Елена Вајт позади себе оставила силно влијание на системот на христијанското воспитување ширум светот. Не само со нејзиното ново истакнување на филозофијата на воспитување заснована на библиски принципи, туку и со нејзиното лично учество во основање и рзвој на училиштата на три континенти.
Нејзиното разбирање на целта на христијанското воспитување е собрано во нејзината книга Воспитување:
„Да се обнови во човекот ликот на неговиот Создател, да се врати во состојбата на првично совршенство, да се поттикне развојот на неговото тело, умот и душата, за да биде остварена божествената цел на создавањето – тоа е делото на откупувањето. Тоа е целта на воспитувањето, возвишената цел на животот.“ (стр. 15,16) Таа верувала дека оваа темелна цел на воспитувањето, од најрани години па низ образованието, имала за цел да го охрабри полниот развој на личните способности на секој ученик, тоа „развивање на сите наши способности е наша вистинска должност кон Бога и нашите ближни.“ (Христовите параболи стр 329) . Со други зборови, на учениците им било предизвик да „досегнат до највисоката точка на интелектуална величина… ако го урамнотежат со религиозните принципи“ (Fundamentals of Christian Education, стр. 48).
Понатаму, Елена Вајт посебно го истакнувала значењето од здружување на интелектуалните стремежи со потребата да „знаат некој занает и да имаат некоја професија, со која во случај на потреба би можеле да заработуваат сретства за живот.“ (Воспитување стр. 218). Таа инсистирала на компетентност на учителите да би биле во состојба да го премостат јазот помеѓу религијата и теологијата, помеѓу искуствата во било кое поле со знаење кое се стекнува во училницата. Всушност, личните навики на учителот се сметани за позначајни од книжевните квалификации.
Елена Вајт се залагала за разновидно воспитување и тоа уште од пониските одделенија. Физичката работа и рекреација биле потребни секојдневно за да ги урамнотежат менталните напори кои биле потребни за секојдневното интензивно читање на книги. Така урамнотеженото истакнување го исполнило нејзиниот воспитен модел на хармоничен рзвој на ментални, физички и духовни вештини на студентите.
Во нејзиниот повик за вложување во интелектот за да се биде полезен на Бога и колегите, студентот бил охрабруван да не биде само сенка на другите во развојот на нивните лични убедувања. Тие би требало да ги сфатат големите факти на должностите, а не да бидат робови на околностите.
Елена и Џејмс биле првите во основање на религиозен колеџ, академии и основни училишта, често водејќи ги тие проекти вложувајќи ги своите пари или земајќи позајмици од банките. 1872-ра година, тие го воделе основањето во Батл Крик, Мичиген.
Во 1882-ра година, Елена била доста ангажирана во основање на Пацифик Јунион колеџот во Калифорнија, која денес е еден од најдобрите колеџи за уметност во таа земја. Едно друго врвно достигнување било упорното водство на Елена Вајт во основањете на деноминациското медицинско – стоматолошко училиште во Лома Линда во Калифорнија.