„Какви се овие лузни?“ – го праша Мери нејзиниот татко, држејќи ги неговите раце со нејзините мали рачиња.
„Овие лузни, мила моја, се долга приказна.“
„Тато, кажи ми те молам“, – рече Мери – „јас сакам долги приказни.“
„Овие лузни, дете мое, се повеќе од четириесет години. За тие четириесет години тие секој ден ме потсетуваат на мојата непослушност кон моите родители и нарушувањето на Божјите заповеди.“
„Кажи ми повеќе за тоа, тато“, – молеше Мери.
„Кога бев на околу дванаесет годишна возраст“, – започна тој, – „еден пријатен есенски ден, татко ми ме испрати во шумата да исечам дрвца, за со нив да ги удираме јаболката, за да паѓаат од дрвјата.
Ја земав секирката и тргнав кон шумата, гледав во сите насоки за да најдам високо тенко дрвце, кое ќе одговара за целта, и секогаш кога ќе застанев да разгледам некое младо дрвце, во следниот момент, повисоко и поцврсто дрвце ми го одземаше вниманието.
Одев од дрвце до дрвце и неможев да направам избор, кое да го изберам. Оддеднаш се најдов до една ограда каде од другата страна преку неа имаше едно големо дрво полно со зрели, убави, црвени цреши. Тоа беше силно искушение за мене. Многу добро знаев дека ова дрво со своите вкусни плодови не е наше и поради тоа немам право да берам цреши од него. Но, немаше ниту една куќа во близина, ниту пак човек, никој, освен Бог, неможеше да ме види. Во тој момент на искушение заборавив дека Бог секогаш гледа надолу во секого од нас.
На крајот, одлучив да ги пробам тие прекрасни црвени плодови. Се качив на дрвото и почнав да берам од црвените цреши. Така берев и јадев. Но, бидејќи се плашев многу да не ме види некој, не најдов задоволство во сочниот и прекрасен вкус на зрелите цреши.
Бијдејќи се плашев да не дојде некој и да ме најде на дрвото, одлучив да скршам една од гранките, полна со зрели плодови, и да појдам назад кон дома. Врвот од дрвото беше најполн со овие вкусни, црвени плодови. Се искачив највисоко што можев и се обидов со малото ноже да исечам една гранка додека со другата рака ја држев. Но, во еден момент, бидејќи не бев воопшто внимателен, малото остро ноже се лизна од гранката на мојата лева рака и ме исече длабоко. Секогаш кога ќе видев крв се онесвестував. Ги погледнав капките крв кои во тој момент почнаа да се слизнуваат од мојата рака, поради што ја изгубив свеста и паднав.
Ударот од падот ме освести, по што се обидов да застанам на своите нозе. Ја завиткав раката со марамче и побрзав дома.
Мојата мисија беше полоша од бесполезна, не ја исполнив целта за која бев испратен. Се обидов да крадам од црешите и се онеспособив себеси да собирам јаболка.
Никој немаше сочуство за мене. Татко ми ме искара и ме однесе да ми ја преврзат раката. Мајка ми ме гледаше со сожалување и знаев дека длабоко во неа, таа тагуваше поради мојата непослушност.
Помагав во собирање на јаболката, но само со едната рака додека другите забрзано работеа.
Тоа беше тажен ден за мене. Потебни беа неколку седмици за да се исцели раната на мојата рака, а лузните ми останаа.
Сега по четириесет години раната е затворена, а лузните се секогаш овде. Но лузните на раката не беа ништо во споредба со лузните во моето срце. Совеста ми беше исполнета со чувство на вина, солзите на каење неможеа да ја избришат тагата. Ништо, освен Исусовата утеха, неможеше да го исцели мојот ранет дух.
Како што раната остава лузни, така драго мое дете, гревовите на младите оставаат траги во нивното постоење. Како лузните на исцелената рана, така гревовите ја ослабуваат и ја изнемоштуваат душата. Лудостите во младоста можат да бидат надминати, но тие секогаш оставаат белег во животот.
Бев свесен дека направив грев, бев свесен дека ги прекршив Божјите заповеди
– Не ги испочитував своите родители за да ја извршам задачата за која ме пратија
– Црешите не беа наши, беа туѓи, а јас влегов во градината и крадев од нив
Секој грев уште од детството го влечеме како товар околу вратот, но Радосната вест која е запишана во Библијата ни укажува дека благодарение на жртвата на Исус Христос на крстот, ние уште денес можеме да бидеме ослободени од тој товар. Затоа драго мое дете, секој товар на грев што го носиш, исповедај го на Исус и покај се, и Тој ќе те ослободи од тој товар.
Библиски стихови:
20 Деца, слушајте ги вашите родители во сè, зашто тоа Му е угодно на Господа!
(Колосјаните 3:20 ; Библија)
11 И детето се познава според она што го прави, дали е чисто и праведно неговото дело.
(Пословици 20:11 ; Библија)
9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.
(1 Јованово 1:9 ; Библија)
8 Ќе ги очистам од секој грев со кој согрешија против Мене, и ќе им ги простам сите вини што Ми ги сторија, одметнувајќи се од Мене.
(Еремија 33:8 ; Библија)