(продолжува од претходниот ден) Раздорот на црквата со своите кавги и со својата расипаност го приготвил патот на реформацијата, овозможувајќи му на народот да ја запознае вистинската природа на папството. Во својата расправа „За раздорот на папите“ (On The Schism of the Popes), Виклиф ги повикувал луѓето сериозно да размислат дали двајцата папи ја зборуваат вистината кога еден со друг се нарекуваат антихрист. „Бог“, велел тој, „не сакаше подолго да трпи непријателот да владее само преку еден таков свештеник… туку дозволи меѓу нив да настане расцеп, та верните, во Христово име, да можат полесно да ги победат двајцата“ (R. Vaughan, Life and Opinions of John de Wycliffe, vol. 2, p. 6). Виклиф, како и неговиот Учител, им го проповедал евангелието на сиромасите. Бил незадоволен светлината на вистината да се шири само во скромните домови на неговата парохија во Латерворт и затоа решил вистината да ја однесе во сите делови на Англија. За да го постигне тоа, организирал група проповедници, едноставни и побожни луѓе кои ја љубеле вистината и не сакале ништо толку колку да ја рашират. Овие луѓе оделе на сите страни, ја проповедале вистината на плоштадите, на улиците во големите градови и по селата. Ги посетувале старите, сиромасите и болните и им ја објавувале радосната вест на Божјата милост.

Како професор по теологија во Оксфорд, Виклиф ја проповедал Божјата реч во салите на универзитетот. Тој толку верно им ја изнесувал вистината на своите студенти, што го нарекле „евангелски учител“. Но, најголемо дело на неговиот живот бил преводот на Светото писмо на англиски јазик. Во своето дело „За вистината и за значењето на Светото писмо“ изјавил дека има намера да го преведе Светото песмо за секој Англичанец на својот јазик да може да чита за прекрасните Божји дела.

Меѓутоа, одненадеж неговата работа била прекината. Иако уште немал шеесет години, интензивното учење, постојаната напорна работа и нападите од страна на неговите непријатели ја ослабиле неговата сила и тој предвреме остарел. Се разболел од една опасна болест. Веста за тоа ги израдувала калуѓерите. Мислеле дека тој горко ќе се покае за злото што ѝ го нанел на црквата и побрзале во неговата соба да ја слушнат неговата исповед. Четири верски редови пратиле свои пратеници кои, заедно со четири световни чиновници, го опкружиле овој човек за кого сметале дека се наоѓа на претсмртна постела. Му велеле: „Смртта ти е на усните, покај се за своите гревови во наше присуство и негирај го она што го зборуваше против нас.“

Реформаторот мирно слушал, а потоа го замолил својот слуга да го подигне на постелата и, насочувајќи го решително погледот кон тие што чекале негово откажување, им рекол со силен и цврст глас кој често ги присилувал да треперат: „Јас нема да умрам, туку уште ќе живеам и понатаму ќе ги жигосувам лошите дела на калуѓерите­питачи (D’Aubigne). Збунети и вчудовидени со ваквиот одговор, калуѓерите бргу ја напуштиле собата. Зборовите на Виклифа се исполниле. Тој живеел и понатаму за да им го даде на своите сограѓани најсилното од сите средства против Рим ­ Светото писмо, тоа од небото одредено средство за ослободување, за про ветлување и за преобратување на народот. За да се изврши тоа дело, било потребно да се совладаат големи пречки. Виклиф физички многу ослабел. Знаел дека му преостануваат за работа само уште неколку години. Го видел отпорот со кој ќе се судри, но охрабрен со ветувањето на Божјата реч, одел храбро напред. Особено Божјето провидение му ја сочувало неослабена интелектуалната моќ и богатото искуство и на тој начин го приготвило токму за ова најголемо него во дело. Додека во целото христијанство владеел немир, реформаторот во својата парохија во Латерворт, не обрнувајќ и внимание на луњата што беснеела надвор, му се посветил на своето избрано дело.

Најпосле работата била готова ­ првиот превод на Библијата на англиски јазик бил завршен. Сега реформаторот не се плашел ниту од затвор ниту од ломача. На англискиот народ му го предал во раце виделото што никогаш не смеело да се угасне. Давајќи им го на своите земјаци Светото писмо, тој сторил повеќе да се раскинат синџирите на незнаењето и порокот и својот народ да го ослободи и да го подигне, отколку што го сториле тоа најславните победи на бојното поле.

Бидејќи печатарската вештина била уште непозната, нови преписи на Библијата можеле да се добијат само со стрплив и на порен труд. Интересот за таа Книга бил толку голем, што мнозина доброволно се посветувале на нејзино препишување; но сепак, не можеле да ги задоволат сите што ја барале. Некои побогати купувачи сакале да го имаат целиот препис на Светото писмо. Други купувале само одделни делови на Божјата реч. Често се согласувале по неколку семејства да набават еден заеднички примерок. Така Виклифовиот превод на Библијата бргу го нашол патот до домовите на англискиот народ.

Обраќајќи му се на здравиот човечки разум, Виклиф го разбудил народот од неговата пасивна потчинетост на папските догми. Тој проповедал наука со која подоцна се одликувал протестантизмот: спасение со вера во Христа и непогрешност на Светото писмо. Проповедниците што ги праќал тој го ширеле Светото писмо и реформаторските списи со таков успех што новата вера ја примиле речиси половината од англискиот народ. (продолжува)

Pin It on Pinterest