По ова ќе го излеам Мојот Дух на секое тело, и вашите синови и ќерки ќе пророкуваат, вашите старци ќе сонуваат соништа, а вашите момчиња ќе гледаат виденија. Па и на слугите и на слугинките ќе го излеам Мојот Дух во оние денови. Ќе покажам знаци на небото и на земјата, крв и оган и столбови дим. 31 Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, пред да настапи Господовиот Ден, голем и страшен. (Јоил 2:28-31 ; Библија) И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против остатокот од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво. (Откровение 12:17 ; Библија) И паднав пред неговите нозе, да му се поклонам; и ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.” (Откровение 19:10 ; Библија) И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!” (Откровение 22:8-9 ; Библија)
s
Доколку се одлучите да го читате/гледате она што следува на оваа страна, ве упатуваме најпрвин да го прочитате текстот кој е напишан во секцијата ЗА НАС (доколку веќе не сте го прочитале). Исто така, наша препорака е да ги читате/гледате материјалите по редоследот по кој се поставени.

Односот помеѓу принципот SOLA SCRIPTURА и списите на Елена Вајт

Не гаснете го Духот! Не презирајте ги пророштвата, испитувајте сè, задржувајте го доброто. (1-во Солунјаните 5:19-21 ; Библија)
Како адвентистите за себе може да тврдат дека се базираат на SOLA SCRIPTURA принципот, додека истовремено ги прифаќаат списите на Елена Вајт со пророчки авторитет? Па зарем прифаќањето на списите од Елена Вајт како пророчки списи, авотматски не го поништува SOLA SCRIPTURA принципот?
Пол Харви, радио спикер и колумнист, во неговата пладневна ABC радио програма, на 27-ми септември, 1997-ма година, го изјавил следново, поврзано со Елена Вајт: „Нејзините списи се преведени на 148 јазици. Повеќе од Маркс или Толстој, повеќе од Агата Кристи, повеќе од Вилијам Шекспир. Дури сега светот почнува да ги цени нејзините препорачани совети за оптимално духовно и физичко здравје. Елена Вајт! Не знаете за нејзе? Запознајте ја!“ Која била Елена Вајт? Кои се коментарите на нејзините современици за нејзината личност и дело? Кое било политичкото и социјално опкружување во времето кога делувала? Какво било нејзиното религиозно искуство? Каде било нејзиното место после Големото разочарување од 1844-та година? Дали ќе има уште пророци после Исус? Кои се 10-те Библиски тестови за вистински пророк? Дали Елена Вајт ги положила сите нив? Дали за време на добивањето на своите пророчки визии, се случувало нешто надприродно и спектакуларно со Елена Вајт? Дали напишала предвидувања за специфични настани кои се случиле, многу порано пред да се случат? Кој бил изворот на мудрост на Елена Вајт во областите на медицината, нутриционизмот, психологијата, воспитувањето, општествените токови… кое што било знаење пред своето време? На што се должи чудото што немала завршено ни четврто одделение, а сепак од нејзиното перо излегле околу 100.000 страници, на најразлични теми, кои се релевантни до ден денес и кои се толку многу ценети од милиони луѓе?

ПРОРОЧКО ВДАХНОВЕНИЕ – Делувањето на Светиот Дух (ВИДЕО)

Повеќе од 70 години Елена Вајт говорела како Божји гласник. Во центарот на нејзините пророчки пораки се наоѓа Исус, Кој може да се види „јасно насликан“, додека се читаат нејзините списи. Но, како и повеќето пророци од Библиско време, така и Елена Вајт и нејзиното дело постојано биле на мета на критицизмот. Дали таа навистина имала пророчки дар? На ова видео библиски истражувачи одговараат на ова и други прашања врз основа на Библискиот модел. Што може да се очекува од Елена Вајт, на основа на тоа што Библиајта го тврди за пророчкото вдахновение? Видеото е поделено на пет дела:
1) Елена Вајт – Вистински пророк?
2) Улогата на Елена Вајт – Поврзаност со Библијата
3) Пророците се луѓе – Бог говори преку луѓе
4) Како функционира вдахновението – Библиски модел
5) Како да се тестира пророк – Библиски критериум

Споредба на службата на Јован Крстител и службата на Елена Вајт (ВИДЕО)

Во една прилика Исус рекол: „Вие ги проучувате Писмата, зашто мислите дека имате вечен живот во нив; и тие сведочат за Мене.“ (Јован 5:39 ; Библија) Секој што посветено ја проучува Библијата лично се уверил во оваа Исусова изјава, дека целата Библија, од првата до последната страница сведочи за Него. Израелците, на кои Исус им се обраќа во наведениот стих, ги имале Писмата т.е. списите на Стариот завет, кои сведочат за Него. Меѓутоа, и покрај тоа, тие не успеале да Го препознаат како ветениот Месија, кој што дошол на земјата. Прашање кое се поставува? Зошто не успеале да Го препознаат? Дали можеби биле во недостаток на доволно информации за неговото доаѓање на овој свет? Кога би го споменале фактот дека постојат над 300 старозаветни месијански пророштва кои нашле свое исполнување во животот и службата на Исус Христос, нечесно би било да се тврди дека Израелците биле во недостаток од информации. Пророштвата кои се запишани во Стариот завет биле повеќе од доволни за да може да препознаат дека Исус е ветениот Месија, кого го очекувале. Дали Бог во својата премудрост и неограничено знаење, земал во предвид дека ќе се случи вакво промашување? Сигурно! Што друго Му останувало освен да им даде дополнителна помош – да го испланира издигнувањето на Јован Крстителот кој што најдиректно, најбуквално ќе посочи на Исуса како на „Јагнето Божјо кое ги зема на себе гревовите на светот“?
Дали во Библијата се запишани доволно пророштва кои укажуваат на настаните поврзани околу второто Христово доаѓање? И повеќе од доволно! Дали светот е доволно добро запознаен со тие пророштва, во кои се опишани последните сцени од историјата на оваа земја? Не, ни приближно! Дали светот е подготвен да се сретне со Исус, при неговото второ доаѓање? На жалост, далеку од тоа дека е подготвен! Дали Бог во својата премудрост и неограничено знаење го земал сето тоа во предвид? Апсолутно! Што друго Му останувало на Бог освен да даде дополнителна помош? Не затоа што Библијата не е доволна, не затоа што се малку Библиски пророштва кои упатуваат на големите вистини поврзани со Второто христово доаѓање, туку затоа што луѓето во голема мера го занемариле нивното проучување. Во наредното видео е направена споредба помеѓу службата на Јован Крстителот и службата на Елена Вајт. На вас останува да погледнете дел од паралелите кои постојат и да донесете заклучок за самите себеси.

Pin It on Pinterest