МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 5 декември: Припрема за вечниот живот)

„И ќе се рече во оној ден: Ете, Овој е нашиот Бог, во Него се надеваме, Тој нè спаси.“ (Исаија 25:9, Библија).     

Слушајќи за страшните несреќи кои се случуваат од седмица во седмица, се прашувам: што значи сето тоа? Најужасни трагедии бргу доаѓаат една по друга. Колку често слушаме за зачестени земјотреси и оркани, за пустошни пожари и поплави, со голема загуба на човечки животи и имоти. Набљудувано привидно, овие несреќи се чудни испади, наизглед на дезорганизирани и нерегулирани сили, но во нив може да се прочита Божјата намера. Тие ги претставуваат некои од средствата со чијашто помош Тој настојува да ја разбуди свеста кај луѓето за опасноста која што им се заканува.     

Божји казни веќе ја погодуваат земјата и најсериозно предупредуваат, зборувајќи: „Бидете подготвени, затоа што во часот кога не мислите, ќе дојде Синот Човечки.“ (Матеј 24:42, Библија)    

Живееме во завршните настани на овоземската историја. Ниту за момент не треба да губиме време. Немојте да дозволите да бидете затекнати како спиете на стража. Да ги наговараме и да ги убедуваме сите со кои што се среќаваме да се покајат и да бегаат од гневот кој доаѓа. Да ги будиме и предупредуваме неодложно да се подготвуваат, затоа што малку знаеме за она што ни претстои.     

Господ доаѓа наскоро и мораме да се подготвиме да Го дочекаме во мир. О, колку ќе биде величествено да го здогледаме Неговото појавување и да бидеме поздравени со добредојде како оние кои што Тој ги искупил! Кога ќе го здогледаме Царот во Неговата убавина ќе бидеме засекогаш благословени! Чувствувам дека морам гласно да воскликнам: „Ние сме на границата на својата татковина!“ Се приближува времето кога Христос ќе дојде во сила и голема слава за да ги одведе Своите искупени во Својот дом.     

Во големиот завршен дел ќе наидуваме на збунувачки околности, не знаејќи како да постапиме; но да не заборавиме дека трите небесни сили не престануваат да работат, дека божествената рака е на кормилото; и дека Бог сигурно ќе ги исполни своите ветувања. Тој од овој свет ќе собере народ кој ќе Му служи во правда.

Pin It on Pinterest