Библијата обезбедува 10 клучни индикатори кои одредуваат дали некоја личност навистина ја примила визијата од Бога. Тие фактори се:
- Предвидувањата на вистинскиот пророк се исполнуваат (Еремија 28,9)
- Пророкот дава слава на Бога, а не на себе си (Јован 16,13)
- Пророкот не дава свое лично толкување (2-ро Петрово 1,20.21)
- Пророкот укажува на гревот (Михеј 3,5-8)
- Пророкот предупредува за судот (Исаија 24,20.21)
- Пророкот ја просветлува црквата (1-во Коринтјани 14,3.4)
- Неговата порака е во согласност со Библијата (Исаија 8,20)
- Пророкот учи дека Исус дошол во тело. (1-во Јованово 4,1-3)
- Пророкот го има Христовиот карактер (Матеј 7,16-20)
- Пророкот се покорува на Божјата волја (5-та Мојсеева 18,18)
Модерните спиритисти не ги исполнуваат овие услови.Нивните предвидувања најчесто не се исполнуваат. Тие често повеќе се заинтересирани за стекнување на слава отколку да го прославуваат Бога. Тие многу ретко укажуваат на грев или предупредуваат за судот. Тие често пропагираат астрологија, читање на судбината од дланка, реинкарнација и повикување на духови – а сето тоа е осудено со Божјата реч.
Тие дури не се придржуваат до библиското учење, ниту ја учат христијанската наука за отелотворувањето на Исуса Христа. Последиците од нивното учење, како и нивниот живот често се многу поразлични од учењата во Библијата. Исус за нив рекол: ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци. Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?“ ( Матеј 7,15.16 ; Библија)