– „Ајде побрзо Милан, зарем не го слушаш ѕвончето? Ќе задоцниме и после тешко нас!“
Петар додека зборувал го повлекол набрзина својот помлад брат кон училишната врата во која се туркале помалите ученици.
– „Неможам да брзам, гладен сум.“
– „И јас сум гладен, но не вреди да се плаче. Од плачењето неможеме да се најадеме. Побрзај, еве веќе ѕвонеше последното ѕвонче.“
Две минути подоцна, веќе седеле во своето одделение. Милан ги избришал своите солзи, но сѐ уште мислел на појадокот кој го немал. Нивниот татко бил сиромашен и јаделе само два пати дневно, и тоа многу малку.
Одеднаш учителката во оделението со строг глас го опоменила Марко:
– „Марко,престани да си играш со паричката, веднаш да ми ја донесеш! Јас ќе ти ја чувам додека не заврши часот.“
Кога Марко ја однел металната пара, учителката ја ставила на нејзината маса.
Одморот брзо дошол, и кога ги пуштила сите деца во двор, уморната учителка отишла да се одмори.
Петар веднаш почнал да си игра, но Милан колебливо застанал на вратата, и кога видел дека нема никој во близина, бидејќи сите морале да излезат во дворот, тој брзо се вратил во училницата. Немал време за размислување, ја грабнал паричката од масата и со трчање излегол. На вратата го сретнал Петар.
– „Што павиш овде?“ – прашал Петар. „Добро знаеш дека овде не смее да се задржува за време на одмор и ако некој те види, ќе добиеш опомена. Ајде да си играме!“
Милан успеал да се одвои од својот брат и неприметно поминал низ капијата и отишол до пекарата на аголот. Таму за металната паричка добил мал, топол и вкусен леб. Со желба загризал. Потоа побрзал да се врати, бидејќи училишното ѕвонче заѕвонело. Додека децата ги заземале своите места, Петар му рекол:
– „Ти нешто си јадел, гледам трошки на тебе, баш си имал среќа! Толку сакав некој и на мене да ми даде нешто за јадење. Кој ти даде да јадеш?“
Но немал време да го слушне одговорот бидејќи учителката ги погледнала.
Кога дошло пладне, сите ги ставале книгите во своите торби, а кога учителката сакала да им каже да станат, се појавила една рака, Марко молел учителката да му ја врати паричката.
– „Навистина Марко, незнам каде ја ставив твојата пара?“ – Учителката почнала да бара по масата.
– „Чудно“, – размислувала, „сигурна сум дека ја оставив на маса, па да, знам дека мора да биде тука некаде, но некој да не ја земал?“
Потоа се обратила кон децата.
– „Само момент деца, дали некој ја зел парата на Марко од масата?“
Настанала длабока тишина.
Во таа неподнослива тишина, страшна мисла му се наметнала на Петар. Големата глад на Милан, неговото шетање во празната училница, сето тоа јасно ја откривало вистината.
– „Некој ја зел парата на Марко. Кој го направил тоа? Веднаш да ми каже!“
Прашањето сега било многу сериозно. Наеднаш, Петар ја подигнал раката.
– „Петар? Ти го направи тоа? Не го очекував тоа од тебе. Остани на место, а ти Марко, земи ја својата пара“, – рекла подавајќи му од својот паричник.
Потоа сите останати ученици ги пуштила да си заминат дома.
Штом сите деца излегле од училницата, учителката пробала да разговара со Петар, но тој ни збор не прозборил. На крај го пуштила да си оди дома.
Со наведната глава брзо се оддалечил, да ги избегне зачудените и осудувачки погледи на своите школски другари.
Но навечер, кога двајцата браќа отишле да спијат, Милан почнал да плаче и со треперлив глас рекол:
– „Петре, како можеше да го направиш тоа? Јас сум толку лош, а ти толку добар кон мене!“
– „Сѐ е во ред Милан, знаев дека се исплаши“, – одговорил постариот брат, да не зборуваме повеќе за тоа!
Милан повеќе не кажал ниту збор, но утредента, не велејќи му на Петар ништо за тоа, отишол кај учитлката и се ѝ раскажал.
Таа ја прифатила молбата на Милан пред сите ученици да зборува за Петровата пожртвуваност. Им објаснила на децата дека овие две момчиња биле гладни и дека Милан многу го мачела неговата совест.
– „Овој случај ме потсетува на едно слично дело“, – рекла учителката, – „ Оддамна пред многу години, еден Човек умрел за сето зло што ние сме го направиле и што сѐ уште го правиме, а самиот Тој никогаш не направил ниту едно зло дело.
Мислите ли деца, дека Петар поради забава, наместо својот брат ја примил казната на себе? – Не, тој тоа го направил бидејќи го сакал својот брат.
Така Исус умрел за сите наши гревови, затоа што нѐ сака и не сака да бидеме казнети. Навистина имаме многу причини да Му се заблагодариме и да Му угодиме со тоа што ќе живееме чесен живот.“
Библиски стихови:
2 Тој (Исус) е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.
(1-во Јованово 2:2 ; Библија)
7 За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре. 8 Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници. 9 Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него. 10 Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе – веќе помирени – ќе се спасиме во Неговиот живот. 11 И не само тоа, туку и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.
(Римјаните 5:7-11 ; Библија)
21 Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него.
(2-ро Коринтјаните 5:21 ; Библија)
4 А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. 5 За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. 6 Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.
(Исаија 53:4-6 ; Библија)
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
(Јован 3:16 ; Библија)
17 И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново.
(2-ро Коринтјаните 5:17 ; Библија)