Што претставува витаминот Б6?
Витаминот Б6 е уште познат и како пиридоксин, а претставува хидросолубилен (растворлив во вода) витамин кој припаѓа во групата на Б витамини. Тој не се складира во организмот и потребно е да се внесува секојдневно.
Функции во човековиот организам
– Учествува во формирањето на антителата (кои се главни во одбраната на организмот од инфекции)
– Овозможува нормална работа на нервниот систем
– Учествува во продукцијата на хемоглобинот
– Ги метаболизира протеините (ги разложува на аминокиселини кои понатаму телото ги користи како градбени единици)
– Помага при одржување на нормално ниво на шеќер во крвта
Симптоми на дефицит
Конфузија, депресија, иритабилност, рани на усните и јазикот, периферна неуропатија.
Симптоми на предозираност
Потешкотии во координирање на движењата, промена во чувствителноста на сетилата.
Во колкави количини ни е потребен витаминот Б6
Новороденчиња | 0-6 месеци,
0,1мг/ден |
7-12 месеци, 0,3мг/ден | |
Деца | 1-3 години,
0,5мг/ден |
4-8 години, 0,6мг/ден | 9-13 години, 1мг/ден |
Адолесценти и возрасни | Момчиња 13-50 години, 1,3мг/ден Мажи над 50 години 1,7мг/ден |
Девојчиња 14-18 години, 1,2мг/ден
Жени 19-50 години, 1,3мг/ден |
Трудници, 1,9мг/ден
Доилки-2мг/ден |
Која храна е најдобар извор на витаминот Б6 (вредностите за количината на витамин Б6, се дадени за 100гр од дадениот продукт)
Сончоглед | 1,3 милиграми |
Пилешки гради | 0,1 милиграми |
Сладок компир | 0,3 милиграми |
Спанаќ | 0,2 милиграми |
Банана | 0,4 милиграми |
Туна | 0,4 милиграми |