МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 14 февруари: Дарови на Светиот Дух)

„Ако непријателот надојде како река, -духот на Господ ќе го истера.“ (Исаија 59:19; Библија)

Во неочекуваните и големи тешкотии, Христос ни го дава Светиот Дух во голема мера за да ни помогне во нашите слабости, давајќи ни силна подршка.

Оние коишто постојано се учат во Христовата школа ќе бидат во состојба да ги издржат сите тешкотии на својот животен пат, и сите напори на сатаната да ги исфрли од рамнотежа, ќе бидат осуетени. Искушението не претставува грев.

Христос бил свет и чист, па сепак бил искушуван во сѐ како и ние, и тоа со таква жестокост на каква што човекот никогаш не бил изложен. Со Својот успешен отпор, Тој ни оставил светол пример, а ние само треба да продолжиме по Неговите стапки. Ако во самодоверба се потпреме само на својата праведност, ќе бидеме препуштени да паднеме под силата на искушението; но ако својот поглед постојано го насочуваме кон Христа, потпирајќи се потполно само на Него, ќе ја имаме подршката на онаа сила којашто веќе го совладала непријателот на бојното поле, и којашто и за нас во секое искушение ќе најде излез.

Кога сатаната ќе навали како поплава, мораме на неговите искушенија да му се спротивставиме наоружани со мечот на Духот, а Христос ќе ни притекне на помош, подигајќи го за нас барјакот наспроти напријателот.

Христос ветил дека Светиот Дух ќе биде со оние коишто се борат за победа, за во изразувањето на Својата семоќ да го обдари човечкото орудие со натприродна сила, упатувајќи ги неуките во тајните на Божјото Царство. Светиот Дух е пратен да ни биде голем помошник, токму како што тоа го ветил Христос.

Со примањето на Светиот Дух, апостолите биле оспособени, непоколебливо да му се спротивстават на идолопоклонството во секоја негова форма, и да Го воздигаат само Христа.

Со посредството на Светиот Дух, Тој е присутен насекаде и на секое место. Преку делувањето на Неговиот Дух и Неговите ангели, Тој не престанува да им служи на потребите на човечките синови.

Pin It on Pinterest