МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(18 – 24 јануари: Библијата во мојот живот)

„Објаснувањето на Твоите зборови просветлува, ги вразумува простодушните.“ (Псалм 119:130; Библија)

Божјото слово е светлина која свети во темно место. Додека ги претражуваме неговите страници, светлината продира во нашето срце и го осветлува нашиот ум. Во таа светлина ние гледаме што би можеле да станеме.

Во Божјото слово наоѓаме опомени и ветувања зад кои стои сам Бог. Ние сме повикани да го истражуваме тоа слово, затоа што тоа ќе ни биде вистинска помош кога ќе се најдеме во тешкотија. Ако Божјото слово не ни е водич во животот со кого што на секој чекор се консултираме, прашувајќи се: Дали ова е Господовиот пат? – нашите зборови и постапки ќе бидат затруени со себичност. Ќе заборавиме на Бога и ќе продолжиме по патишта што Тој не ги предвидел за нас.

Божјото слово е преполно со драгоцени ветувања и корисни совети. Тоа е непогрешливо, сигурно, затоа што Бог не може да погреши. Тоа содржи помош за Божјите деца во сите животни околности, и ние Го жалостиме Бога кога за помош наместо на Божјото слово им се обраќаме на луѓето.

Оној, кој преку Божјото слово – Библијата одржува постојана врска со Бога, Божјото слово го облагородува и посветува. Додека ги чита вдахновените записи за Спасителовата љубов неговото срце е допрено и станува скршено, го обзема желба и самиот да стане сличен на својот Учител. Со чудото на својата божествена сила, Тој, Своето пишано слово го сочувал низ сите векови.

Таа книга е голем животен водич дадена од Бога. Со блескавите зраци на својата светлина таа го осветлува, не само патот што е пред нас, туку ја осветлува исто така и историјата на минатото, покажувајќи совршен склад во она што инаку би изгледало погрешно и неспоиво. Во она во што луѓето од овој свет гледаат несфатлива тајна, Божјите деца гледаат светлост и убавина.

Среќен е човекот што за себе може да каже дека Божјото слово е светилка во неговиот живот – блескава светлина, којашто осветлувајќи ја неговата патека, светли во темно место. Таа е книга на небесни упатства за луѓето.

Pin It on Pinterest