(продолжува од претходниот ден) Се зборувало и за чуда што се случувале во полза на таа заповед. Меѓу другото се зборувало и тоа дека на еден селанец, кој во недела сакал да ја оре нивата, парче железо цврсто му се забило во раката кога со него го чистел плугот и морал да го носи насекаде со себе две години, „со голема болка и срам“(Francis West, Historical and Practical Discourse on the Lord’s Day, page 174).
Подоцна папата наредил свештеникот во својата парохија да ги предупредува оние што ја престапуваат неделата и да бара од нив да одат во црква да се молат за да не навлечат голема несреќа на себе и на своите соседи. Еден црковен собор изнел доказ, кој од тоа време толку често се наведувал, дури и од страна на протестантите, дека неделата мора да биде ден за одмор, зашто луѓето што работеле во тој ден биле погодени од гром. „Очигледно е“, велеле бискупите, „дека Бог многу се гневи на оние што го презираат тој ден.“ Тогаш е упатен повик до свештениците, проповедниците, кралевите, кнезовите и сите верници „да вложат најголеми напори и сета грижа, на овој ден повторно да му се врати честа и во иднина да биде поревносно празнуван за добро на христијанството“ (Thomas Morer, Discourse in Six Dialogues on the Name, Notion, and Observation of the Lord’s Day, page 271).
Бидејќи одлуките на црковните собори се покажале недоволни, побарано е од световните власти да издадат наредба која кај народот ќе натера страв и ќе го присили во недела да се воздржува од работа. На еден синод, одржан во Рим, повторно се потврдени со уште поголема сила и свеченост сите поранешни одлуки, потоа се придружени кон црковните закони и со помош на граѓанските власти наметнати на целиот христијански свет (види: Heylyn, History of the Sabbath, pt. 2, ch. 5, sec. 7).
Покрај сето тоа, недостигот од библиски докази во прилог на празнувањето на неделата бил причина за голема забу на. Народот им го оспорувал правото на своите учители да ја отфрлат јасната Господова изјава: „А седми ден е сабота, починка посветена на твојот Господ Бог“, за да го празнуваат денот на Сонцето. За да се потполни празнината поради недостигот од библиски докази, биле потребни други средства. Еден ревносен бранител на неделата, кој кон крајот на дванаесеттиот век ги посетил црквите во Англија, наишол на отпор кај верните сведоци на вистината. Неговиот труд бил безуспешен и за извесно време ја напуштил Англија за да пронајде некој подобар доказ со кој би го поткрепил своето учење. Кога се вратил, го имал она што му било потребно. Сега во својата работа имал поголем успех, зашто донел со себе свиток хартија за кој тврдел дека паднал од небото, а кој ги содржел саканите прописи во врска со празнувањето на неделата и страшните закани упатени до непокорните. Овој драгоцен спис исто така беден фалсификат како и самата установа што ја поддржувал се тврдело дека паднал од небото и дека бил најден во Ерусалим, на олтарот на свети Симеон, на Голгота. Всушност, папската палата во Рим била местото од каде што излегол тој. За да се зголеми силата и успехот на црквата, папската хиерархија во сите времиња сметала дека е дозволено да се служи со лаги и измами.
Овој спис забранува секаква работа од девет часот, однос но од три часот во сабота попладне, па сè до изгревање на сонцето во понеделник. Се тврдело дека вистинитоста на овој спис е потврдена со многу чуда. Се зборувало дека луѓето кои работеле во забранетото време биле парализирани. Еден воденичар, кој се обидел да меле жито, видел дека, наместо брашно, тече крв, а воденичното тркало не се вртело наспроти силната водна струја. Една жена, која ставила тесто во печка, го нашла непечено кога го извадила иако печката била силно усвитена. Една друга жена, која приготвила тесто да го пече во сабота по три часот попладне, но сепак, решила да го остави до понеделник, следниот ден утврдила дека Божјата сила направила од тестото лебови и ги испекла. Еден човек, кој во сабота по три часот попладне печел леб, следното утро, кога го скршил, забележал дека од него тече крв. Со вакви смешни и празноверни измислици борците на неделата настојувале да ја докажат нејзината светост (види Roger de Hoveden, Annals, vol. 2, pp. 526-530).
Во Шкотска и во Англија е обезбедено поголемо почитување на неделата со тоа што со неа се соединил дел на старата сабота. Но времето што требало да се празнува се користело различно. Со еден декрет на шкотскиот крал е наредено „саботата да се смета за света од дванаесет часот на пладне“ и никој, сè до понеделник изутрина, не смее да се занимава со световна работа (Morer, pages 290, 291).
Но, и покрај сите овие напори да се утврди светоста на неделата, самите папски приврзаници јавно го потврдувале божествениот авторитет на саботата и човечкото потекло на неделата што ја заменила. Во шеснаесеттиот век, еден папски собор јасно изјавил: „Сите христијани треба да се сетат дека седмиот ден Бог го посветил, и дека го прифатиле и го празнувале не само Евреите, туку и сите што тврделе дека го почитуваат Бога. Што се однесува до нас, христијаните, ние нивната сабота сме ја замениле со Господовиот ден (со недела, заб. на прев.)” (Исто, pages 281, 282).
Оние што се осмелиле да го променат Божјиот закон, навистина биле свесни за сериозноста на своето дело. Тие свесно се издигнале над Бога. (продолжува)