МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(1 – 14 февруари: Дарови на Светиот Дух)
„Затоа ве молам, јас затвореник во Господа, да живеете достојно според звањето во кое сте повикани: со секаква понизност и кроткост, со трпеливост, поднесувајќи се едни со други во љубов! Настојувајте да го запазите единството на Духот во врската на мирот.“ (Ефесјаните 4:1-3; Библија)
Секоја ѕвезда на небесниот свод подлежува на одредени закони, и во извршувањето на Божјата волја влијаат една на друга, покорувајќи се на заедничките законитости коишто го одредуваат нивниот пат. Така исто и народот Божји мора да ги збие своите редови за Божјoто дело да може цврсто и здраво да напредува.
Повремените, грчевити напори на поединците кои тврдат дека се христијани, можат да се споредат со работата на силни, но неувежбани коњи. Додека едниот повлекува напред, другиот влече назад; на гласот на господарот едниот скока, а другиот не се помрднува од местото.
Меѓутоа, ако во големото и возвишено дело за ова време не ги ускладуваат своите постапки, во делото ќе настане вистинска конфузија. Ако луѓето навистина го земат на себе Христовиот јарем, тие не можат да влечат секој на своја страна, туку само заеднички со Христа.
Тркалата, кои како да биле едно во друго, и појавата на живите суштества во врска со нив (Езекиел 10:9-11; Библија), сето тоа на пророкот му изгледало толку чудно и необјасниво. Но помеѓу тркалата се гледала раката на несфатливата мудрост, и како резултат на нејзиното делување постоел совршен склад. Божја рака управува со секое тркало и тоа се движи во совршена хармонија со сите останати тркала.
Влијанието на Светиот Дух може да ги доведе во меѓусебен склад и најспротивните луѓе; меѓусебно поврзување на припадниците на Божјиот народ со цврсти врски на сочувство е вистинска несебичност. Кога енергијата на членовите е под контролата на Светиот Дух и кога тие во своето воспитување, образование и дисциплина го собираат она што е добро од сите извори, тогаш Црквата има голема сила. Така се создава силна организација преку која Бог може да делува на обратување на грешниците. На таков начин небото и земјата се поврзуваат меѓусебно, а сите божествени сили потребни за водење на побожен и богоугоден живот соработуваат со човечките орудија.