕВАНГЕЛИЕТО
18. ЕВАНГЕЛИЕТО ИМ СЕ ПРОПОВЕДА НА НЕЗНАБОШЦИТЕ
19. ЕВРЕИ И НЕЗНАБОШЦИ
20. ВОЗДИГАЊЕ НА КРСТОТ
21. ВО ДАЛЕЧНИ КРАИШТА
22. СОЛУН
23. ВЕРЕЈА И АТИНА
24. КОРИНТ
25. ПОСЛАНИЈАТА ДО СОЛУЊАНИТЕ
26. АПОЛО ВО КОРИНТ
27. ЕФЕС
28. ДЕНОВИ НА ТЕШКИ НАПОРИ И НЕВОЛЈИ
29. ПОРАКА ПРОНИКНАТА СО ОПОМЕНА И СО СЕСРДНА МОЛБА
30. ПОВИК ЗА ПОВОЗВИШЕН ЖИВОТ
31. ПРИФАТЕНА ПОРАКА
32. ДАРЕЖЛИВА ЦРКВА
33. РАБОТА ВО ТЕШКИ ОКОЛНОСТИ
34. ПОСВЕТЕНА СЛУЖБА
35. СПАСЕНИЕ ЗА ЕВРЕИТЕ
36. ОТПАД ВО ГАЛАТИЈА
37. ПОСЛЕДНО ПАВЛОВО ПАТУВАЊЕ ВО ЕРУСАЛИМ
38. ПАВЛЕ – ЗАТВОРЕНИК
39. СУДЕЊЕ ВО ЦЕЗАРЕЈА
40. ПАВЛЕ САКА ДА МУ СЕ ОБРАТИ НА ЦАРОТ
41. „УШТЕ МАЛКУ ПА ЌЕ МЕ НАГОВОРИШ!“
42. ПЛОВИДБА И БРОДОЛОМ
43. ПАВЛЕ ВО РИМ
44. ВЕРНИЦИ НА ДВОРОТ НА ЦЕЗАРОТ
45. ПОСЛАНИЈА ОД РИМ
46. ПАВЛЕ УШТЕ ЕДНАШ НА СЛОБОДА
47. ПОСЛЕДНО ПАВЛОВО АПСЕЊЕ
48. ПАВЛЕ ПРЕД НЕРОНА
49. ПОСЛЕДНО ПОСЛАНИЕ НА ПАВЛЕ
50. ПАВЛЕ ОСУДЕН НА СМРТ
51. УШТЕ ЕДЕН ВЕРЕН ПОТПАСТИР
52. НЕПОКОЛЕБЛИВ ДО КРАЈ
53. ОМИЛЕНИОТ АПОСТОЛ ЈОВАН
54. ВЕРЕН СВЕДОК
55. ПРЕОБРАЗЕН СО БЛАГОДАТТА
56. ПАТМОС
57. ОТКРОВЕНИЕ
58. ПОБЕДОНОСНА ЦРКВА
ПОПИС НА БИБЛИСКИТЕ СТИХОВИ
ИНДЕКС