Извор: Стариот Завет (Битие 5,6,7,8 и 9)

Без оглед на тоа колку пати сте ја слушнале приказната за Ное, таа никогаш не застарува! Следува класичната приказна, уште еднаш!

Еднаш си живеел еден човек по име Ное. Тој бил личност која го сака Бога. И Бог исто така го сакал Ное. Но за жал, тоа било време кога луѓето биле водени од сатаната (ѓаволот) и правеле многу гревови. Бог ги сакал неговите деца, и затоа Бог бил многу тажен затоа што тие правеле гревови.

Бог морал да смисли решение за да ги зачува праведните луѓе и да ги заштити од лошите. Така, Бог му рекол на Ное да собере големи дрва и да изгради многу голем брод и внатре во бродот да направи многу соби. Во сите тие соби требало да се сместат многу животни.

Ное и неговите синови започнале да го градат бродот. Додека го граделе, Ное ги предупредувал другите луѓе да престанат да вршат гревови, бидејќи ќе дојде потоп и ако тие не престанат да грешат ќе се удават во длабоките води. Меѓутоа луѓето му се смееле на Ное, го одбивале неговото предупредување и продолжеле да вршат гревови.

Сепак, еден ден, кога сè било подготвено, Бог Му рекол на Ное и неговото семејство да влезат во бродот, исто така Бог им наредил на животните да влезат во бродот – за да можат да бидат на сигурно од потопот кој ќе најдојде.

Кога сè било подготвено, Бог пуштил силен дожд на земјата. Врнело 40 дена без прекин. Силниот дожд направил целата земја да биде покриена со вода и сите грешни луѓе се удавиле. Живи останале само Ное и неговото семејство и животните кои биле со нив во бродот.

Лекција: Бог ги предупредува луѓето да престанат да вршат гревови, а луѓето треба да послушаат.

 

БОЕНКИ:

Pin It on Pinterest