МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 5 декември: Припрема за вечниот живот)

„Затоа браќа, погрижете се уште повеќе да го зацврстите својот позив и избор. Имено, ако го правите тоа нема да се сопнете. Зашто така ќе ви се даде изобилно влегување во вечното Царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.“ (2 Петрово 1:10.11, Библија)

Овде ни се нуди полиса на животно осигурување, полиса која ни го гарантира вечниот живот во Божјото Царство. Ве повикувам во понизност да ги проучите овие зборови на апостол Петар. Секоја мисла е изразена мудро и разбирливо. Потпирајќи се на Оној Кој е извор на животот, Кој го даде Својот живот за нас, за ние да го примаме вечниот живот.    

Секој од нас сам одлучува за својата вечна судбина и од нас зависи дали ќе добиеме вечен живот или не. Дали ќе сакаме да живееме во склад со поуките дадени во Божјото Слово, тој голем Христов учебник? Тоа е најголемата, а сепак наједноставната и најразбирливата книга за стекнување образование во секој поглед: во однесувањето, во говорот, во манирите и склоностите. Тоа е единствената книга што човечките суштества ги припрема за живот, кој по своето траење може да се мери со животот на Бога. И само оние, кои од таа книга ќе направат предмет на свое секојдневно проучување ќе се удостојат да ја примаат дипломата која ќе им даде право да воспитуваат и обучуваат деца за премин во повисоката школа на идниот живот и да бидат крунисани како признати победници.     

Само Исус Христос одлучува дали некое човечко суштество е достојно за вечниот живот. Вратите на Светиот Град ќе се отворат пред оние кои биле Негови кротки и смирени следбеници и кои, учејќи сѐ од Него, ја примиле полисата на животното осигурување – карактер формиран по углед на божествениот.   

Кога откупените ќе бидат земени од оваа земја, Божјиот Град ќе биде ширум отворен и за вас. Со милните звуци на златните харфи и вашите гласови ќе се воздигаат во најубава песна на благодарност на Бога и Јагнето со чијашто голема жртва сте станале учесници во Божјата природа и наследници на бесмртната слава во Божјото Царство.

Pin It on Pinterest