Едно младо момче, кое изгледало малку чудно, дошло во училиштето и пристапило до вратата на канцеларијата на директорот на тоа училиште. Кога го сретнала секретарката на директорот, тоа побарало да поразговара со директорот.

Секретарката ги погледнала неговите искинати алишта и си помислила дека тоа е момче кое проси, па поради тоа му рекла да отиде во кујната на училиштето. Момчето отишло во кујната на училиштето и повторно рекло дека сака да се види со директорот.Секретарката си помислила дека на момчето му е потребен оброк, и затоа, без да го вознемирува директорот таа ќе му даде оброк.

„Ви благодарам“, – одговорило момчето, „немам ништо против да ми дадете малку за јадење, но јас сакам да се видам со директорот доколку може да ме прими.“

„Можеби сакаш да ти дадам некоја облека“, – рекла секретарката додека го гледала во искинатите панталони. „Претпоставувам дека немаш други панталони“, и без да го исполни барањето на момчето, таа му ставила малку храна на маста и си отишла да си продолжи со својата работа.

Откако момчето се најало, повторно побарало да се види со директорот.

Секретарката на ова му одговорила: „Тој е во библиотеката, но ако си решил да го вознемируваш, морам да ти кажам дека тој понекогаш сака да биде сам без да го вознемируваат.“ Потоа му кажала да тргне по неа и ја отворила вратата од библиотеката, и обраќајќи се кон директорот на училиштето рекла: „Господине, овде има некој кој упорно настојува да ве види.“ Потоа го пуштила момчето да влезе. Тоа пак, откако се претставило, обајснило дека сака да се запише на училиште.

Директорот ја оставил на страна својата книга и почнал да му поставува прашања на момчето, а момчето на секое прашање одговорило со точен одговор. Директорот, гледајќи го од глава до петици и чудејќи се, го запрашал момчето од каде има толку многу знаење.

Момчето одговорило дека го користело секое слободно време за да научи нешто ново. Тоа било сиромашно момче кое морало напорно да работи без финансиска можност да се школува, но знаело многу повеќе отколку учениците во тоа училиште, бидејќи работело на зголемување на своето знаење во неговото слободно време.

Колку ли скапоцено може да биде слободното време? Како ние го поминуваме нашето слободно време и што сме научиле во нашето слободно време? Ова момче може да ни биде пример колку многу може да се постигне со правилно искористување на слободното време.

Многу млади кои се сега во затвор можат да ви кажат дека причината поради која се таму е поради неразумно користење на слободното време. Тие во своето слободно време почнале да пушат, да пијат, да крадат и да прават најразлични проблеми со друштвото кое тие самите го избрале.

Затоа мораме да бидеме мошне внимателни како го поминуваме своето слободно време.

Искушенијата секогаш нѐ прогонуваат во слободното време кога не сме зафатени со ништо. Има една изрека која вели: „Незапослениот ум е сатанска работилница.“
Затоа, најдобро за вас е да го исполнете вашето време со нешта кои се полезни и за изградба на вашиот карактер. Читањето на Библијата е една од работите кои можете да ги правите во вашето слободно време.

 

Библиски стихови:

15 Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри; 16 ползувајте го времето, зашто дните се лукави. 17 Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја!
(Ефесјаните 5:15-17 ; Библија)

8 Впрочем, браќа, сè што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас – ако е некаква добродетел, ако е некаква пофалба – мислете на тоа!
(Филипјаните 4:8 ; Библија)

1 Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе,
2 и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот;
3 да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста;
4 ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште –
5 тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога.
6 Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот.
7 Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно.
8 Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети.
9 Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат.
10 Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.
11 Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува:
12 За да те избави од лош пат, од измамлив човек,
13 од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта;
14 кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото;
15 чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта.
(Пословици 2:1-15 ; Библија)

Pin It on Pinterest