Времето и знаците

Во книгата „Времето и знаците“ на показ е изнесено изворното библиско сценарио за последните настани од историјата на нашата планета Земја видени со пророчкото око на библиските пророци и апостоли и напишани со нивна рака во Божјата света книга наречена Библија или Свето писмо. Според тоа, не станува збор за некакви пророштва на Нострадамус, ниту за некои и некакви други квази-пророштва на други квази-пророци, туку зборуваме исклучиво за библиските пророштва кои се однесуваат на „последното време“, на „последните денови“ и на „крајот на светот“, како што се нарекува ова наше време и овие наши денови во Библијата.

Според библиските пророштва, пред нас се морничави, монструозни денови обременети со страшни апокалиптички знаменија, време придружено со најразлични и чести катастрофи од редот на големините „еднаш во сто години“, а сè почесто и „еднаш во илјада години“, зашто тие пророчки сцени и настани излегуваат од рамките на природни непогоди и катастрофи и преминуваат во ранг на катаклизми. Нив не ќе може да ги опише ниту најбујната мечта ниту највештото човечко перо. – Да, aпокалиптички библиски пророштва за свирепи грозомори – страшни, најстрашни од кога и да е – вистински ужаси, чиишто реални димензии денешниот човек не може да ги согледа ниту да ги замисли, со кои е зафатена и низ кои болно поминува нашата планета, стравотии кои со необично разиграна динамика молскавично се нижат и множат на неа како се ближиме кон финалниот крај на нејзината историја – време за кое Христос кажува: „Ќе има стравотии и големи знаци на небото… Луѓето ќе умираат од страв очекувајќи го она што ќе го снајде светот!“ Споулавените стихии во природата и на светската општествена сцена ќе срушат и срамнат сè со земјата. Според тие пророштва, близу е времето кога светот ќе го погоди силна болка која не ќе може да ја ублажи никаков човечки балсам и мевлем, време кога никој не ќе може мирно да спие. Светот забрзано се приготвува за библискиот Армагедон, кога ќе зовријат сите човечки страсти, создавајќи ситуација на светската сцена која никој не ќе може да ја контролира. Оган, колосални пожари и пустења од огромни размери, вулкани, пепел и чад, силни води, урагани, циклони, тајфуни, торнада, земјотреси, разурнувачки катастрофи од секој вид, војни, крвопролевања, болести, епидемии, суши, поплави, глад, жед, страв, смрт…, тоа е наша иднина која е сè поочигледна. Тие ужасни сцени и хорори што секој ден се множат и се засилуваат насекаде на нашата планета, Библијата однапред ги преткажува како знаци кои го најавуваат скорашниот библиски крај и второто Христово доаѓање.

Гревот и грешниците конечно ќе ги оддуваат ветриштата на нивните гревови во неврат и заборав, а за праведните настапува нов свет, вечен живот, чиишто мугри се веќе на повидок и чијашто зора веќе рудее и се обидува да нè допре и да нè гали со своите милни зраци. Да, вечниот ден, кој наскоро ќе осамне за праведните, е нешто од што срцето препукнува од радост и среќа, нешто „што око не видело, што уво не чуло и што во човечкото срце не дошло“ – нешто што „Бог го приготвува за оние кои го љубат“ (1. Коринќаните 2,9).

Имате можност да преземете примерок од книгава „Времето и знаците“. Нејзината соджина не само духовно, туку севкупниот ваш живот ќе го збогати со такви информации и сознанија кои не можете да ги најдете на ниту едно друго место во таков вид.

Писмо од авторот до читателот

Проф. Никола Тасевски (теолог, инженер технолог, професор по македонски јазик и професор по биологија), e-mail: [email protected]

Почитуван господине, госпоѓо/це, наш поздрав со најубави мисли и желби!

Ве известуваме дека имате извонредна и неповторлива можност, без никаква обврска од ваша страна кон нас, да ја превземете за себе книгата „Времето и знаците“ што е поставена на овој сајт http://www.blagodativistina.mk во електронска форма. Апелираме и ве молиме како ваши најдобри пријатели и најродени, кои навистина најискрено ви посакуваат сѐ најубаво, исто како и себеси, да не ја игнорирате оваа наша понуда.

На изложба, на која биле изнесени скапоцени камења, вешт трговец, кој тргувал со скапоцености, незаинтересирано талкал од тезга до тезга кога, наеднаш, на една од нив забележал сино-виолетов камен со големина и облик на просечен компир. Внимателно го разгледал и потоа смирено и безволно го прашал продавачот: „Дали, можеби, би го продале ова за 15 долари?“ Продавачот сметал дека тој камен не е толку убав како другите што ги нудел, па неговата цена ја намалил на 10 долари. По извесно време каменот е проценет на 1,905 карати, како природен ѕвездест сафир, околу 800 карати поголем од најголемиот камен од тој вид познат до тогаш. Каменот бил проценет на 2,28 милиони долари. Претходниот сопственик отпосле сфатил дека во рака држел огромно богатство на кое не му обрнал внимание и засекогаш го загубил.

Почитувани, за да се уверите дека навистина во рака имате нешто безмерно вредно, ве молиме да изделите малку време и внимателно да го прочитате ова писмо и само уводот и содржината на книгата, а потоа сами одлучете дали таа вреди да се чита или е нешто што не заслужува внимание.

Станува збор за книгата „Времето и знаците“ на македонски јазик, за 7-то издание на ова високо вредно духовно дело кое во најголема можна мера и во подробности го анализира нашето време не од филозофска, научна, политичка, ниту од која и да е друга човечка гледна точка, туку исклучиво од библиска перспектива. Времето во кое живееме, Божјата книга, Библијата, го именува и го прикажува како „последно време“, како „последни денови“ и како „крај на светот“, и ни дава извонредно значајни информации и сознанија со чија помош ние навистина можеме да го препознаеме како „последно време“, но и како свое време и шанса навреме да се престроиме и да застанеме – не на погрешната, туку на вистинската страна. Пророчките знаци, кои го карактеризираат „последното време“, се очигледни моќни мегафони кои со силен глас објавуваат дека веќе сме го пречекориле прагот на „последните денови“ и со галопирачки чекори брзаме кон апсолутниот библиски „крај на светот“.

Наша цел со овој библиски приказ за „крајот“, за „последното лунаво време“ со сите негови застрашувачки виори и во природата и во човечкото општество на светската сцена, онака како што се опишани на светите страници на Божјата реч, Библијата, е да им помогнеме на нашите ценети читатели да ја сфатат и да ја премавнат паниката што веќе го зафатила и длабоко го проникнала светот кој секој ден тоне во сѐ подлабок амбис, време за кое Христос кажува дека „луѓето ќе умираат од страв во исчекување на она што ќе го снајде светот“ (Лука 21,26). Во рамките на библиските апокалиптички пророштва сакаме да ви пренесеме од Божјата реч и порака што ќе ви помогне да се ориентирате во времето на екстремниот песимизам кога цел свет ќе загуби ориентација и ќе западне во бесперспективност и апатија, во мачен и жалосен безизлез, порака која вас ќе ве поведе во блескотна, посакувана, славна иднина.

Во оваа книга ви даваме изворни информации и можност да се запознаете со реалната слика на овие состојби, со библиско око видени и однапред со библиски пророштва преткажани и напишани настани, за да не станете плева и пердуви изложени на последниот библиски ветромет, и да останете простум и при најсилните удари со кои светот ќе го удрат „последните денови“, чијшто праг, како што кажавме, веќе сме го пречекориле. Тоа е најголема денешна и идна реалност што секој ден станува сѐ поочигледна и што не може да се оспори, вистина што не можеме да ја одбегнеме, што мораме да ја прифатиме и да се справиме со неа.

Книгата „Времето и знаците“ е капитално духовно дело во кое авторот на 774 страници комплетно ја изнесува изворната библиска теологија и наука на мошне интересен и силен начин, така што никого, кој ќе ја прочита оваа книга, таа не го остава рамнодушен. Во книгата навистина нашето време убедливо е прикажано како последно време и задолжително читателот го тера на размислување.

Побарувачката на оваа книга во Македонија е толку голема, што ние до сега бевме присилени да печатиме дури седум изданија, во вкупен тираж од речиси 64.000 примероци. Се размислува и за нејзино 8. издание. Илјадници примероци од неа во печатена форма им се пратени по пошта на илјадници луѓе во цела Македонија и пошироко, почнувајќи од наједноставните луѓе, до највисоките интелектуалци, и од сите страни на Македонија добиваме мошне убави повратни информации за неа. Академици, писатели и поети, универзитетски професори и асистенти, адвокати и судии, правници, нотари, инженери, економисти, уметници, музичари, пеачи, лекари, стоматолози, фарамацевти и други службеници и интелектуалци од сите струки и професии, и обични луѓе, кои ја примиле книгата, за неа даваат извонредно убави комплименти и нарачуваат нови примероци за своите пријатели, колеги и познати. Одушевени се со нејзината содржина и со начинот на кој е изнесена библиската вистина во неа. Мнозина изјавуваат дека никогаш немале во свои раце толку високо вредно и драгоцено дело со таква актуелна тематика како што е книгата „Времето и знаците“, и дека со задоволство ја читаат.

Почитуван господине, госпоѓо/це, авторот со голема љубов и почит ви нуди примерок од оваа книга како подарок. Ве молиме да им овозможите и на вашите колеги, пријатели и познати, да се запознаат со содржината на книгата, да ја оценат нејзината вредност и да имаат нејзин примерок за себе.

Со многу љубов и почит, проф. Никола Тасевски; ([email protected])

Кратка биографија на авторот

Авторот на книгата „Времето и знаците“, Никола Тасевски, е роден во 1940 година во село Јегуновце, Тетовско. Основно образование завршил во својот роден крај, а средно хемиско техничко училиште во Велес. Во 1963 година заминува на теолошки студии во Белград, каде што завршува теолошки факултет. Извесно време работи како теолог во Белград, Валево и Битола, а оттаму патот го води на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и во 1973 година ги завршува технолошките студии, здобивајќи се со звање дипломиран инженер технолог, органска насока. Веднаш потоа тој е поставен за одговорен уредник на Адвентистичката издавачка куќа „Знаци на времето“, задача која со успех ја извршува сè до 2005 година, кога заминува во пензија.

Потребите на издавачката куќа, и желбата за нови знаења го упатуваат во клупите на Филолошкиот факултет на кој во 1981 година вонредно ги завршува студиите по македонски јазик со јужнословенските книжевности.

Но немирниот дух на Тасевски го скокоткаат природните науки кои го водат на Природноматематичкиот факултет, каде што вонредно ги завршува саканите студии и во 1991 година ги напушта неговите клупи како дипломиран професор по биологија, наставна насока.

Како извонреден теолог, со уште три други световни факултети, тој во оваа своја книга на необично јасен и мошне интересен начин, теолошки издржано, на показ ни ги изнесува библиските пророштва поврзани со „последните денови“ од историјата на оваа планета, чијшто праг веќе сме го пречекориле и незапирливо брзаме кон најславниот настан во вселената – кон славното второ Христово доаѓање, од кое нè делат само чекори.

Професорот Тасевски преведе и триесетина книги на македонски јазик, меѓу кои и капитални дела од опусот на светската духовна литература, како што се: „Патријарси и пророци“ (802 страници), „Големата борба меѓу Христа и сатаната“ (620 стр., четири изданија), „Копнежот на вековите“ (786 стр., две изданија), „Делата на апостолите“ (434 стр., две изданија), „Апокалипса-Откровение“ (736 стр.), „Христовите параболи“ (364 стр.), „Патот кон Христа“ (100 стр., шест изданија) и др.

Тасевски е мошне задоволен и необично среќен човек, со длабоко осмислен, богат и содржаен живот, на кого семејството многу му значи. Тој голема благодарност му искажува на Бога за својата верна и предана сопруга и извонредна домаќинка и мајка, Слободанка, за своите две прекрасни ќерки, Марија и Асенета, за своите ценети зетовци, Радивој и Михаел и за своите убави внучиња, Ема, Филип, Клои и Ели, кои му го красат и му го разубавуваат животот.

Распространетоста на книгата „Времето и знаците“ и одзивот на читателите

Книгата „Времето и знаците“ е капитално духовно дело во кое авторот на 774 страници комплетно ја изнесува изворната библиска теологија и наука на мошне интересен и силен начин, така што никого, кој ќе ја прочита оваа книга, таа не го остава рамнодушен. Интересот за неа кај сите структури на населението во Р. Македонија, почнувајќи од најобичните луѓе до највисоките интелектуалци, е толку голем што бевме присилени да печатиме дуру седум нејзини изданија во вкупен тираж од 64.000 примероци, и речиси целокупниот нејзин тираж веќе е во рацете на нејзините читатели. Во книгата навистина нашето време убедливо е прикажано како последно време и задолжително читателот го тера на размислување. Секој што ќе ја прочита книгата, не може тукутака да ја одмине нејзината содржина, туку длабоко во себе размислува за силните изворни библиски аргументи со кои во неа се потврдува дека ние веќе сме го пречекориле прагот на последните денови и дека со мошне голема брзина се движиме кон апсолутниот библиски крај на светот.

Во еден од поранешните проекти беше предвидено на терен да пратиме 13.000 примероци од книгата, и тоа е сторено. Повеќе од 2000 нејзини примероци им се пратени на службениците на сите државни институции – на претседателот на Р. Македонија и на сите службеници на неговиот кабинет, на сите парламентарци на македонскиот парламент, на премиерот и на сите службеници на неговата влада, на сите министри и на службениците на министерствата и на нивните подрачни единици во цела Македонија, на војската, на сите полициски станици во Македонија, на царината, на сите градоначалници и на нивните советници, на сите јавни обвинители во Македонија итн. Книгата им е пратена на сите ТВ куќи, на радио станиците, како и на редакциите на сите дневни листови и седмични и месечни списанија во Македонија, на библиотеките, уметничките галерии, ателеите, на детстките градинки, на затворите итн.

Книгата им е пратена на сите македонски академици, писатели и поети – над 500 примероци. Опфатени се сите институти, театри, глумци, оркестри, операта и балетот. Пратени им се повеќе од 3.000 примероци на професорите на сите основни и средни училишта во цела Македонија; над 1.800 примероци им се пратени на сите професори и асистенти на сите факултети во Македонија; повеќе од 1.000 примероци на сите адвокати и на нивните службеници; над 560 примероци од книгата им се пратени на сите судии на адреса на сите основни и апелациони судови во Македонија. Со книгата се опфатени илјадници други интелектуалци – инженери, економисти, правници, нотари, уметници, музичари, пеачи; илјадници лекари, стоматолзи, фарамацефти и интелектуалци од сите други струки и професии; со над 300 примероци од книгата се опфатени свештениците и службениците на сите православни, католички и другите цркви и џамии во Македонија.

Книгата им е пратена и на илјадници други луѓе кои живеат во Македонија – на Македонци, на Албанци, на Срби и Роми, и таа еднакво добро е примена од сите граѓани, и од сите страни на Македонија добиваме мошне убави повратни информации. Обични луѓе, политичари, академици, професори, судии, писатели, адвокати, правници, лекари, свештеници и други службеници и интелектуалци, кои ја примиле книгата, за неа не штедат комплименти. Одушевени се со нејзината содржина и со начинот на кој е изнесена библиската вистина во неа. Мнозина изјавуваат дека никогаш немале во свои раце толку високо вредно и драгоцено дело со таква актуелна тематика и содржина како што е книгата „Времето и знаците“ и дека со задоволство ја читаат. Во нивните очи книгата уште повеќе вреди кога гледаат дека нејзиниот автор е човек со 4 факултети, со 4 универзитетски дипломи, кои навистина одговараат на едно такво дело и целосно ја покриваат содржината на книгата и нејзиниот начин на обработка.

Увидувајќи ја огромната вредност на оваа книга, мнозина ја препорачуваат како драгоценост на други, нарачувајќи нови примероци за своите пријатели; а и многу други, кои ја виделе книгата кај свои познати, сами нарачуваат примерок од неа за себе. Десетина училишта, меѓу кои и албански, кои веќе примиле неколку примероци од оваа книга, дополнително нарачаа 20, 30 и повеќе примероци за сите свои професори и службеници. Имаме инфорамици од теренот дека професорите на многу училишта дискутираат меѓу себе и расправаат за содржината на книгата. Жителите на некои помалечки места во Македонија сите знаат и зборуваат за оваа книга.

———————

Во продолжение изнесуваме мал дел од многубројните повратни информции од теренот, од луѓе што ја добиле книгата.

 

Повратна информација од теренот од универзитетски професор: „Почитуван и драг Г-н Никола, oд каде ја црпите таа неизмерна енергија во вас!

После семестралниот ‘распуст’, денес повторно се собравме и се вративме на редовните обврски на Универзитетот. Она што на вас сакам веднаш да ви го пренесам од впечатокот на првиот работен ден е – позитивната импресија со која ме ‘заплиснаа’ повеќето мои  колеги во врска со вашата книга и вашето творештво!!! Имено, јас уште во јануари вашиот допис го ставив на е – мрежа на Универзитетот со уверување дека ќе наиде на многу позитивен прием!  Моите очекувања се остварија и тоа на чело со Деканот на Х факултет, проф. д-р XX. Овој човек посвети повеќе од два часа да ми објасни  колку е воодушевен од содржината на вашата книга „Времето и знаците“, повикувајќи се на безброј цитати од неа и ветувајќи дека со делови од книгата ќе ги запознае и студентите (тој ги предава предметите XXХ). Исто така, тој е еден од првите што од секретарката на Библиотеката ја зеде вашата книга (како што знаете, јас уште веднаш по добивањето на книгата испратив допис за неа на е-мрежата до сите вработени). Книгата  ја коментираа со воодушевување не само колеги од мојот факултет туку и професори, социолози и правници од правниот факултет, од факултетот за политички науки и факултетот за странски јазици. Искрено кажано сето тоа ми го направи многу убав денешниов ден и уште повеќе ме наведе да ги ценам вашите интелектуални и духовни вредности. Ви благодарам многу!
Примете неизмерни поздрави за вас и вашето ценето семејство, Проф. XX“

 

Повратна информација од универзитетска професорка: „Почитуван колега Тасевски, Ви честитам за книгата и Ви благодарам што ми ја подаривте. Почнав да ја читам и, да бидам искрена, веќе ми влеа страв, но ќе ја дочитам бидејќи стилот на кој е пишувана ми се допаѓа, а темата е страшно интересна. Ви пожелувам уште многу книги. Поздрав од проф. XX.“

 

Повратна информација по телефон од доктор XX од здравствениот дом во Х, кој побара да му пратиме нему и на двајца негови пријатели примерок од книгата „Времето и знаците“ што ја видел кај свој пријател. Книгата веќе ја прелистал и кажа дека тоа „не е книга за читање, туку книга за студирање“. Тој побара да му пратиме и некоја од другите книги што се посочени во автобиографијата на корицата на книгата.

 

Повратна информација од унуверзитетски професор: „Почитуван Проф. Никола Тасевски, го потврдувам приемот на најновото издание (четврто) на Вашата, би рекол веќе антологиска книга ‘Времето и знаците’ и искрено Ви благодарам што ми овозможивте да го имам овој труд, особено затоа што ги имам и првото и второто издание! Импресиониран сум од континуираниот позитивен тренд на проширување и збогатување на вашиот исклучително вреден книжевен и научен труд, како по својот квантитет според обемот на страници, така и по својот квалитет според обемот на научниот опфат и научна критика, јас би рекол за сјајот и бедата на легитимирањето и препознавањето на христијанството и христијаните во еден милениумски временски период, за кој, во име на вистината, Вие не штедите зборови кога треба и кого треба да го етикетирате во трлото на овците или во глутницата на волците (како што и самиот ќе напишете во книгата!).

Јас сум импресиониран од содржината на Вашето дело: пишувате елоквентно и објективно, пишувате убедливо и – храбро! Да, верата и Христијанството ги објаснувате непристрасно и научно, без апологетика и ‘покорност’, без политиканство и црковно полтронство. На христијанството му давате космополитска унификацијата оти – вистината нема множина, нели!

Уште еднаш Ви благодарам, почитуван и драг Господин Тасевски, за задоволството што ми го овозможивте да уживам и да се чувствувам повреден, па дури и помоќен додека го читам Вашето Дело! А тоа е така напишано што може само да се чита, а не – да се прочита!!! Значи, со Вашата книга – ќе се дружам – во континуитет! Со почит, Проф. XX“

 

Повратна информација: На барање на директорот на Институтот XX, им однесовме 6 примероци од книгата „Времето и знаците“ за вработените во тој институт. Во таа пригода таму јас имав средба и разговор со писателката XX којашто, покрај другите убави работи што ги кажа за книгата што ја добила уште порано по пошта, кажа дека оваа книга ја пишувал ретко толку писмен човек, кој материјата ја има во прсти.

 

Повратна информација од интелектуалец: „Почитуван професоре Тасевски, мислам дека убаво аналитички ја образложувате својата поента, и морам да кажам, во голема мерка ме освестувате за многу нешта. Сакам да Ви заблагодарам за трудот, кој ми даде и мене нови увиди.“

 

Повратна информација, писмо од академик: „Почитуван господине Тасевски, ја примив Вашата книга ‘Времето и знаците’. Ви благодарам и со задоволство ќе ја прочитам.Тоа е обемно дело во кое Вие се осврнувате на многу аспекти поврзани со библиските феномени и опкружувањето на доброто и злото сè до современиот свет. Ви посакувам и понатаму плодна работа и честитики за Христовото раѓање и новогодишните празници. Со почит, акад. XX.“

 

Повратна информација, академик, на телефон: „Господине Тасевски, ја добив вашата книга ‘Времето и знаците’ и ви благодарам. Има интересни работи во неа и ќе ја прочитам.“

 

Повратна информација, писмо од универзитетски професор XX со следната содржина: „Почитуван колега Тасевски, Ви се заблагодарувам на Вашето писмо кое со внимание го прочитав. Уште еднаш Ви честитам на упорноста да завршите 4 факултети, со што Вашиот хоризонт е многу поширок од личност насочена само во една област. Со особено внимание ја прочитав книгата што ми ја пративте, а ја поседувам и Вашата книга ‘Патот кон Христа’. И двете книги повремено ги препрочитувам. Без празни комплименти искрено го изразувам моето мнение дека напишаните книги се на многу висок стил со широко познавање не само на архаичко светски филозофски и теолошки проблеми од сите области. Навистина Вашите дострели не се само во областа на теологијата, така што зад себе ќе оставите забележителна трага, што е најзначајно за една личност. Сето тоа, заедно со Вашиот осмислен, богат и содржаен семеен живот, навистина Ве прави комплетно задоволен и необично среќен човек, што е реткост… Би сакал да имаме усмена размена на мисли. Во таа смисла, особено задоволство ќе ми биде средба со Вас, веројатно по одморите, секако по заемен договор. Со искрени поздрави, проф. д-р XX.“

 

Повратна информација од унуверзитетски професор: „Многу почитуван г-н Никола! Не помислувајте дека ви ласкам, но јас сосема одговорно и реално ќе ве потсетам дека вашиот научен и креативен опус се простира мултидисциплинарно и поливалентно до сите сегменти на општествената свест, и додека мојата преокупација во областа на економијата задира само до материјалното битие – вашата инвентивна и научна посветеност задира и допира до сите пори на општествената еволуција на битието на – homo sapiens!

Вие подобро од мене знаете дека материјалната страна на човековото живеење е ‘condicio sine qua non‘ за неговата целокупна и вистинска егзистенција – духовна, културна, емоционална, уметничка итн. Економијата и материјалното производство се само услов за да може нашиот Човек да опстане и да се потврди како најинтелигентно битие меѓу сите други што нè опкружуваат. И токму во таквата констелација на нештата, во милениумски развој на Општеството, или како социолозите ќе речат на општествено економските формации – доаѓа до ‘изместување’ на полугите на развојот и верата, особено во првиот милениум по Христа или, уште повеќе, до првата половина од вториот милениум (Јан Хус!!! нели?).

Што ми е поентата господине Никола? Една многу важна работа: ако некој не ги прочита моите книги или не ги познава моите истражуваа – верувајте, нема многу да загуби (во животот и во праксата ќе надомести). Но кога некој ќе ги прочита вашите книжевни дела и се запознае со вашето фокусирање на општествениот видоназор на функционирањето и развојот на Општеството на човековиот од’, каков што го препознавате, толкувате и објаснувате вие – секој ваш читател ќе мора да си признае дека повеќе или помалку дотогаш живеел во големи заблуди во врска со верата, правото, слободата, и љубовта – на луѓето и меѓу луѓето, на религиите и меѓу религиите, на државите и меѓу државите… Јас ви го кажувам тоа од сопствено искуство, и пак ќе ви речам дека мојата прва ‘средба’ со вашите дела од пред десетина и повеќе години ме наведе и натера да размислам подлабоко и поправедно за ‘анкерите на вистината’ кои вие ги соопштувате преку вашиот фактографски времеплов во просторот и во настаните што се случиле во него! И јас ви благодарам за тоа. Особено со вашето капитално дело ‘Времето и знаците’ ми ги отворивте внатрешните очи со кои го гледав и негував тоа што до тогаш го знаев за верата и религијата, и да сфатам – за која вера и религија еден К. Маркс ќе рече дека е ‘гробар на научната вистина и опиум за народот’!!! А вие, сега ми помогнавте, со прекрасниот веб – материјал (филм за Јан Хус) што ми овозможивте да го користам, да дознаам дека еден Јан Хус многу попрофесионално и во вистинска функција истото тоа ќе го каже три века пред Маркс (кој, се разбира, ‘лошата вистина’ за ватиканската столица ја користи за сосема друга намена, за идеолошко политички цели и манипулации). Почитуван професор Никола, јас ќе ви бидам особено благодарен ако и во некоја друга прилика ми овозможите увид во материјали од делокругот на вашите истражувања во било која форма на интернет мрежата. Примете ги моите искрени изрази на почит, Ваш проф. XX“

Распространетоста на книгата „Времето и знаците“ и одзивот на читателите (втор дел)

Повратна информација, академик: „Почитуван господине Тасевски, ја примив Вашата книга ‘Времето и знаците’. Ви благодарам за овој прекрасен и многу значаен подарок.Темите што ги обработувате во вашата книга заслужуваат особено внимание. Јас од нив преземам идеи и материјали кога ги пишувам моите научни трудови. Ви посакувам и понатаму успех во вашето творештво. Академик XX!“

 

Повратна информација од директорката на ОУ ХХ, во Х со следната содржина: „Список на вработените во ОУ ХХ што ја порачуваат вашата книга – 32 професори.“ По седум дена директорката одговора: „Господине Никола, сакам да ве информирам дека сите вработени ја добија вашата книга онака како што беше побарана и веќе некои од колегите разменуваат мислења. Што се однесува до мене, можам да кажам дека да се има такво дело е голема чест, сум задоволна од тоа што веќе го прочитав дури и изненадена од информациите… Се надевам за дополнителна соработка! Голема благодрност. Поздрав од сè срце ХХ, проф. по ликовно образование, академски сликар.“

 

Повратна информација од директорот на една албанската телевизиска станица од Х, кој ми заблагодари за книгата што им ја пративме претходните денови. Кажа дека книгата ќе ја читаат сите вработени во нивната телевизиска станица.

 

Повратна информација од интелектуалец: „Почитуван професоре Тасевски, за книгата ‘Времето и знаците’ имам многу ласкави мислења, оти е обемна, многу писмена (јазично), со висока стилска вредност, а сметам дека поседува и висока систематичност. Не сум читал верски книги од македонски автори, но кога ќе Ве споредам со други автори, ми се вклопувате во најгорните 10 од 100, односно најдобрите. Што се однесува до бројот 666, Ви благодарам што се потрудивте да ми дообјасните. Ви посакувам крепко здравје и многу семејна среќа.“

 

Повратна информација, универзитетски професор: „Почитуван Професоре и мој драг пријателе Никола, прво, едно големо благодарам што не ме заборавате, и што ме удостоивте со вниманието пак да ми испратите уште една содржина-показ на вистината за Црквата и верата во Бога, и за Божјите слуги, и ‘СЛУГИ’ на Црквата, на Божјата милост, или . . . !!! ???  Јас сум збунет, и запрепастен: од она што тековно сè повеќе се открива и обзнанува во светот – од она што можев да го прочитам во текстот што ми го направивте достапен во врска со мрачните коридори од минатото на делување на една морбидна рака како моќна сива еминенција која го обликувала и разобличувала Светот и историјата на Човекот!!!  Читајќи го сето тоа, запрепастен и разочаран, ‘засолниште’ наоѓам (како и во многу други прилики до сега) во Вашето епско дело ‘Времето и знаците’ во мотото од насловот КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?“

 

Повратна информација, препорачано писмо од Основното (албанско) училиште XX, од Тетовско, со следната содржина: „До професорот Никола Тасевски, Скопје. Поштовани професоре …, ве известуваме дека имате едно извонредно дело ‘Времето и знаците’ коешто е вреднувано од наша страна и ние бараме да ни испратите барем уште 20 примероци ако имате можност. Со почит кон вашето дело и посебно кон ВАС. Проф. XX.“ Следи потпис и печат на училиштето. – Покрај седумте примероци од порано, пратени им се уште 20 примероци од книгата.

 

Повратна информација, писмо од универзитетски професор XX од Х со следната содржина: „Почитуван професоре Никола Тасевски, примете искрени поздрави и голема благодарност во врска со Вашата книга ‘Времето и знаците’ која ме воодушеви и духовно надгради. Се работи за едно навистина мошне вредно и квалитетно духовно дело кое ќе биде инспирација и поттик за многу наредни генерации. Ви посакувам понатамошен подем на научен и стручен план. Со особен респект, проф. Доктор на науки XX од Х.“

 

Повратна информација од универзитетски професор, Албанец, од Тетово: „Почитуван Професоре Тасевски, сакам да потврдам дека денес ја примив вашата книга ‘Времето и знаците’. Ви благодарам многу. Се надевам дека ќе најдам време да го прочитам. Дозволете да ви посакам добро здравје и нови успеси. Со почит, проф. XX.“

 

Повратна информација од унуверзитетски професор: „Почитуван Господине Никола, ми годеше Вашето возвратно писмо, и јас сум Ви многу благодарен за тоа, бидејќи од она што сте го напишале досега и од комплексноста и мултидисциплинарноста на образованието со кое сте се стекнале – со воодушевување и задоволство можам да заклчучам дека Вие сте, пред сè, исклучително вреден и трудољубив човек со огромен интелектуален капацитет кој скромно и без ‘фанфари’ животот го посветил во инвентивната потрага и толкување на ВИСТИНИТЕ во Библијата (јас на пример, прв пат во Вашата книга добив можност да ја прочитам веродостојната содржина на Десетте Божји заповеди, и не само тоа!!!). Исто така, со радост дознавам дека Вие само што сте го објавиле и петтото преработено и дополнето издание на Вашата книга ‘Времето и знаците’, за што јас од сè срце ви честитам!!!

 

Повратна информација од директорката на една очна клиника која кажа дека книгата што ја добиле претпладнето ја разгледале сите вработени во клиниката и утврдиле дека е прекрасна книга и нарачаа десет нови примероци за сите вработени. Следните денови им се пратени нарачаните примероци.

 

Повратна информација од службеник од подрачната единица на министерството за правда од XX кој реагираше зошто нивното министерство не добило книги како и другите подрачни министерства во нивниот град. Јас го смирив и му ветив дека истиот ден ќе им бидат пратени книги и ним.

 

Повратна информација од госпоѓа од градот Х која ми кажа дека во подрачното министерство за економија во нивниот град службениците се разграбале за книгите што им беа пратени. Таа нарача уште два примерока од книгата.

 

Повратна информација, писмо од адвокат: „Почитуван професоре Тасевски, на 4 мај ја добив Вашата книга ‘Времето и знаците’ и за Вашиот подарок НАЈИСКРЕНО ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ. Го прочитав уводот на книгата и првиот впечаток е позитивен. Верувам дека како човек ќе бидам збогатен со едно ново ПОЗИТИВНО искуство и познавање на религијата, додека уште позначаен го сметам фактот дека со текот на читањето на Вашата книга ќе можам на сосем поинаков начин, на едно повисоко ниво, да ги гледам настаните што се одвиваат во нашата земја и во светот, а во тој контекст и моите професионални и лични обврски во потесното и поширокото семејство. Заблагодарувајќи Ви се, уште еднаш Ви посакувам добро здравје и успех во работата и уште многу Ваши книги, со верба дека со текот на читањето на книгата ќе можам моите импресии за истата да ви ги изнесам. Со поздрав, адвокат XX, Битола.“

 

Повратна информација од унуверзитетски професор: „Почитуван г-не Никола, немам зборови да ви ја изразам мојата радост и благодарност за вашето внимание што ми го посветивте и ми го испративте најновото издание од вашето капитално дело ‘Времето и знаците’. Верувајте ми, дома и на работа постојано е присутна оваа книга на мојата работна маса – нема ден а да не ја отворам и прочитам и препрочитам бисери од вашиот ум како толкувач на вистините за верата и како критичар на заблудите од некои други толкувачи од досегашниот времеплов! И што е најважно, моите пријатели, моите колеги и моите студенти не само што навикнаа со ‘видикот’ на ‘Времето и знаците’ на моето биро –  туку сè почесто изразуваат желба да ја прочитаат оваа драгоцена книга. Благодарение на вас, јас располагам со неколку примероци од неа од различни изданија и со задоволство им ги правам достапни на моите посетители за лично да се запознаат со содржината на трудот. Не е комплимент туку е факт дека делото ‘Времето и знаците’ од издание во издание станува сè посеопфатно и – мултидисциплинарно со енциклопедиски порив на филозофија на живеењето во многувековниот пулсирачки ритам на човекот од Христовото доаѓање до апокалиптичното заканување на Глобализациското современие!!!

Вие сте на добар пат (иако тоа скромноста можеби не ви го дозволува да го признаете) ова капитално дело да го устоличите на пиедесталот на светските бисери на толкување, јас би рекол на Божјите координати на Кодот на човековото живеење со основна намера да предупредите алармантно на заканите од сè почестите и сè погруби и погубни изветоперувања на Христовото Писмо во Библијата. Или, како Вие одлучно и аргументирано ќе речете:  Денешното Христијанство е јалов историски хибрид без Христа и без Библиска иднина ! Со искрена почит, Проф. XX“

 

Повратна информација од М-р од Х: „Почитуван господине Тасевски, ова писмо ви го пишува М-р XX од Х, со цел да ви изразам огромна благодарност бидејќи ми одговоривте на е-маилот и ми пративте еден примерок од вашето извонредно дело ‘Времето и Знаците’. Го прочитав во еден здив и искрено имам само најубави честитки и позитивни комплименти за стилот и нивото на кое е напишано. Сега веќе е во рацете на мои блиски пријателки позајмено да го прочитаат, бидејќи навистина е вредно да се прочита и покаже дека во Македонија постојат писатели кои се во чекор со светските имиња. Ви посакувам во иднина огромен успех и афирмација во светски размери. Со респект, М-р XX.“

 

Повратна информација од професор XX од Х. Во неговото опширно писмо, покрај другото, тој кажува: „Со најголем дел од текстовите во Вашата најнова книга ‘Времето и знаците’ јас се согласувам, затоа што изнесуваш многу позитивни работи кои мнозина од луѓето не ги познаваат, а еден од нив сум и јас. За тоа сум благодарен зашто со тие текстови мојата христијанска душа и мојата вера многу се засилија… И покрај моите критики и кон тебе и кон адвентистите, сепак, адвентистите во својата плејада луѓе имаат човек со високо реноме на знаења како што видов од сите области на општествениот живот. Сепак, и ти си човек, како и јас и цел живот ќе учиме и ќе дознаваме работи кои не ни биле достапни. Но гледам дека кај тебе има многу поголеми сознанија отколку кај мене, бидејќи за бадијала не си завршил толку видови на образованија при што си успеал да стигнеш на голема височина и длабочина… Преку твојата убава книга секој човек може, ако ја прочита, да дознае сè што се случило на оваа измачена планета за која Господ Бог секогаш се интересира за нејзино подобро утре и за нејзина среќна иднина… Се гледа дека имаш огромно знаење од многу области… се гледа дека ептен многу работи знаеш.“

 

Повратна информација од поет, раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. „Господине Тасевски, ја добив вашата книга што сте ми ја пратиле. Ви благодарам и со задоволство ќе ја прочитам.Таа заслужува секоја пофалба. Се гледа дека сте вложиле огромен труд и сте се жртвувале. Во неа сте опфатиле широка лепеза на наслови и поднаслови. Сте дале многу обемно и комплетно теолошко дело. Комплетно затоа што подробно сте го обработиле и Стариот и Новиот завет. Ви честитам и ви посакувам натамошен успех – да напишете уште многу други убави книги.“

 

Повратна информација од унуверзитетски професор: „Почитуван и драг господин Никола, најпрво сакам неизмерно МНОГУ да ви се заблагодарам за драгоцениот подарок – двата примероци на најновото издание на вашето дело ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ! Едниот примерок ѝ го однесов на сестра ми, која веќе претходно беше запозната (и воодушевена) со содржината на ова раскошно дело читајќи го мојот поранешен примерок на едно од претходните ваши изданија на делото. Јас сум среќен што околностите (и судбината, ако постои судбина?) ми овозможија да го имам задоволството од шансата што ми се укажа да стапам во контакт со вас, зашто судејќи по сè она што сте го напишале и постигнале на едукативно и научно поле (како личност со повеќе универзитетски дипломи, и со драгоцен опус на преведени и сопствени научни дела) – очигледно е дека станува збор за извонреден човек во секој поглед, кој неуморно во животот се изградувал како ЧОВЕК освојувајќи ја или уште поточно создавајќи ја среќата за себе и за своето семејство, и служејќи за пример како тоа треба да го прават и сите други добронамерници! Со почит и искрени поздрави, ваш XX.“

 

Повратна информација по телефон од секретарката на генералниот директор XX на фабриката Х, која во име на директорот ми заблагодари за книгата што му ја пратив претходниот ден. Секретарката кажа дека, пред да му ја предаде на директорот, таа ја разгледала книгата и оценила дека тоа е извонредна книга и побара примерок за себе. Се разбира, пратена ѝ е книга и нејзе.

 

Повратна информација по телефон од XX од Х, која ме замоли да ѝ пратам примерок од книгата „Времето и знаците“ којашто ја видела и ја позајмила на читање од една своја пријателка на која веќе ѝ бил пратен примерок. Кажа дека веќе ја прочитала до половина и дека увидела оти книгата е прекрасна за читање, дека се согласува со сè што прочитала до сега во неа и дека таа книга треба да ја има секој човек во свои раце и да ја прочита. Ми заблагодари за трудот што сум го вложил и сум напишал едно такво вредно дело кое заслужува секое внимание и почит.

 

Повратна информација од м-р XX: „Почитуван господине Тасевски, Ви пишувам во името на една моја блиска пријателка, која не само од мене туку и од многу други личности слушнала за вашето прекрасно дело ‘Времето и знаците’, па искрено ве замолувам доколку ви има останато уште некој примерок да ѝ подарите на мојата пријателка, која е апсолвент на книжевност и искрено посакува примерок од вашето дело да биде во нејзините раце да го прочита. Ви благодарам предвреме. Со почит, м-р XX.“

 

Повратна информација од професор на средно училиште: „Почитуван господине Никола, трите книги ги добивме. Од скромност да не порачаме многу книги, се одлучивме да порачаме само три, заедно со четвртата на директорот, за што многу Ви благодариме. Интересот за оваа книга во нашето училиште, па и во општина Х, е многу голем, па би ве замолиле, ако постои можност, да ни пратите уште 20 (дваесет) такви книги на име Државно средно училиште XX, во Х, со што граѓаните на овие простори би имале можност да ја осознаат вистината и да одат по вистинскиот пат, бидејќи само еден пат води кон вистината. Уште еднаш благодариме многу, Проф. XX.“

 

Повратна информација од поранешен министер на Министерството за XX, ми заблагодари за книгата што ја добил. Кажа дека е фасциниран од неа.

 

Повратна информација од директорката на Институтот Х во Скопје која побара да им однесеме 32 примерока од книгата „Времето и знаците“ за вработените во таа државна институција. Нарачаните примероци им се однесени.

 

Повратна информација од директорот на Институтот за XX во Скопје кој побара 53 примерока од книгата за вработените во таа државна институција и искажа благодарност.

 

Повратна информација од претставник на Ромите: „Почитуван господине Тасевски, ние сме членови на Хуманитарната и културна асоцијација на Ромите од Х. Вашата книга ‘Времето и знаците’, испратена како поклон до Сојузот на Ромите на Х, беше доставена на наша адреса, така што имавме можност да ја разгледаме и да прочитаме дел од неа. Начинот и сè она што е третирано и толкувано во неа навистина нè заинтересира и би сакале да ни испратите уште три примероци од книгата. Ви благодариме.“


Следи содржината на книгата „Времето и знаците“

Увод

ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

МРАКОБЕСИЕТО НА ГРЕВОТ

Библијата за сексуалните изопачености

Убавината на вистинскиот, од Бога даден секс

Земјата во своите пазува чува неброени грди тајни што ќе се обелоденат

ГЕНЕЗАТА И ПОДЕМОТ НА ГРЕВОТ

Повеќе за Луцифера

Зошто Бог не го уништил веднаш Луцифера?

Војна на небото

Нашата планета – зафатена од пожарот на гревот

Гревот како категорија

КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?

Во Гетсиманија и на Голгота Исус дава одговор на сите мачни прашања што збунуваат

За Христовите страдања

Христос за нас стана грешен, грешник и „грев“; проклет, проклетник и „проклетство“

Христос е Јагне Божје, лав и змија отровница

Христовите страдања не престанале на Голгота

Што го присилува Бога да дозволи да страдаат невини луѓе?

За невините страдалници не е трагедија што страдаат за Бога

СВЕТО ПИСМО ИЛИ БИБЛИЈА

Божјиот свет библиски канон и човечките црковни канони

Повеќе за апокрифите

Канонот на Новиот завет

Традиционалната црква: Црквата го составила канонот на Светото писмо и затоа само таа има право и само таа знае исправно да го толкува!?

Христос и Божјата реч

Апостолите и Божјата реч

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО МОНАШТВО И ЗА ПОДВИЖНИШТВОТО ВО ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА

За христијанското монаштво

За подвижништвото во традционалната Црква

Две Марии, две проститутки и нивните подвизи

Раскол меѓу св. Богородица и нејзиниот Син Исус Христос

Заклучок за преданието или за традицијата на традиционалната Црква

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО

ХРИСТОС Е ВЕЧЕН БОГ

Христос е Син Божји, но и Син човечки

Библијата силно го потврдува Христовото божество

Христос е Јахве/Јехова

Јехова и јеховистите

Христијаните едновремено се сведоци на Јехова и сведоци на Христа

И Христовото воскресение е профанирано

КАКО Е ПРИКАЖАН ХРИСТОС ВО СТОЖЕРОТ НА ЛИТУРГИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЦРКВА?

Евхаристијата е стожер во литургијата на традиционалната Црква, но не и во Библијата

Христос во нас не преку лебот и виното

Христос и вечерата Господова

Првите христијани и вечерата Господова

Зошто христијаните не си ги мијат нозете еден на друг – кога тоа е Христова заповед?

БИБЛИЈАТА ЗА СВЕТИОТ ДУХ

Светиот Дух е Бог, трето лице на Божеството

БОЖЈИОТ ЗАКОН – ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ

Десет Божји заповеди

„Кој верува во мене како што е кажано во Писмото!“ – Исус

Традиционалната Црква извршила упад во Божјиот поредок – извршила диверзија во Божјиот закон

БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

БОЖЈИОТ ЗАКОН, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ, НЕ СЕ УКИНАТИ

Синај не може да се прескокне со стап

Крстот на Голгота е најголем доказ дека Божјиот закон не може да се менува

Божјиот закон не е ниту укинат ниту променет

Заблуда на христијаните: наместо десет, ние сега имаме само две заповеди

Христијанството на христијаните без Божјиот закон е разградена јурија

Словото и духот на Божјиот закон

Улогата на Божјиот закон во нашето спасение

Ослободени сме од проклетството на законот, а не од законот

Правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале на Голгота

Законот и благодатта

Под законот или  под благодатта?

СПАСЕНИЕТО Е ПЛОД НА НАШАТА ВЕРА, А НЕ НА НАШИТЕ ДЕЛА

Божјата благодат визави нашите добри дела

Спасението на никој начин не може да се заработи како плата

За вредноста на добрите дела

Верата не е извор на спасение ниту е спасител

Покајание

Божјата љубов најсилен поттик за грешникот да се врати во прегратките на својот небесен Татко

БИБЛИЈАТА ЗА ВТОРАТА БОЖЈА ЗАПОВЕД

За сликите, иконите, киповите и другите идоли

Пролеани се стотици тони невина човечка крв додека иконите не се внесени во Црквата

БОЖЈИОТ ЗАКОН И ДВАТА ЗАВЕТА

Стариот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди

Новиот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди

Погрешни теолошки претстави за стариот и новиот завет

Стариот завет не е укинат

Библиското крштавање – заветен однос меѓу грешникот и Христа

Источен грев и крштавање на мали деца

Тврдењето дека „покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение“ и дека „првото воскресение, тоа е всушност крштавањето“, е чист волунтеризам на православието!

Света тајна миропомазание

БИБЛИЈАТА ЗА ЗЕМНОТО СВЕТИЛИШТЕ

Во мигот кога Христос издивнал на крстот, земното свештенство, земната свештеничка служба и земното Светилиште засекогаш заминале во архивите на старозаветната историја

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО

НА НЕБОТО ИМАМЕ НЕБЕСНО СВЕТИЛИШТЕ, НЕБЕСЕН ХРАМ

За небесното Светилиште

Небесното Светилиште во Откровението

Синај е присутен и во небесното Светилиште

Со свои очи ќе ги гледаме плочите со Десетте Божји заповеди на небото

Небесното Светилиште е реално и вистинско светилиште

Христос – наш првосвештеник во небесното Светилиште

Чистење на небесното Светилиште

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНИОТ ИСТРАЖЕН СУД

Небесен истражен суд

Засметана и подарена Христова праведност и процесот наречен „посветување“

Христовата жртва на Голгота и неговото посредување во небесното Светилиште

Повеќе за Христовата посредничка улога на небесниот суд

На Божјиот суд вселената му суди на Бога – ја проверува Божјата правда и исправноста на неговата благодат!

Наближува крајот на небесниот истражен суд

ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР

Избрани за спасение

БИБЛИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПОСРЕДНИЦИ МЕЃУ БОГА И ГРЕШНИЦИТЕ

Гревовите да се исповедаат единствено пред Бога – не во исповедална пред увото на смртен свештеник

Прошка на минатите, сегашните и на идните гревови на живите; прошка и на мртвите – за пари!

Денешните свештеници како посредници меѓу Бога и грешниците

Христос е брилијантен Спасител кој поинаку им ги проштава гревовите на грешниците

Традиционалната Црква за култот на Исусовата мајка Марија,

Дева Марија или Света Богородица

Нашиот пристап кон Бога е личен и слободен, непосреден и директен

Божјите ангели како посредници меѓу Бога и грешниците

Едно од многубројните чуда на свети Никола (270-343)

Парастоси (помен за мртвите)

Марија визави паганските божици

ВЛАСТА ШТО СВЕШТЕНИЦИТЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЦРКВА САМИ СИ ЈА ПРИСВОИЛЕ

Власта што земните свештеници на традиционалната христијанска Црква сами си ја присвоиле

Клучевите од небесното царство

ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП

ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО ЅВЕРОВИ

Ѕверовите во книгата на пророк Даниел

ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ

Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери

Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина

Идентитетот на малиот рог

Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)

Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата

На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“

„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)

Богохулник, беззаконик и антихрист

Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан

За папската непогрешност

За бројот  666

ИСТОРИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА Е ПРЕМНОГУ ГРДА, МРАЧНА И МАЧНА, СТРАШНА И ГНАСНА!

Моќта на средновековното папство

Инквизицијата и нејзините стравотии

Лов на вештици

„Посветен меч“

За проституцијата и за другите гадости во  Црквата

Сегашната морална состојба на РКЦ

И историјата на Источната црква не е розова

БИБЛИЈАТА ЗА САБОТАТА

За теистичката еволуција на христијанството

Саботата – споменик на создавањето и стожер на еврејската нација

Сабота е благословен ден

Сабота е свет ден

Господ: Сабота е „мој свет ден“, „Господов ден“

Духовната димензија на саботниот ден

Саботата не е еврејска

Сабота е Божји знак и Божји печат

САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не  воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА

ХРИСТОС И САБОТАТА

Христос празнувал сабота не како Евреин, туку како „Син човечки“

Наместо „менуха“, фарисеите од саботата создале неподнослив товар што Христос го отстранил

Апостолите и саботата

САБОТАТА И ГОЛЕМИОТ РАСКОЛ ОД 1054 г.

Расколот во традиционалната Црква во 1054 г. пукнал во сабота

ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН

КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА

ИСТОРИЈАТА ЗА НЕДЕЛАТА КАКО ПРАЗНИК

Историските патишта и факторите кои помогнале неделата да го узурпира местото на саботата

Еврејскиот антисемитизам во првите векови во голема мера помогнал неделата да ја потисне саботата

Неделниот закон на Константина и другите неделни закони

Христијанството го асимилирало паганското божество на сонцето и го заменило со Христа како Сонце на правдата, а паганскиот „ден на сонцето“ го заменило со денот на Христовото воскресение

ЦРКОВНАТА ИСТОРИЈА ЗА ПАГАНСТВОТО КОЕ ГО ПРОНИКНАЛО ХРИСТИЈАНСТВОТО

Паганизмот го парчосал и скелетот на библиското христијанство, го протерал Христа од него и станал негова срцевина

Црното јајце на паганството било појако и го скршило црвеното јајце на христијанството

ДЕНЕШНОТО ХРИСТИЈАНСТВО Е ЈАЛОВ ИСТОРИСКИ ХИБРИД БЕЗ ХРИСТА И БЕЗ БИБЛИСКА ИДНИНА

Промените и догмите на традиционалната христијанска Црква

И протестантите кои празнуваат недела пливаат во матните води на паганизмот

ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

ДВЕ СМРТИ И ДВЕ ВОСКРЕСЕНИЈА

Исус ги повикува мртвите да станат од правот, од гробот – не да се вратат од рајот, ниту од пеколот

Прва, привремена смрт, и прво воскресение

Второ воскресение и втора – конечна смрт

БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ

Темелот на спиритизмот

Астрални патувања на душите на покојниците!?

Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело

Постари, потрадиционални облици на спиритизмот

Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави

Повеќе за приказанијата на Марија

Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?

Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?

Приврзаноста на папите кон Марија

Високо технички спиритизам

Политиката во канџите на спиритизмот

Жалната состојба на луѓето опседнати од демони

Сатаната и сатанистите

Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува

За харизматичните движења

АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ

Видови на гатање

Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание

Реинкарнација

Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?

За анимизмот и пантеизмот

Неврод и Семирамида

Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква

За крстот – за неговите извори и корени

Односот на христијанинот кон астрологијата

СПИРИТИСТИЧКИОТ СКЕЛЕТ НА НОВАТА СВЕТСКА РЕЛИГИЈА „НОВА ЕПОХА“  (New Age)

Светот гори во спиритистичкиот оган

Новата епоха (New Age)

Суштината на учењето на Њу ејџ

За медитацијата и медитирањето

Јогата и Њу ејџ

Односот на Њу ејџ спрема христијанството

За њуејџовските астрални (вселенски) патувања

Дефинирање на медицината на движењето Њу ејџ

ПОСЛЕДНА И НАЈГОЛЕМА ИЗМАМА НА СПИРИТИЗМОТ

Можно сценарио

Сите големи светски религии го очекуваат  Месија

Космички Христос

ЅВЕРОВИТЕ ВО ОТКРОВЕНИЕТО

Ѕверовите во Откровението

Ѕверот, односно папството, задобива смртна рана која се исцелува

Ѕвер со два рога како кај јагне

Црвен ѕвер со жена блудница на својот грб

Чесна жена и жена блудница

Мајката црква ги повикува своите ќерки да се вратат во нејзините прегратки

Рим не е подготвен за компромис ниту за доктринални отстапки

Единство надвор од Библијата

БИБЛИСКИ ТАНДЕМ МЕЃУ НАЈГОЛЕМАТА СВЕТОВНА И НАЈГОЛЕМАТА ДУХОВНА СИЛА

Библиски есхатос (eschatos) – крај на светот

НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК! КОЈ, КОГА, КАКО И ЗОШТО ЌЕ ГО ВОСПОСТАВИ?

Што ќе му помогне на библискиот тандем да успее во своите потфати?

Икона на ѕверот

Неделен закон и жиг на ѕверот

Повеќе за жигот на ѕверот

Лажните христоси ќе помогнат неделниот закон да се прифати во цел свет

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!

Настаните за време на позниот дожд

БИБЛИСКИ АРМАГЕДОН

Духовната димензија на Армагедон

Физичката димензија на библискиот Армагедон

Седум последни зла

Коалицијата соголена, тандемот се распаѓа, спиритистичката архитектура – во парампарчиња

„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

Бог прави разлика меѓу грешните и праведните

ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ

Лажна доктрина за тајно вознесение

За диспензационализмот и диспензационалистите

Христовото доаѓање е видливо

Библијата за милениумот

1. Милениум на земјата пред да дојде Христос – Не!

2. Библиски милениум

Праведните ќе им судат на грешниците

Конечен крај на гревот и грешниците

Новата земја и вечниот живот

Дојди, Господе Исусе!

Pin It on Pinterest