МИСЛИ ОД ГОРАТА НА БЛАЖЕНСТВАТА
Блаженствата претставуваат Христов поздрав, не само до оние што веруваат туку до целото човечко семејство.
Како за миг да заборавил дека се наоѓа на овој свет, а не на Небото; им се обратил на присутните со поздрав вообичаен во светот на светлината. Благословите се излеваат од Неговите усни како надојдена и долго задржувана животворна река.
Христос не нè остава во заблуда во поглед на карактерните особини кои Тој секогаш ќе ги признае и благослови.
Заобиколувајќи ги славољубивите миленици на овој свет, се свртел кон отфрлените, нарекувајќи ги благословени сите оние кои ќе ја примат Неговата светлина и живот.
Сиромашните по дух, кротките, понизните, натажените, презрените и прогонетите Тој ги повикува во својата заштитничка прегратка, велејќи: „Дојдете кај Мене… и Јас ќе ве одморам“.
Гледајќи ја бедата на овој свет, Христос не мора ни најмалку да жали што го создал човекот. Во човечкото срце Тој гледа повеќе, а не само грев и беда. Во својата бесконечна мудрост и љубов, Тој ги гледа можностите на човекот и висините кои може да ги достигне. Иако човечките суштества ги злоупотребиле примените благослови и го уништиле од Бога даруваното достоинство, сепак Тој знае дека, со нивното откупување, Создателот ќе биде прославен. Зборовите коишто Христос ги изговорил на Гората на блаженствата, ќе ја сочуваат својата сила низ сите времиња.
Секоја мисла е бесценет камен од ризницата на вистината. Начелата изнесени во оваа проповед се однесуваат на луѓето од сите возрасти и слоеви. Со божествена сила Христос ја објавувал својата вера и надеж, истакнувајќи кои категории луѓе ќе примат благослов, бидејќи изградиле праведен карактер. Живеејќи со животот на Животодавецот и верувајќи во Него, секој може да го достигне идеалот опишан во Неговата реч.
Следува содржината на книгата „МИСЛИ ОД ГОРАТА НА БЛАЖЕНСТВАТА“
НА ПАДИНИТЕ НА ГОРАТА
„Никогаш човек не говорел така како овој човек“ (Јован 7,46)
БЛАЖЕНСТВАТА
„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно“(Матеј 5,2.3)
„Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат“ (Матеј 5,4)
„Блажени се кротките“ (Матеј 5,5)
„Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат“ (Матеј 5,6).
„Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“ (Матеј 5,7)
„Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога“ (Матеј 5,8)
„Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји“ (Матеј 5,9)
„Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно“ (Матеј 5,10)
„Блажени сте вие, кога ќе ве срамат“ (Матеј 5,11)
„Вие сте солта на земјата“ (Матеј 5,13)
„Вие сте светлината на светот“ (Матеј 5,14)
ДУХОВНАТА ПРИРОДА НА ЗАКОНОТ
„Не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам“ (Матеј 5,17)
„Оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно“ (Матеј 5,19)
„Ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно“ (Матеј 5,20)
„Секој, што се гневи на брата си… ќе биде осуден пред судот“ (Матеј 5,22)
„Помири се со брата си“ (Матеј 5,24)
„Секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое“ (Матеј 5,28)
„И десната рака, ако те наведува на грев, исечи ја и фрли ја од себе“ (Матеј 5,30)
„Може ли човек да ја остави жената своја?“ (Матеј 19,3)
„Не колнете се воопшто“ (Матеј 5,34)
„Јас, пак, ви велам: не противете се на лукавиот. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот“ (Матеј 5,39)
„Љубете ги непријателите свои“ (Матеј 5,44)
„Затоа бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Матеј 5,48)
ВИСТИНСКИ ПОБУДИ ВО СЛУЖБАТА
„Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето, само за да бидете забележани“ (Матеј 6,1)
„И кога се молиш на Бога, не биди како лицемерите“ (Матеј 6,5)
„Кога се молите, не говорете многу како незнабошците“ (Матеј 6,7)
„Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите“ (Матеј 6,16)
„Не собирајте богатства на земјата“ (Матеј 6,19)
„И така, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло“ (Матеј 6,22)
„Никој не може да им служи на двајца господари“ (Матеј 6,24)
„Немојте да се грижите“ (Матеј 6,25)
„Но барајте го најнапред царството на Бога“ (Матеј 6,33)
„И затоа, немојте да се грижите за утре… на секој ден доволна е неговата неволја“ (Матеј 6,34)
ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА
„Туку молете се вака“ (Матеј 6,9)
„Кога се молите на Бога, говорете: Оче наш“ (Лука 11,2)
„Да се свети името Твое“ (Матеј 6,9)
„Да дојде царството Твое“ (Матеј 6,10)
„Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6,10)
„Лебот наш насушен дај ни го денес“ (Матеј 6,11)
„И прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој наш должник“ (Лука 11,4)
„И не воведувај нё во искушение, но избави нё од лукавиот“ (Матеј 6,13)
„Зашто Твое е царството, и силата, и славата“ (Матеј 6,13)
ДА НЕ СУДИМЕ, ТУКУ ДА ПОМАГАМЕ
„Не судете, за да не бидете судени“ (Матеј 7,1)
„Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат?“ (Матеј 7,3)
„Светото не давајте им го на кучињата“ (Матеј 7,6)
„Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Матеј 7,7)
„Сё она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие ним“ (Матеј 7,12)
„А тесна е вратата и тесен е патот што водат кон животот“ (Матеј 7,14)
„Потрудете се да влезете низ тесната врата“ (Лука 13,24)
„Пазете се од лажните пророци“ (Матеј 7,15)
„Но таа не падна, зашто беше изградена на камен“ (Матеј 7,25)
СОДРЖИНА