МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(11 – 17 јануари: Молитвата во мојот живот)

„Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате и ќе ви биде.“ (Јован 15:7; Библија)

Патријарсите биле луѓе на молитвата, и Бог сторил навистина многу за нив. Кога Јаков го напуштил домот на својот татко и како бегалец тргнал во туѓина, се молел скрушено и со понизност, и во одговорот на неговата молитва Господ му дал една прекрасна визија.

Господ овој протеран осаменик го утешил со драгоцени ветувања, и му покажал како ангели заштитници стојат од обете страни на неговиот пат.

Благодарејќи ѝ на молитвата Јосиф бил сочуван од гревот среде влијанијата коишто така биле поставени за да го одвојат од Бога. Кога бил искушуван и мамен да го напушти патот на чистотата и исправноста, тој ја одбил таквата понуда, велејќи: „Како би направил такво зло, и на Бога да Му згрешам?“ (Битие 39:9; Библија)

За Мојсеј, кој толку многу Му се молел на Бога, читаме дека бил познат како најкроткиот човек на Земјата. Додека ги водел Израеловите синови низ пустината, често изгледало дека мораат да бидат истребени поради постојаното незадоволство и побуната против Бога.

Но Мојсеј во својата искрена молитва Му се обраќал на Оној којшто е Извор на сила; тој го поставил случајот пред Господа… „И Господ рече: ‘Простувам според зборот твој.’“ (Броеви 14:20; Библија)

Данило бил човек од молитва, и Бог му подарил мудрост и цврстина да ѝ се спротивстави на влијанијата на оние коишто спремале завера за да го вовлечат во замката на неумереност. Од самата своја младост тој бил морален џин во силата на Семоќниот.

Во затворот во Филиба, додека пателе од страшните модрици додека нозете им биле стегнати во клади, Павле и Сила Му упатувале молитви и пофални песни на Бога, и ангели биле пратени од небото за да ги ослободат. Земјата почнала да се тресе од чекорите на тие небесни весници, а вратата на ќелијата се отворила и заробениците можеле слободно да излезат. Со молитвата се фаќаме за силната рака на Семоќниот и така добиваме победа.

Pin It on Pinterest