Исус рекол:И ви реков сега, пред да се збидне, за да поверувате кога ќе се збидне.“ (Јован 14:29). Исус не очекува од своите следбеници  да покажaт слепа вера. Нашата увереност во Неговото ветување засновано е на докази на Неговата добрина и сила која веќе сме ја виделе. Кога покажуваме вера, таа расте од мало семе до силно дрво кое може да ги поднесе ветровите на лажната наука и неверување. Во своето ветување до учениците, Исус изјавил дека верата може да се акумулира. Не само што им рекол дека ќе им изгради вера, туку и како таа ќе биде изградена. Тие ќе видат исполнување на Неговите зборови, и ќе веруваат. Ова ќе ги оспособи да веруваат и на оние Негови зборови кои сеуште не се исполниле.

Слично е и со исполнување на зборовите на Елена Вајт. Таа била само посредник преку кого Светиот Дух работел. Па сепак, нејзините зборови постојано се покажувале вистинитии со помош на науката и преку искуствата. Да разгледаме некои од нејзините учења во светлината на современите истражувања.

 

Цигарите

Фактот дека Елена Вајт зборувала за цигарите како „бавен, подмолен но најопасен отров“ не нè изненадува денес, со оглед дека медицината како наука толку јасно ги разоткрила смртоносните пследици од пушењето. Но мораме да споменеме дека дури 1957-ма година Американското здружение за рак заклучило дека пушењето е фактор кој предизвикува рак на белите дробови.

Кога Елена Вајт го дала својот совет, нејзините зборови не биле многу забележани. Откако пушењето се зголемило во текот на Првата светска војна, поминало околу 20 години пред да дојде до голема жетва на жртвите од рак на бели дробови и други болести. Понатаму, медицината ја докажала врската помеѓу пушењето и срцевите заболувања, инфаркт, мозочен удар, остеопороза, хроничен бронхит, емфизем и спонтан абортус – како и заболувањето од рак на белите дробови и рак на другите органи. Зачудувачки е дека луѓето, во време кога Елена Вајт го дала својот совет, го употребувале тутунот како лек за болести на белите дробови!

 

Значајни здравствени совети:

Рак

Веројатно најрадикалната работа која Елена Вајт ја кажала за ракот била дека тој е „бацил“. Таа тврдела дека овие бацили се прнесувале на луѓето најчесто по пат на конзумација на животинско месо, кое станувало „сè поболно“.

Не само што вегетаријанизмот станал многу популарен од тогаш, туку е докажана и теоријата за „бацили“.  Во 1956-та година др. Вендел Стенли, вирусолог на Универзитетот Калифорнија, изјавил дека „вирусите ги предизвикуваат повеќето или сите облици на рак кај луѓето.“ Како што се продолжило истражувањето, Роберт Хебнер, шефот на Лабораторијата за заразни болести при Националниот институт за здравје, заклучил дека „не постои ниту најмал сомнеж во нашите умови дека ракот го предизвикуваат вируси.“

 

Преднатално влијание

Уште еднаш, како предвесник, Елена Вајт го навела значењето на преднаталното влијание уште во 1865-та година. „Раздразливоста, нервозата и потиштеноста која ја изразува мајката, ќе го одбележи карактерот на нејзиното дете “, рекла, додавајќи подоцна: „За доброто на детето ќе влијаат навиките на мајката.“

Деведесет и четири години подоцна, др. Ешли Монтагу потврдил дека „мајките кои во текот на бременоста преживуваат сериозни емотивни страдања често добиваат деца со очигледно раздразлив и хиперактивен нервен систем.“

 

Сонцето

Во 1865 година, Елена ги препорачала свежиот воздух и сонцето во домовите како сретство за прочистување на воздухот. Таа напишала: „собите кои не се изложени на светлина и воздух стануваат загадени… Атмосферата во овие соби е отровна, бидејќи не е прочистена со светлина и воздух.“

Околу 80 години подоцна, др. Лоренс П. Гарод, професор по бактериологија на Универзитетот Лондон, го проучувал влијанието на сончевата светлина на бактериите во прашината на болничката соба. Открил дека „обичната дифузна светлина, дури и во Англија, може да биде смртоносна за бактериите.“

Постојат уште многу други аспекти поврзани со здравствената реформа за кои Елена Вајт зборувала и пишувала, многу порано, пред официјалната наука да дојде до истите тие заклучоци. Прашањето кое се поставува е: „Од каде сите тие сознанија на некого што немал завршено ни четврто одделение?“ Сознанија кои биле пред нејзиното време. Веруваме дека истите се должат на тоа што Бог ѝ ги открил по натприроден пат. Искрениот истражувач неможе да ги игнорира овие авангардни сознанија во областа на здравството, сметајќи ги само како производ на човечко размислување и заклучување.

Pin It on Pinterest