МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(22 – 28 ноември: И јас можам да станам победник)

„Гордоста го понижува човекот, а смирениот во дух придобива чест.“  (Пословици 29:23; Библија)

Човекот може да се воздига со својата гордост и фалбаџиски да се расфрла со својата сила, но Бог може да направи сето тоа за еден миг да го снема. Сатаната е тој којшто ги наведува луѓето да се величаат поради талентите кои им се доверени.

Секој човек преку кого работи Бог ќе научи дека живиот, сеприсутниот и вечно активен Бог е над сите и секого, дека Тој само му ги позајмил талентите на услуга: разумот за да создава и произведува, срцето за да биде седиште на Неговиот престол, чувствата за да бидат на благослов на сите со кои доаѓа во контакт, совеста за Светиот Дух преку неа да го осведочува за грев, правда и суд.

Гордоста, незнаењето и лудоста секогаш одат заедно. На Господа не Му е по волја што оние кои тврдат дека се Негов народ искажуваат гордост и суета.

Родители, вам секако ви е полесно да ги поучите вашите деца за гордоста, отколку за смиреноста.

Пред честа е понизноста. За пополнување на високо место пред луѓето небото бира работник, кој како Јован Крстител, се понизил пред Бога. Ученикот кој е најсличен на дете најуспешно работи за Бога.

Небесните суштества можат да работат со оној кој не тежнее да се воздигне себеси туку да ги спасува душите.

После заедницата со Христа, тој оди да ги спасува оние кои пропаѓаат во своите гревови. Тој е помазан за својата служба и ќе има успех и таму каде што многу учени и мудри доживуваат неуспех.

Едноставноста, заборавањето на себеси и детската љубов исполнета со доверба се особини што небото ги цени. Тоа се особености на вистинска големина.

Соломон никогаш не бил толку богат, толку мудар, ни толку вистински голем како кога признал: „Јас сум млад, ниту знам да поаѓам ниту да доаѓам.“ (1 Цареви 3:7; Библија)

Pin It on Pinterest