(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)
„Темните пијалоци“ претставуваат подмолна војска на супстанци кои меѓусебно се поврзани преку нивните слични начини на прикриена борба против човековото тело. Како сирените од грчката митологија кои со пеење ги мамеле морепловците и ги воделе во сигурна пропаст, така и темните пијалоци се подеднакво опијанувачки. Нивната песна е слатка, но крајот е навистина горчлив. Едно од основните правила на војувањето подразбира поседување на способност да се познава и да се препознае непријателот. Во војската на темните пијалоци спаѓаат: кафето, црниот чај (руски, грузијски, итн…), разни видови на кока кола и чоколади. Овие производи поседуваат голем број на различни типови на хемикалии способни да го повредат човековото тело, при што најпознатата класа спаѓа во категоријата на метилксантините. Кога именуваме еден од темните пијалоци во оваа книга – пример кафето-би можеле сосема оправдано да го замениме со некој од другите темни пијалоци – пример црниот чај или чоколадото. Релативно општо познато е дека супстанците кои содржат хемикалии од фамилијата на метилксантини (кофеин, теобромин и теофилин), кои се јавуваат во природата, предизвикуваат отоци на телото. Не е толку добро познато дека овие ефекти се раширени, простирајќи се од главата до стапалата. Причината за овие сеприсутни оштетувања лежи во природата на метилксантинот, нивната исклучителна способност да ја изменат протоплазмата на клетката и дури и да се закачат или да се концентрираат во клетките на неодреден временски период, а можеби и во текот на целиот живот на човекот. Запамтете го името – метилксантини, со својата фамилија на хемикалии. Можеби повторно ќе го слушнете, кога ќе се вршат уште истражувања на некои омилени пијалоци на современиот човек.
Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“
• Посакуваше смрт
• Метилксантин – името на непријателот
• Кофеин
• Хемиски реакции, токсичност и болести – Правецот на Титаник
• Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
• Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
• Кофеинот и ракот
• Породување и кофеин
• Остеопороза и кофеин
• Кафе без кофеин
• Болест на дојката и хипертрофија на простатата
• Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
• Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
• Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
• Контаминенти во чоколадото
• Пиење на црн чај
• Како да престанете со користење на темни пијалоци