Иако бројот на делата на Елена Вајт е преголем за да би можеле сите тие да бидат споменати тука, сепак издвојуваме уште неколку дела во кои можете да го откриете обемот и ширината на нејзинито животно дело, и со сигурност да пронајдете уникатни бисери за себе.

 

„Христовите параболи“
Параболите преку кои Исус поучувал се претставени во ново светло, покажувајќи ја нивната примена на христијанскиот живот денес. Елена Вајт ги испитува длабочините на омилените Исусови учења. Некои велат дека таа книга е најголем теолошки предизвик напишан некогаш, а сепак е толку едноставна за разбирање.

 

„Воспитување“
„Воспитување“ зборува за единствена и предизвикувачка идеја дека „делото  на воспитување и делото на откупување се истото дело“. Конечна цел на секое учење треба да биде подобро разбирање на нашиот Создател и Откупител и дека тоа разбирање се одразува во нашите лични животи. Оваа единствена перспектива на прикажување на целите и можноста за воспитување од најраните детски години, па сè до стекнување на диплома на факултет, ја вбројува оваа книга меѓу бестселерите веќе 100 години.

 

„Здравје и среќа“
„Здравје и среќа“ дава многустран поглед на принципите на здравото живеење, почнувајќи од Исусовата служба, па протегајќи се до животот и службата на секој христијанин.

 

„Мисли од Гората на блаженствата“
„Мисли од Гората на блаженствата“ е богат коментар на најважната проповед која е некогаш изнесена. Оваа книга нуди студија и коментари на клучните стихови од Исусовата проповед на Гората, вклучувајќи ги и блаженствата и Господовата молитва. Особено, со посебните изрази, таа истакнува како треба да се живее на оваа земја со останатите луѓе, така што ќе можеме да добиеме вечен живот.

 

„Сведоштва за црквата“
Серија од девет книги, во кои се понудени совети од Елена Вајт во врска со практичниот духовен живот, духовното водство на црквата, покривајќи широка разновидност на ситуации, преку вклучување и многу лични писма напишани до членовите на црквата. Принципите во тие писма се релеванти и за нас денес.

Pin It on Pinterest