(продолжува од претходниот ден) Пилат попуштил пред барањата на џганот. Побргу го предал Исуса да биде распнат отколку да се изложи на опасност да ја загуби својата положба. Но, наспроти неговата претпазливост, подоцна го снашло токму она од што се плашел. Одземени му се почестите, бил симнат од својата висока положба и, измачуван од грижата на совеста и со повредена гордост, набргу по распнувањето го окончал својот живот. Така сите што прават отстапки пред гревот, ќе добијат само жалост и пропаст. „Има патишта кои на некои луѓе им изгледаат прави, но нивниот крај во смрт води“ (Мудри изреки 14,12).
Кога Пилат изјавил дека е невин од Христовата крв, Кајафа пркосно одговорил: „Крвта негова нека падне врз нас и врз нашите деца.“ Овие страшни зборови ги прифатиле свештениците и поглаварите и тие среде мноштвото одекнувале како нечовечки рик. Сето мноштво одговорило велејќи: „Крвта негова нека падне врз нас и врз нашите деца.“
Израелскиот народ го направил својот избор. Покажувајќи на Исуса, велеле: „Не овој, туку Варава.“ Варава, разбојник и убиец, бил сатански претставник. Христос бил Божји претставник. Христос бил отфрлен; Варава избран. Варава и ќе го добијат. Правејќи го тој избор, го прифатиле оној кој од почеток бил лажливец и убиец. Сатаната бил нивни водач. Како народ ќе работат по негова наредба. Ќе прават негови дела. Ќе мора да го поднесуваат неговото владеење. Тој народ, кој го избрал Варава наместо Христа, ќе ја чувствува свирепоста на Варава сè додека ќе има време.
Набљудувајќи го изнатепаното Божје Јагне, Евреите викале: „Крвта негова нека падне врз нас и врз нашите деца.“ Тој страшен извик се издигнал до Божјиот престол. Таа пресуда, што самите себеси си ја изрекле, била запишана на небото. Таа молитва е примена. Крвта на Божјиот Син почивала на нивните деца, на децата на нивните деца, како постојана клетва.
Таа клетва грозно се обвистинила во разурнувањето на Ерусалим. Страшно се искажала во состојбата на еврејскиот народ во текот на илјада и осумстотини години (напишано кон крајот на деветнасеттиот век) во гранката одвоена од лозата, во изумрената неродна прачка што треба да се собере и да се запали. Од земја во земја, низ цел свет, од век во век, мртви, мртви во престапите и гревовите!
Таа молитва ќе биде страшно исполнета во големиот суден ден. Кога Христос повторно ќе дојде на земјата, луѓето нема да го видат како затвореник опкружен со џган. Тогаш ќе го видат како небесен Цар. Христос ќе дојде во својата слава, во славата на својот Отец и во славата на небесните ангели. Десет илјади по десет илјади и илјада илјади ангели, прекрасни и победнички Божји синови, во ненадмината убавина и слава, ќе го придружуваат на овој пат. Тогаш Тој ќе седи на престолот на својата слава, а пред него ќе бидат собрани сите народи. Тогаш ќе го види секое око, па и оние што го проболе. Наместо трнов венец, ќе носи славна круна круна во круна. Наместо онаа стара пурпурна царска облека, ќе биде облечен во најсјајна бела облека „како што ниедно белило на земјата не може да ја избели“ (Марко 9,3). На неговата облека и на неговите бедра ќе биде напишано името: „Цар над царевите и Господар над господарите“ (Откровение 19,16). Тука ќе бидат и оние што го исмевале и што го тепале. Свештениците и поглаварите повторно ќе ја видат сцената во судската сала. Пред нив ќе се појави секоја подробност како да е испишана со пламени букви. Тогаш оние што барале: „Крвта негова нека падне врз нас и врз нашите деца“, ќе примат одговор на своето барање. Тогаш цел свет ќе сфати и ќе разбере. Тие ќе сфатат против кого и против што се бореле тие бедни, слаби и смртни суштества. Во страшни душевни маки и ужас ќе ги повикаат планините и карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде великиот Ден на нивниот гнев, и кој може да се одржи?“ (Откровение 6,16.17).