МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(15 – 21 март: Да се вежбаме во самосовладувањето)
„Блазе ти, земјо, кога ти е царот син на благородник и кога твоите кнезови јадат на време, за да се поткрепат, а не да се испијанат.“ (Проповедник 10:17; Библија)
Придржувањето кон умереноста и редовноста во сѐ има неверојатна моќ. Тоа може дури и од најповолните животни околности, или пак природната обдареност, повеќе да допринесе за развој на пријатно расположение и спокојство, што има голема важност во разубавувањето на нашите животни патеки. Во исто време, така стекнатата способност на совршено владеење со себе ќе се покаже како најдрагоцена припрема за успешно соочување со непријатните должности и суровата стварност којашто го очекува секое човечко суштество.
Најсесрдно препорачуваме начелата на умереност да се спроведат во сите поединости на домашниот живот. Детето од своето најрано детство постојано да се учи и да се привикнува на самоодрекување и самосовладување.
Децата треба да се поучуваат дека не треба самоволно да го избираат сопствениот пат, туку да ја почитуваат волјата и советот на своите родители. Една од најважните поуки во тој поглед е владеењето со апетитот. Треба да се учат да јадат во одредено време, и да не им се дозволува да земаат било што помеѓу оброците.
Децата коишто се воспитуваат на таков начин многу полесно можат да се контролираат отколку оние на кои им се допушта да јадат сѐ што нивниот апетит ќе побара, и во секое време. Тоа се воглавно весели, задоволни и здрави деца. Дури и најтврдоглавите, распалените и самоволните можат со постојана редовност во јадењето и со цврсто, но внимателно раководење, во сѐ друго да станат понизни, стрпливи и подготвени да владеат со себе.
Нека секоја млада личност, имајќи на ум дека во идниот живот можат да бидат нешто повеќе од овоземските цареви, размислуваат за поуката содржана во зборовите на мудрецот: „Блазе ти, земјо, кога ти е царот син на благородник и кога твоите кнезови јадат на време, за да се поткрепат, а не да се испијанат.“